Ајде едно резиме:
Позадина:
- Од почетокот на годинава, етнички тензии поради убиство на 2 Албанци во Гостивар од самоодбрана. Во најмала рака поради непромислен потег на поединец се тероризира цела држава неколку месеци.
- Пред 40-тина дена Невзад Халили (иначе основач на првата Албанска партија во повеќепартиска македонија ПДП) потпишува меморандум за Илирида во Тирана со што всушност го повикува Албанскиот народ на војна во Македонија.
- Провокативни изјави на Ермира Мехмети и Теута Арифи за проектот Велика Албанија.
- Провокативно интервју на Мендух Тачи во кое повикува поделба на Македонија.
- Запалени Македонски знамиња во Косово и Албанија.
- Пред 2-3 недели пријавени се униформирани и вооружени лица на Скопска Црна Гора и Липково.
- Пред неколку дена АНА излегува со соопштение дека е спремна да делува (меѓу другото и ) во Македонија.
Познати факти за случајот:
- И децата и човекот стигнале на местото на настанот горе деоле нешто 18 часот
- Последен контакт и со децата и со човекот е околу 18-18:30.
- Јанкуловка соопшти дека е пукано од 3 различни калибри од различни агли (тоа збори за најмалку 3 егзекутори).
- Секој поеднинечно има повеќе прострелни рани, со што истрелите што ги слушнал селанецот може и да не соодејствуваат со инцидентот, така да и тајмингот може да се помести.
- Постојат индиции дека се тепани претходно и пукани во рацете и во нозете.
- Егзекуциите се извршени на крајот, со истрели во глава, од непосредна близина.
- Претпоставката дека се со кола убијците најверојатно потврдена со очевиидец (како што се штекулираше претходно)
- Жртвите пронајдени околу 22:30.
После случајот:
- Германска новинска агенција избрзува со заклучок дека се работи за етнички мотивирани убиства („претежно извори се оперативци“)
- Амбасадорот на САД (човек со најдобри оперативни сознанија во државава)во ненадејна посета на седиштето на ДУИ.
- Видилива цензура на телевизиите во врска со овој настан.
Верзии:
- Ова да е дело на Мафијашки структури заради акцијата Детонатор. Не ми е логично зошто така мафијата ќе си навлече уште поголем гнев и кај народот и кај властите. И од двете етнички структури, кај едните дека убиле нивни деца, а кај другите дека пробале.
- Ова е дело на Албанска паравоена единица од надвор со силна логистика внатре во државата, со цел да се иницира реакција. Што е според мене логична претпоставка.