Значи вчера бев на лице место да известувам. Ако почнам да кажувам што све не се изнаслушав, ќе паднете у несвест. Секој жител таму у Радишани си има сопствена приказна и теорија. Никој ништо не знае. Сите под око се гледаат. Или се пикаат дома на сигурно, или се собираат надвор во чопори. Никој не оди сам. Немаат доверба еден во друг. Бесот им е контрапродуктивно насочен. Не оправдувам и не разбирам! И не поддржувам! Тие шо ги убиле, треба да одговараат, ама во состојба кога нема ни осомничен, тогаш они си бараат кој било, само да искочи некој крив. Абе боксерска вреќа да им ставиш на сред улица и да речеш: „Вреќава ги уби“ - ќе почнат да ја тепаат вреќата. Седум теории чув.