Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
24 март 2010
Мислења
15.285
Поени од реакции
26.164
знам дека порано имаше, ама немам одамна видено. Додека не видам, значи нема. Прво да видам со свои очи, па ќе викам дека има.
Значи и убиство немаше завчера? Или го виде тоа?
 
S

Sagan

Гостин
Ова ми е најглупа теза од сите што ги имам слушнато!!! Ниту Детонатор беше нешто кој знае колку страшно, ниту па вака некој ќе ја прекине...
Да, не беше кој знае колку страшен Детонатор во Истокот: запленети 1.000 машини за крадење пари од народот, разрешени 13 командири на полициски станици, кривични пријави за злоупотреба на службени должности на бивши командири, кривични за убиство, поставувње бомби под автомобили, рекет, изнуди, уапсени други најголеми локални мафијаши и шверцери... што е тоа за еден Исток?

И таман да се удри на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар... (кај што ќе се открие/ше и погони за производство на оружје за Црвено-црната алијанса, шверцери на дрога, оружје, трговија со луѓе...), се случува целосна дефокусација. Ептен глупа теза.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Заборавате една работа, колку и да е професионално извршено убиството, теренот е околу езеро, што значи дека е влажен, мора да има отисоци некакви, од чевли, траги од гуми од било што... дека нема ништо не е можно.

Изјавите на Јанкуловска на тв ми делуваат како да нема појма како да се справи со ситуацијата и дека немаат појма кој можеби го направил убиството, со оглед на тоа дека собираат по 50 луѓе на испитување.
 
М

Мартин`

Гостин
Да бе премиерот се уплашил да оди во Скопје да не биде нападнат.. од најголемите хулигани, оние што кога и да се случи нешто испаѓаат по улиците со брзина на светлината во огромни бројки и демолираат се пред себе. Така беше некако или ..

:ROFLMAO:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
20
Каде е коментарот од рибарите што ги пронашле телата??
Ниту една телевизија не ги праша нив што виделе, ги кријат во најголема тајна.
Само се спомна дека телата ги пријавиле локални рибари.
За жал премногу сомнежи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
18.822
Малце се претерува со геополитичкиве монтирани сценарија и заговори за дестабилизација. Причините се едноставни и е очигледно дека се работи за крвна одмазда за она што се случи пред месеципол во Гостивар. Можеби тајмингот на убиството е во корелација со Велигден, а и пораката им е јасна - Каури ќе ве нема.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Заборавате една работа, колку и да е професионално извршено убиството, теренот е околу езеро, што значи дека е влажен, мора да има отисоци некакви, од чевли, траги од гуми од било што... дека нема ништо не е можно.

Изјавите на Јанкуловска на тв ми делуваат како да нема појма како да се справи со ситуацијата и дека немаат појма кој можеби го направил убиството, со оглед на тоа дека собираат по 50 луѓе на испитување.
Таа природно е таква, не знае што се дешава никад. Пола од овие што ја водат државава од било кој ресор немаат стас за политичари. Кога ја слушам јас Брколинда ми делува како 5 минути пред прес да и напишале на ливче што да каже.
 
М

Мартин`

Гостин
Да, не беше кој знае колку страшен Детонатор во Истокот: запленети 1.000 машини за крадење пари од народот, разрешени 13 командири на полициски станици, кривични пријави за злоупотреба на службени должности на бивши командири, кривични за убиство, поставувње бомби под автомобили, рекет, изнуди, уапсени други најголеми локални мафијаши и шверцери... што е тоа за еден Исток?

И таман да се удри на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар... (кај што ќе се открие/ше и погони за производство на оружје за Црвено-црната алијанса, шверцери на дрога, оружје, трговија со луѓе...), се случува целосна дефокусација. Ептен глупа теза.
Исто така една од најможните варијанти, големи пари се вртат со црниот бизнис криминалот па дури и тие командири и поглавни лица во полициите ништо чудно да организирале вакво нешто за да не летаат глави. Ете екс командирот во Кочани дури и го приведоа во притвор ако не се лажам, кога во Источниот дел најдоа 1000+ нелегални апарати за коцкање како и добар арсенал на оружје можете да замислите што се би нашле во Западниот дел на Македонија.. неможам ни да замислам.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Да, не беше кој знае колку страшен Детонатор во Истокот: запленети 1.000 машини за крадење пари од народот, разрешени 13 командири на полициски станици, кривични пријави за злоупотреба на службени должности на бивши командири, кривични за убиство, поставувње бомби под автомобили, рекет, изнуди, уапсени други најголеми локални мафијаши и шверцери... што е тоа за еден Исток?

И таман да се удри на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар... (кај што ќе се открие/ше и погони за производство на оружје за Црвено-црната алијанса, шверцери на дрога, оружје, трговија со луѓе...), се случува целосна дефокусација. Ептен глупа теза.
Добро еве да речеме дека е така.. ова ќе помине ке има истрага некое време потоа најверојатно никој нема да го обвинат, ќе се засени сето ова (веќе го засенија). И пак ке продолжи детонатор? Пак ли ке има дефокусирање?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
88
Поени од реакции
94
Браво супер дискутант си. Место да даваш некои аргументи се ослонуваш на мојата личност а не ме ни знаеш ниту познаваш. (y) Седи понатаму у Скопје и јачај се со другарчињата колку сте силни и јаки зошто само тоа го можете. Поздрав, и би те излажал кога би ти посакал се` најдобро. :LOL:
Ти ме драпаш за јајца сега моментално,кој седи у скопје и се јача со другарчињата?Не ми посакувај најдобро,секако Македонецот на Македонецот му е Македонец..
 
М

Мартин`

Гостин
Добро еве да речеме дека е така.. ова ќе помине ке има истрага некое време потоа најверојатно никој нема да го обвинат, ќе се засени сето ова (веќе го засенија). И пак ке продолжи детонатор? Пак ли ке има дефокусирање?
Купуваат време бе друже, за 4-5 дена па и недела дена ќе размонтираат цела фабрика а не пак да скријат покер апарати и оружја и останати нелегални работи кои ги поседуваат и прават пари преку нив ..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Како не ти е срам бе?
Директно бараш информации од тие кои пред два поста ги плуаш дека биле националисти.
Тие информации што ќе ги добиеш од нив, господ знае како ќе ги искористиш.
Новинарската професија е прилично промискутетна (да бидам благ).
За разлика од тебе, јас нема да објавам, ниту објавив, шпекулација. Одговорноста кон јавноста не ми дозволува. Си прашувам за мене, за да ми бидат појасни околностите. Ако дозволиш да прашам, мислам :). Него тебе треба да ти е срам, што шпекулативно, крајно кукавички, зад ник, пласираш низа тези за етничката припадност на сторителите, без притоа да имаш ниеден материјален доказ. ДУРИ И ДА Е ТАКА, еве, ДУРИ И ДА Е ТАКА, си чул/а ли ти за пресумпција на невиност?! Само потпалуваш. Јас никаде не реков дека се националисти, но сведочев и го пренесов тоа што го видов со сопствени очи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Заборавате една работа, колку и да е професионално извршено убиството, теренот е околу езеро, што значи дека е влажен, мора да има отисоци некакви, од чевли, траги од гуми од било што... дека нема ништо не е можно.

Изјавите на Јанкуловска на тв ми делуваат како да нема појма како да се справи со ситуацијата и дека немаат појма кој можеби го направил убиството, со оглед на тоа дека собираат по 50 луѓе на испитување.
Секако дека знаат нешто и мора да има некакви траги, ниедно убиство не е совршено. И никој не бара детали да кажува. Само нека не ми испаѓа на прес со фаца „леле што да правиме“ и незнам што ми се случува фаца. За што е министер за внатрешни, јако Гордо исправи се и закани се! Абе кога ќе изговориш душата да им се стресе на копилињата, а не ко да те тепале со шамари пред прес.
Толку маркетинг вежбаа и не научија да пренесат порака како што треба.
 
Член од
11 март 2012
Мислења
1
Поени од реакции
1
Драги мои сонародници,
Сите ние сме свесни за немилите настани кои се случија во нашата татковина, но за жал можеби некои од нас не се свесни за сето она што тек може да се случи доколку се остави гневот да ескалира. Јас ја разбирам желбата за одмазда, ја разбирам желбата да се наплати со окото на непријателот за нашето загубено око, со забот на непријателот за забот кој некогаш бил наш и со животот на непријателот за животот на нашиот ближен. Го имам искусено чувството кое го раѓа инстинктот за одбрана. Го познавам гневот кој сака да ја изврши правдата. Пријателе, ти кој ги читаш овие зборови, знам како ти е! Знам дека сакаш да се одбраниш, знам дека сакаш да ја спроведеш правдата. И сето тоа е во ред и оправдано. Овие цели се легитимни! Човекот има право да живее мирен и безбеден живот. Сите ние имаме исконска потреба да ја видиме правдата исполнета.
Во недела ќе го дочекаме Христовото воскресение, Велигден. И додека пишувам во оваа петочна ноќ, да ве потсетам дека оној Велики Петок пред речиси 2.000 години Христос беше во гробот. Беше во гробот затоа што умре. Умре затоа што не’ возљуби. Не’ возљуби толку многу што Го даде Својот живот за нас. Христос беше и е Богочовек- Бог и човек истовремено! И како човек и Тој Самиот ги чувствуваше сите искушенија, сета желба за праведност. Како човек беше искушуван додека висеше на крстот, а Неговите искушители Го искушуваа, бараа од Него да се симне од крстот ако Тој навистина е Синот Божји. Неговите искушители како да бараа од Него одмазда, да се симне од крстот, да покаже Кој е. Да! Сакаа да поттикнат во Него човечко чувство на докажување дека е посилен од сите нив. И знаете, Христос навистина и знаеше Кој е и знаеше што може да направи. Зар Богочовекот не можеше само да побара од Небесниот Татко и во истиот час да ја добие одмаздата? Сигурно дека можеше.
Се прашувам колкумина од нас, доколку беа распнати како што беше Христос би повикале на одмазда? Колкумина од нас вчас би се одмаздиле за неправдата? Но Христос е нашиот пример, а Него ,,Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.’’ (Исаија 53:7). И ние сме повикани да постапуваме како што постапуваше и Тој- како што запишал апостолот Петар во неговото прво послание:
,, Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога.Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки. Тој не направи грев и не се најде измама во Неговата уста. Тој, Кој беше навредуван, не враќаше со навреда; кога страдаше - не се закануваше, туку се предаде Себеси на Оној, Кој суди праведно.
Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте.’’ (1. Петрово 2:20-24).
Бог преку Светото Писмо ни го покажува најсовршениот начин како да однесуваме во моментите кога во нас врие желбата за одмазда: ,,Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.” Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.”Не оставај да те победи злото; туку ПОБЕДИ ГО ЗЛОТО СО ДОБРО!’’ (Послание до Римјаните 12:19-21).
Ќе речете ,,Ама ова не е природно однесување! Мене ми доаѓа да ги раскинам оние што не’ повредија!’’
И во право сте! Ова не е природно однесување! Нашата телесна, грешна природа бара одмазда; но Бог не не’ повикува на природно однесување, не не повикува на она што е вообичаено, туку не’ повикува на едно далеку повозвишено однесување и за таквото однесување Тој не’ оспособува, Тој ни дава сили, Тој ни го нуди Неговото водство и помош, Тој сака да се всели во нас и да не’ промени според Неговото Подобие како би биле подобри луѓе и како би можеле да живееме според Неговите заповеди. А тогаш со тоа од Бога променето битие полесно ќе можеме да се справуваме со ваквите жестоки напади на гневот и одмаздољубивоста.
Она што е најдобро да го сториме во овие моменти е да ги наведнеме нашите глави во молитва:
,,Господе, Ти Кој си Кнез на мирот- нека во нас пребива Твојот мир;

Боже, Ти Кој си љубов исполни ги со Твојата љубов срцата наши та да можеме да те љубиме Тебе, нашите блиски и нашите непријатели со таква совршена љубов со која не’ љубиш ти сите нас.
Научи не’ Боже да простуваме онака како што и Ти ни простуваш нам. Научи не’ Боже дека треба да веруваме само во Тебе, дека само во Тебе треба да се надеваме. Научи не’ Боже дека Ти си Единствениот Праведен Судија. Научи не’ да бидеме трпеливи, научи не’ да враќаме на злото со добро и така да го победуваме. Промени не’ Господе и направи не’ да бидеме како Исус- како Оној Кој не се одмаздуваше, како Оној Кој совршено не’ љубеше дури и по цена на Својот живот.
Спасителу, спаси не’ од нашите гревови, спаси не од НАС самите и од она што ние можеме да си го предизвикаме! Не Те молиме за Твојата правда, затоа што знаеме дека ќе се оствари.
Те молиме Боже за мир во нашата земја. Не дозволувај гневот да ескалира и да има уште крвопролевања.

Боже, посебно Те молиме да ги утешиш семејствата и блиските на загинатите.

За сево ова Те молиме понизно во името на нашиот Спасител Исус Кој кога беше навредуван, не враќаше со навреда; кога страдаше - не се закануваше; туку на крстот Голготски повика: Татко прости им! Не знаат што прават! Амин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom