Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Тоа зависи од нарачателот и целта што сака да ја постигне. Кога мафијашки бизнис е загрозен од полицијата, босовите или удираат по неа, или ја дефокусираат. Кај нас локалната полиција работи за босовите, а централните служби за партијата, затоа и втората опција.
Ти стварно мислиш дека имаме криминални групи како руска мафија, или коза ностра?
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Во 13 и 30 има прес од оперативниот штаб на МВР во Полициска Станица Гази Баба за вчерашното убиство ...http://kurir.mk/
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Браво за смрдените телевизии. Турски серии, зурли, тапани, емисии.
Кога Албанците тепаа Македонци ударна вест. Додека полека но сигурно си праат етничко чистење Албанците овие си ќутат нашите за една фотеја.

Како ништо да не се случило. 1 месец , еј 1 месец даваа како еден смрдлив рамковски затајувал данок и морало да биде уапсен, а убиени се 4 млади деца и еден постар македонец нема ништо на тв. Најнормална работа како да е. Со оглед на тоа како е кренало и ќе стане.

Ми се гади веќе. Толку разочаран и гневен не сум бил досега.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Сарказам или ?
болдираното да, и покрај тоа што неговите политички опоненти го поздравија чинот како чекор кон неговото цивилизирање...
другото не, стварно прашуем.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Нема да бидеисто така неееее
ТогашАлбанија небешево НАТО
Не сеплукашесекој ден по Бугарија
Не со сила..со срце :)
Македонија ке тепа и ке се истребат сечените кучиња.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.243
Kолко е само жално но и вистинито!
ова ми иди како некоја бајка за пред спиење.
не гледам никаква разлика помеѓу неговите излагања и некој великобугарски или великоалбански пропагатор.
со други зборови ветер во магла.
треба да си србин за ова да ти биди жално и вистинито.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
...или албанската.
Па албанска нека биде, се знае дека тие криминалци се под раководство на одредени политички структури на косово и во македонија. Со еден збор се заштитени, зашто би дефокусирале.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Издржете до 13:30 тогаш има пресконференција и тогаш ќе пренесуваат телевизиите. Што сакате истото та истото само да го кажуваат?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Злосторство и студени глави

Кој и да стои зад овој крвав чин, јасно е дека го избрал најголемиот христијански празник за да испрати порака оти убиството се прави на верска или на национална основа. Убијците не мора да се од друга верска или национална припадност, но нарачателот на злоделото, има други, многу порадикални цели. Тој очигледно сака да го запали меѓуетничкиот и меѓуверскиот фитиљ и да предизвика реприза на воената 2001 година



Ладнокрвната ликвидација на петтемина млади рибари на Железарското Езеро во Скопје е бездруго акт што има терористички печат. Часовите и деновите што изминуваат можеби ќе дадат попрецизен одговор кој би можел да стои зад ова свирепо масовно убиство, но едно е сигурно. Тој што го извел овој крвав акт не е некој налудничав рибар што пукал во своите колеги поради кавга за мамци. Уште во почетокот на истрагата, за помалку веројатна се смета и приказната оти станува збор за мафијашка пресметка, зашто поголемиот дел од момчињата сосема пристојно се однесувале во средината во која живееле. Исто така, полицијата вчера немаше индиции дека младите се ликвидирани од користољубие или поради некаква друга лична одмазда за долг, поранешна тепачка, кавга или недоразбирање.

Ако полицијата во истрагата ги исклучи сите други банални мотиви, кои не се својствени за ваква масовна ликвидација, тогаш ќе биде јасно дека крвавата драма е однапред смислена и многу вешто организирана. Од скудните информации со кои располага јавноста, може да се заклучи дека момчињата се најверојатно следени и на убијците им било познато дека вообичаено одат на риболов на езерото. Времето на ликвидацијата е избрано токму во вечерните часови, кога е потешко да се забележи какво било движење. Јасно е дека на убијците некој им дојавил каде и кога рибарат потенцијалните жртви. Убиството е извршено во релативно напуштено место, од каде што може да се исчезне речиси незабележано. Во близина е скопската обиколница, од каде што за кратко време може да се избега во непознат правец, а може да се фати џаде и во странство. Сведоци на убиството нема, а и еден повозрасен рибар, што дошол на местото, исто така е убиен.

Најважната порака на организаторите на оваа масовна ликвидација произлегува од фактот што таа се случи на Велики четврток, на денот кога Христос беше предаден и осуден на смрт, еден ден спроти неговото распнување. Очигледно, православните христијани, односно Македонците, се избрани за отстрел. Кој и да стои зад овој крвав чин, јасно е дека го избрал најголемиот христијански празник за да испрати порака оти убиството се прави на верска или на национална основа. Убијците не мора да се од друга верска или национална припадност, но нарачателот на злоделото, односно оној што пукал во беспомошните и невооружени рибари, има други, многу порадикални цели. Тој очигледно сака да го запали меѓуетничкиот и меѓуверскиот фитиљ и да предизвика реприза на воената 2001 година.

Ова особено затоа што изминативе два месеца во Македонија се случија повеќе тепачки на меѓуетничка основа, во кои претежно ученици Албанци и Македонци си разменуваа тупаници, боксери, а имаше и истрели. Пресметките следуваа и многу вешто беа организирани по крвавиот настан во Гостивар, кога полицаец Македонец во наводна кавга за паркинг-место уби две момчиња од албанска националност, поради тоа што, како што се бранеше, била загрозена неговата и безбедноста на неговото дете. Семејството на убиецот се плашеше од одмазда, иако роднините и родителот на убиените Албанци јавно порачуваа да бидат спокојни, дека немаат намера да се одмаздуваат.

Крвната одмазда како мотив во случајот на последното масовно убиство веднаш се исклучува затоа што таа според природата не е чин што избира случајни жртви, само поради тоа што се од иста националност.
Инаку, јавноста во текот на донеодамнешните секојдневни меѓуетнички тепачки не престана да го прозива Министерството за внатрешни работи навреме да ги открие предизвикувачите, да ги уапси и да воведе ред. Најголемиот дел од виновниците МВР ги пронајде, ги уапси и против нив поднесе кривични пријави. Полицијата дури им нареди на своите припадници од дома до работа и назад да патуваат со автобус, за да можат да спречуваат инциденти. Владината коалиција ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, како и опозицискиот СДСМ, многу трезвено ги осудија овие настани и постојано повикуваа да не се пали меѓуетничкиот оган.

Сепак, регионот е сѐ уште котел што врие. Изборите во соседна Србија и можното гласање на Србите во Северно Косово дополнително ги запалија страстите, а сега Албанците наводно се иселуваат од Митровица и веќе зборуваат дека се жртви.

Деновиве се огласи и политичкиот лидер на терористичката Албанска национална армија, Гафур Адиљи, кој ги предупредил САД, Обединетите нации, ЕУ и НАТО дека „неговите повторно мобилизирани сили ќе бидат принудени да интервенираат по настаните на северот на Косово, во Западна Македонија, на југот на Србија и во делови од Грција“.

Радишани, пак, е место што има бурно минато од воената 2001 година. Токму во непосредна близина загинаа припадници на македонските безбедносни сили на 8 август, кога возилата нагазија на мина. Во непосредна близина се наоѓа и Љуботен, село населено со Албанци, кое е познато по интервенцијата на полицијата во август 2001-та, настан поради кој Јохан Тарчуловски беше осуден на повеќегодишна робија од судот во Хаг. Тој што го организирал и го извел последното масовно убиство, сигурно сметал дека поради одредени причини, радишанци се најпогодни за дополнителна ескалација на меѓуетнички и меѓуверски судири.

Во непосредна близина на местото на настанот се и Раштански лозја, каде што полицијата по воениот конфликт ликвидираше шест Пакистанци и еден Индиец, под сомнение дека станува збор за исламистичка терористичка група.

Како и да е, тоа што сега е најбитно е да се задржи студена глава и да се пресретне евентуалната намера на нарачателот на ова злосторство. Тоа може да се стори само со мудро и трезвено расудување и никако поинаку.

Автор: Зоран Димитровски извор Нова Македонија: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41412847351&id=13&prilog=0&setIzdanie=22556#.T4lSb9_U9zg.facebook


Медиумски "мрак" во Македонија.. Да ти е*ам телевизиите.. Сите знаат а молчат! :mad:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Тоа зависи од нарачателот и целта што сака да ја постигне. Кога мафијашки бизнис е загрозен од полицијата, босовите или удираат по неа, или ја дефокусираат. Кај нас локалната полиција работи за босовите, а централните служби за партијата, затоа и втората опција.
Ваква звучна егзекуција од страна на мафијашки структури може да се случи само за некоја сериозна одмазда, на некој на ним рамен. Не ставаат рака во оган мафијашите да го навлечат гневот на државата безпотребно.

Вториот дел од постот што го кажуваш, дека ги контролираат локалните полицајци уште повеќе иде во оваа моја теза. Дека ова е некој кој е вон таа контрола.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во 13 и 30 има прес од оперативниот штаб на МВР во Полициска Станица Гази Баба за вчерашното убиство ...http://kurir.mk/
Има еден телевзиски филм наш македонски Самоуништување и тука главниот лик кој што го толкува Јовица Михајловски му вика на еден роднина висок полициски офицер кој што го толкува Благоја Чоревски дека некни го немало на телевизија. На ова полицаецот одговара: Тоа е се сликаш само кога има потреба.
Сега има потреба џандарите да се сликаат сите ќе се подредат позади класниот раководител Гордана Јанкуловска и ќе објаснуваат како потфрлиле во работата. И ќе објаснуваат како животите изгубени во овај масакр им се поважни од црните бизниси што ги имаат на страна.
 
S

Sagan

Гостин
Па албанска нека биде, се знае дека тие криминалци се под раководство на одредени политички структури на косово и во македонија. Со еден збор се заштитени, зашто би дефокусирале.
БЕА заштитени, исто како што беа заштитени сите сега уапсени криминалци од истокот и разрешени командири на полициски станици.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.243
Медиумски "мрак" во Македонија.. Да ти е*ам телевизиите.. Сите знаат а молчат! :mad:
најпаметен потег досега од било кој медиум.
некој сепак има тро акал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom