Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
И јас по третпат ќе ти кажам дека никаде не замижив во име на мирот. Третпат.
Добро по кој пат да ти кажам, твојот пост важи за мене и за тие што не се директно засегнати. Да речеме дека јас можам да се вразумам некако пошто ете не сум изгубил никој близок (иако по таргетот не мислам дека е така, тоа се исто и мои деца, пошто и јас имам дете). Но твојот пост не важи за тие во Радишани, пошто уште повеќе ќе ги попали, дали ме разбираш. Можеби не мижиш ама иритираш со ставот да ги почекаме наодите. Наодите важат за фактите и за на суд. Ситуацијата каква што е во Радишани, збори за Shortcut на судот. Што повеќе се труби да ги смириме страстите, толку повеќе тие луѓе ќе сметаат дека правдата ќе се заобиколи и вистинината ќе се забошоти ќе повикуваат на линч, и на крај реакцијата ќе се направи врз некој невин.
 

Не би сакала да ја носам темава во Сребреница, сигурно има таква низ форумов. Само за последно ќе искоментирам дека на најгрозоморен начин е извршен геноцид врз босанскиот народ од страна на србите. Факт кој се брои во илјадници и илјадници невини жртви. 500 живи на список и 8500 мртви мислам нема смисла да дебатираме нели:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Се надевам дека да. А што, да не не ти се допаѓа? Види шубаво си кажува се` како што треба. За секоја чест и е муабетот.

А ти прочита се и и го подржуваш мислењето или онака по женска линија ја подржуваш???
 
Абе ти можеш да кажеш што сакаш али фактите говорат друго.
Што кажаа од МВР? Дека се пукало од 3 оружја, тоа се утврдува за минутка со споредување на чаурите.
Што друго кажаа? Ништо. Уште истиот ден се знаеше дека прво се убиени децата, па потоа повозрасниот човек.
Го дрват тука со некој профил демек "еве го направивме профилот, работата е пола завршена", да им се плукнам на профилот. И само повикуваат на мир, а кога Албанците кршеа продавници тогаш никаде ги немаше.
Уживајте си сите што очекувате да ги произнесат сите утврдени докази од истрагата на ТВ.
Нека си ја работат они работата па потоа на крај во зависност од тоа што направиле со истрагата може сите да ги осудуваме, а сега за тоа не е време бидејќи не е едноставно убиство, не е убиство на некој си наркич, пијаница итн.
 
Се надевам дека да. А што, да не не ти се допаѓа? Види шубаво си кажува се` како што треба. За секоја чест и е муабетот.
Вистина секоја чест..........колку глупости се испишаа на темава,колку политички осврнати постови имаше.
 
А ти прочита се и и го подржуваш мислењето или онака по женска линија ја подржуваш???

Прочитав и апсолутно се согласувам со секој збор на авторот. Шо врска има па сега женската линија? Сфашта.
 
Е фала ти,не сум во тек,а и има многу страни наназад за читање.
Инаку за тие од Ѓорче што се,собирно место парк Ѓорче Петров 15 часот.
Епа веројатно ќе се придружат после пред влада некој марш нешто можеби ...
 
Возилото Марка ОПЕЛ е пронајдено во Скопски Љуботен. Ова е информација од прва рака од локалните жители. И ве молам да се држиме на темата, за топик за мислење за државата одете на други топици.
 
А бе оваа за нас пишува?
Удобно легнати во топлите фотељи, папочно поврзани со својот монитор, „тастатура – револуционерите“ истураат отровни стрели кон Албанците без никакви материјални докази. За жал, сето тоа премиерот Никола Груевски го гледаше три дена во молк, се до денеска кога изрази сочувство до семејствата, но не даде никакви насоки за спречување на ескалација на тензиите.
Да биде пострашно, нашите „тастатура – револуционери“ си земаат за право да користат една крајно манипулативна алатка креирана во диктаторските режими: Имено, тие зборуваат од името на целиот македонски народ! Ја користат конструкцијата „македонскиот народ вака...“, „македонскиот народ онака...“. Небаре нам ни требаат портпароли за да го изразиме сопствениот став.

Тие „тастатура – револуционери“ ги стопија копчињата штракајќи на нив шпекулации, обвинувајќи ги медиумите за сокривање на вистината затоа што овој пат медиумите решија да го положат тестот на професионалноста без да изнесуваат непроверени податоци. Тие „тастатура – револуционери“ во името на целата македонска јавност повикуваат на насилство, на линч на меѓуетничка база и на немири. При тоа немаат никакви факти, никакви докази, туку само ја манифестираат некритичноста на својот ум и си ги газат дипломите, магистратурите и докторатите.

Еден „тастатура револуционер“ е „спремен да гине за својата Македонија“, но спремноста му ја снемува кога ќе го зезне конекцијата и кога ќе му снема интернет како „муниција“. Тој само потпалува, а ги обвинува останатите зашто не можат да постигнат да ги изгаснат неговите жарчиња.

Тој одбива да сфати дека тормозењето што секојдневно овде го прават ѕверови, рекетари, убијци, насилници – не познава етничка припадност. Дека дури и да се докаже дека сторителите се Албанци, тоа нема никогаш да им ги врати на семејствата загубените луѓе, со кои биле роднини, пријатели, браќа, сестри, братучеди, соседи...

http://www.plusinfo.mk/mislenje/495/Tastatura--revolucioneri
Да и се плукнам на дебелата фаца.
Тогаш ајде да одиме по нејзино и нека се батали случајот. Децата секако нема да може да се вратат.
 
Возилото Марка ОПЕЛ е проноајдено во Скопски Љуботен. Ова е информација од прва рака од локалните жители.
Возилото со кое се возеле убијците во Љуботен o.O ? ова ако е вистина значи дека се потвртдува теоријата дека Албанци се убијците ...
 
Пак ме нервира тоа што нема официјален организатор на настанов ама нема везе. Значи она што е официјално и луѓе што се со име и презиме (т.е. име на организација) се Комити - одлучено е да дојдат во 17 часот пред влада, така да и ова на фејсбук да е фејк комити ќе бидат таму. Втор настан исто утре е во 19 часот во Соборниот Храм мислам дека невладината Македонска Зора најавува и повикува на присуство на миса која ќе се одржи во чест на загинатите а според нив ќе присуствуваат и членови на семејствата и пријатели на загинатите.
 
Прочитав и апсолутно се согласувам со секој збор на авторот. Шо врска има па сега женската линија? Сфашта.

Па мислам дека типкава многу сликовито си се опиша, а и ти си се пронајде во текстот драга „тастатура – револуционерке :facepalm:
 
Се надевам дека да. А што, да не не ти се допаѓа? Види шубаво си кажува се` како што треба. За секоја чест и е муабетот.

п.с. Муабетот на Dreamcatcher е еден од најпаметните муабети што може да се најдат и прочитаат тука деновиве!


Истата колумна како на Латас само напишана на поинаков начин, глупости за потпосечно интелегентини тастатура борци за соживот.
 
Да и се плукнам на дебелата фаца.
Тогаш ајде да одиме по нејзино и нека се батали случајот. Децата секако нема да може да се вратат.
Кој рече да се батали случајот ?

Само да се има осет што се пишува,за што се пишува,на што се повикува и за што се пуштаат шпекулации.

Сигурно никој од нас на форумов не знае како стои ситуацијата на терен повеќе од надлежните,and yet again секој си зема за право да глуми Шерлок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom