Затоа што мајка коа искачам од дома ми вика пази кај идеш шо праиш, не мрдај лево десно седи мадро.. затоа што сум потиштен и бесен, затоа што деца моја возраст ги масакрираа сред бел ден на 10 километри од центарот на градот, затоа што и тие имаат мајки, роднини-ИМАА ЖИВОТ-како мене, како моите другари !!!! Неправди и трагедии глеам од коа почнав да живеам во државава, ради нечив интерес и нечива парична добивка.. Пробаа со ситни тепачки-не им успеа, се случи ова.. што е следно-реприза на сребреница во македонија??? Ако сте информирани и сте читале/гледале изјави на србинот кој работел во француска разознавачка служба-јасно ви е.. и без тоа ке ви е јасно-на Македонија црно и се пишува во записите од дебелите нотеси на западниот свет.. Грција има директна поддршка од џуџето Саркози и француска тајна служба, Косово е под протекторат на западот..А убиствата... Психопат да е еден-не е.. група пореметени психопати професионално не би го извршиле ова, ниту пак децата некому згрешиле.. од чиста мира масакар? Кај живееме бе у Уганда или Сиера Леоне???? Сторителите 3ца до 4ца, платени за извршување на овој најнизок чин, смртен грев според сите свети книги, според сите морални закони казниво со ЈАВНА СМРТ СО БЕСЕЊЕ!!! После вршење на делото-максимум 2 саати им треба да стигнат до Бонстил, мање више да влезат во Косово или Албанија и да им се изгуби трага.. ако уопште им се влезе... Провоцирање е едно, ова е друго!!! Ке не делат, неќеме да признаеме дека во секој момент е можна реприза од 2001... и повторно западот ке пренесе преку БИБИСИ дека малцинството во МКД е малтретирано. убивано и протерувано од страна на мнозинството, иако бил донесен рамковен договор.
АНА како терористичка организација се најде на црната листа на САД дури после затварањето на договорот од Охрид, дури откако чепнаа таму кај што не треба и сами се побија у старт, а овој пат повторно се закануваат дека ке влезат во нашата држава и ке ја делат.. и после шо праиме? Скокам од тема на тема, до утре може да се зборува за ова, пишувам пост на форумов после година-две ако не и подолго, отварам да прочитам нешто ама не можам да се искажам, а знам дека само тука ке ме прочитаат и ислушаат, вентилот си го отворив ама морам да се испразнам за друго место.. Здрава младина не се расте со вакви околности во вакво трусно подрачје.. Еби мултинационално општество коа увек некој буцка од страна.. ама овој пат на болно место, премината е линијата.. Што понатаму?? Сетете се на сите овие случувања во последните 3-4-5 месеци, не заборавајте
))