Со каков тип на огнено оружје е пукано??
Понатаму дали сите лица се пукани на исто место,сведокот каде е упукан...чаурите??
Според тие што ги слушнале истрелите нешто пред 19 часот, тие биле од пиштол и биле поединечни (со одредена пауза). И имало први 7-9 истрели и после еден истрел, што говори дека според логиката на истрелите постариот човек е убиен отпосле. Според мене, дотогаш бил скриен, а можеби и спиел во кола, а после истрелите се испаничил и ја издал својата местоположба.
Е сега според извештаите, викаат дека на местото на настанот пронашле голем број чаури. Според мене, тоа не сооддејствува на бројот на истрелите. И не е соопштено детално каков вид на чаури се најдени, дали пиштолска муниција(треба да се има во предвид и дека автоматите користат пиштолска муниција) или од пушка.
МВР треба да знае дека групава сигурно била вооружена со автоматско оружје па може и зољи-бидејќи е логично да одиш на друго место и само пуст пиштол да убиваш,понатаму овие знаеле дека децава рибарат...убиството било планирано е сега дали поради должничко-доверителски односи или пак етничка основа ќе покаже МВР кога ќе ги фати.
Што се однесува до планирањето. Доколку е на етничка основа (јас искрено не се сомневам во тоа). Тогаш планот иде поинаку и доста полесно. Таргетната група е поголема, треба само да имаш сознанија дека на некое место кое е изолирано идат Македонци. Езерцево е како измислено за тоа. Ова покажува дека групата можеби е од внатре, или во најмала рака има силна подршка(и силна логистика) кај локалното население. Според мене тоа е група која има искуство во вакви егзекуции при етнички чистења. Што значи дека е група од Косово. Но доброто познавање на теренот говори дека најмалку еден локалец има во групата.