Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Најважно е дали некој видел регистрација, другото е се гола вода. И дали навистина мислиш дека баш со тој мерцедес избегале преку граница????
I da ne izbegale so merdzoto sepak e traga.Ako go najdat ke ima dokazi koi ke gi upatat vo nekoj drug pravec za koj se nadevam nema da bide korsokak.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349
незнам што ве наведе да мислите дека тие се косовари. мене логиката ми вика друго.
по некоја случајност баш во радишани кажуваат дека ке има крвопролевање и пак по некоја случајност децава се од радишани, што значи голема е веројатноста тие да се од љуботен или од танушевци, брест од тие таму некои села :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Апсолутно не.
Дури и во стадиумов кога се е шпекулација, за мене овие два случаи се тотално различни и неповрзани меѓусебно. Го спомнав тоа чисто од револт према правдата во земјава, изразена особено во последниве неколку години. Без разлика за кого се работи (од кој етникум бил убиениот), еве и случајот Нешковски е ист/сличен. Муабетот ми е дека правдата, особено истакнато во последниве неколку години, не живее во земјава.
Што се однесува до случајов, исклучок е од било кој поранешен во аспект на изведување и последици. Монструми се оние кои ги егзекутирале момчињава. И без да ги знаеме деталите за настанот во едно сите се согласуваме (верувај): монструозно дело е, без разлика кој и зошто го извршил. Кукавичлак пар екселанс.
Те разбирам што сакаш да кажеш, но дали знаеш дека во најмала рака ова исцениран настан, кој треба да даде општ впечаток дека стојат Албанци зад него. И дека најверојатно и стојат Албанци зад него. А можеби и во позадината е и некоја Албанска организација. Сега збориме преку шпекулации, нема ништо додека не се излезе со докази.

Но ме интересира друг аспект. Ме интересира како ќе излезе Албанската заедница, на пример доколку една таква групација, која го сторила тоа дело, се открие со цврсти докази. Но се открие и дека има логистика внатре и да речеме ќе мора да се превземе поопсежна акција во некое село, попут планинска бура. Значи не зборам за општо одобрување кај Албанскиот народ, туку некои изветреани глави.

Дали мислиш дека една таква полициска акција, посеопфатна, каде би можел и некој невин да настрада, не би испровоцирала подлабок конфликт?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Полиција е фул у Радишани. Мислиш воена зона е, патроли кружат нонстоп. Кај албанските куќи има највеќе полиција, а тие пустите излгеда се привремено иселени од тука.
И пред црква стаиле единица полициска ко божем некој отишол у црква проблеми да праи. :tapp:
А каде беа полицајциве коа беа кршени дуќани низ Гостивар?
Ради соживот немаше полиција у Гостивар.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тие што наводно се дереле, според мене само тоа и правеле - се дереле. Видете какво е убиствово, ладно, пресметано. Ова е класична егзекуција. Тие што извикувале такви глупости се само глупаци и искрено не верувам дека се поврзани со ова, туку си барале рчка пошто им било досадно. Сега ќе излезат милион муабети, ама се се сведува на проста шпекулација.
 
Член од
9 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
20
Друго..

99.9% прво се убиени децата и они биле места, зошто постариот човек е убиен во трчање што значи ако бил он прв сигурно другиве нема да ги измачуваат туку едноставно само ќе ги убијат. Така да јасна е ситуацијата дека прва мета биле 4 деца а 45 годишниот човек оти бил сведок, можеби и отишол да види што се случува го застрелале кога ги забележал и пробал да избега ?!

Бидејќи има три куршума во глава, тешко да е убиен во трчање, освен ако тројца не го погодиле во ист момент во глава. Поверојатно е дека се обидувал да избега со возилото, па го фатиле, го извадиле и го застрелале. (на снимките се гледа дека лежи на 2-3 метра од возилото)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Тие што наводно се дереле, според мене само тоа и правеле - се дереле. Видете какво е убиствово, ладно, пресметано. Ова е класична егзекуција. Тие што извикувале такви глупости се само глупаци и искрено не верувам дека се поврзани со ова, туку си барале рчка пошто им било досадно. Сега ќе излезат милион муабети, ама се се сведува на проста шпекулација.
Нормално дека не треба да избрзуваме ама ако стварно на настанот имало предупредување од ваков тип,тогаш тоа не би ме изненадило.
 
Член од
12 јануари 2012
Мислења
17
Поени од реакции
5
и да не избегале со истото возило, нивното возило влегло во земјава пред 5-6 дена што значи МВР го евидентирало (доколку влегле од граница)
А дали си помислил дека можеби и не избегале со автомобил, и дали воопшто влегле со тоа возило?
 
Член од
15 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
За време на втората светска војна,бидејќи Македонците биле мирни,од страна на комунистичките партии(и на Србија,и на бугароја,и на Македонија) се убиени 151 видни Македонци,за да се предизвика револт кај населението,и да се дигнат на бунт.
Во 2001 беа запалени момчињата со иста цел,да се предизвика револт,и да се рашири конфликтот.За среќа во таа 2001 г го имавме Борис Трајковски,а локалното население и Македонци и албанци,имаа паметни луѓе меѓусебе,кои ги смируваа тензиите.
Да не се дозволи да не испровоцираат овој пат,и да предизвикаат војна.Треба сите да се обединиме,и да покажеме дека повеќе неможат да не манипулираат,и дека сите кои сакаат војна,се непожелни и треба да си одат од овде.
А што се однесува на мафиите,исто.Силата е во народот.Само ако успееме да ги надминеме разликите,и да ги надмудриме оние што пробуваат да ни го перат мозокот на разни начини,само тогаш може да им се стави крај и на нив.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нормално дека не треба да избрзуваме ама ако стварно на настанот имало предупредување од ваков тип,тогаш тоа не би ме изненадило.
Според мене, кога некој извршува вакво одвратно, свирепо убиство, нема предупредувања. Се ќе биде изведено тивко и брзо, ко што и беше направено. Овие пустиве земале се дереле, сакале да се тепаат им било досадно. Навистина мислам дека е случајност, барем за овие конкретно. Нон-стоп читам секакви глупости, па немало вакви инциденти.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
А дали си помислил дека можеби и не избегале со автомобил, и дали воопшто влегле со тоа возило?
Сакам да се надевам дека се евидентирани од МВР и дека ќе бидат откриени што поскоро. Смртна казна е најмалата казна за тие нелуѓе.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Според мене, кога некој извршува вакво одвратно, свирепо убиство, нема предупредувања. Се ќе биде изведено тивко и брзо, ко што и беше направено. Овие пустиве земале се дереле, сакале да се тепаат им било досадно. Навистина мислам дека е случајност, барем за овие конкретно. Нон-стоп читам секакви глупости, па немало вакви инциденти.
Ќе отворам доста рани со ова ама.....

Во 2001ва неколку дена пред да се случи Карпалак имаше акција на специјалците во која беа убиени неколку лица од ОНА кои планирале бомбашки напади во Скопје.Откако беа убиени АРМ и МВР добија телефонски повик дека ќе се случи одмазда.

Карпалак беше свиреп,добро организиран настап и не се пронајдоа сторителите.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ќе отворам доста рани со ова ама.....

Во 2001ва неколку дена пред да се случи Карпалак имаше акција на специјалците во која беа убиени неколку лица од ОНА кои планирале бомбашки напади во Скопје.Откако беа убиени АРМ и МВР добија телефонски повик дека ќе се случи одмазда.

Карпалак беше свиреп,добро организиран настап и не се пронајдоа сторителите.
Види, можеби грешам, можеби не.
Јас во ништо не сум сигурна во моментов и за се што ќе кажам не можам да знам дали е така или не, само ги гледам сите можни опции.
Само не сакам да шпекулирам и сакам само да се најдат бездушнициве.
 
М

Мартин`

Гостин
Бидејќи има три куршума во глава, тешко да е убиен во трчање, освен ако тројца не го погодиле во ист момент во глава. Поверојатно е дека се обидувал да избега со возилото, па го фатиле, го извадиле и го застрелале. (на снимките се гледа дека лежи на 2-3 метра од возилото)
Како што знам јас барем рекоа дека е погоден во бегање а и може првиот го погодил во глава а потоа испукале уште 1-2 да се осигураат или онака од “кејф“ плус д каде да знаеме, само на сајтовиве се ширеше вест дека било на 100тина метри додека мислам прееска Јанкуловска рече дека на 10тина метри разлика бил најден човеков што е доста сумњиво.. ако е само на толку метри тоа значи дека во ист момент биле нападнати а можеби и прво он бил застрелан па ги фатиле момчињава..

Инаку Скопјани што повикуваат на војна ми се најинтересни, да не треба да ги потсетиме колкав бил одзивот на регрутацијата во конфликтот 2001 а колку се криеле како глувци.. или вие логистика и тактички ќе ја организирате таа војна :eek:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како што знам јас барем рекоа дека е погоден во бегање а и може првиот го погодил во глава а потоа испукале уште 1-2 да се осигураат или онака од “кејф“ плус д каде да знаеме, само на сајтовиве се ширеше вест дека било на 100тина метри додека мислам прееска Јанкуловска рече дека на 10тина метри разлика бил најден човеков што е доста сумњиво.. ако е само на толку метри тоа значи дека во ист момент биле нападнати а можеби и прво он бил застрелан па ги фатиле момчињава..
Јас како што разбрав било пукано во него од подалеку, додека во децата е пукано од поблиску, што доведува до мојот заклучок дека децата се таргетирани. Во тоа сум најцврсто убедена од се. 100 посто сум сигурна дека децата биле метата.

Инаку, штета што не се отвори црна книга. Не дека ќе помогне којзнае колку, ама барем ќе им се оддадеше некаква почит и некоја блаага утеха до семејствата дека цела Македонија е со нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom