ова е една од најразумните и најемотивните работи кои денес ги прочитав на facebook. можеби ќе ве поднатера да подразмислите. браво за дечково..
„АПЕЛ ДО СИТЕ:
Дали ладнокрвно убиство врз пет невини души, во очи Велигден, е доволна да им убиеме ние уште 10 „нивни“, исто толку невини? Па они да ни вратат со уште смрт кај нас? САКАТЕ МИР ИЛИ САКАТЕ ВОЈНА? И пред да избрзате да одговорите, разгледајте по дома, избројте до 10, помислете на маче, куче, брат, сестра, мајка, татко, комшија, другар, другарка, чичкото што продава семки навечер во град...
Па одговорете ДАЛИ САКАТЕ МИР ИЛИ САКАТЕ ВОЈНА. Оти во војна се’ на што имате помислено, секого на кој сте помислиле, може да биде МРТОВ, УБИЕН, СИЛУВАН, ОСАКАТЕН, како последица на вашата желба и страст и афект да сакате ВОЈНА! А вие не сакате војна, никој не сака војна - сакате само одмазда, а во превод - сакате правда. А правдата ќе стигне и има кој да ја дели, само не создавајте повеќе работа за правдата, Ве молам, сите што живееме заедно во Македонија! НАЈПОНИЗНО ВЕ МОЛАМ ДА НЕ ВРАЌАТЕ НА УДАРОТ СО УДАР, ОТИ ЌЕ НЕМА КРАЈ. Се’ додека и на самите вас/нас не ни дојде крајот... Ако сакате да ви дојде крајот, сакајте смрт на друг, сакајте војна!
Сочувство до семејствата на убиените деца и човекот...
Да размислувале повеќе луѓе како што ве молам да размислите, тие деца, синови, дедовци, татковци - немаше да бидат мртви. Размислете во мир, размислете во мудрост, бидете мудри...
Мирот е скапоцена работа.
Останете во мир...
Благодарам.“