Не бе пријателе. Овде не се дискутира. Муабетиве што ги читам овде се производ на општо незнаење. Не можам да замерам на повеќето оти реално гледам дека се деца, а кога си дете толку е капацитетот. Мислам дека врв што прочитав овде беше дека требало да се дозволи секој да поседувал оружје за да можело да се решиме меѓу себе
Ајде сега со ладни глави. Имаме грозоморно убиство на четири деца со истрага во тек во која досега во рок од 24 часа се повикани 30 луѓе на распит. За тој временски период МВР толку и може да ви каже. Сигурно нема за 24 часа да ви каже се детално. Стрпете се малку. Доколку не се разреши убиството тогаш апсолутно треба да падне Владата, меѓутоа за тоа потоа, да видиме што ќе се случува.
Друга работа. Око за око, заб за заб ќе може да си играте само ако ви дозволат. Прашањето е зошто ви е потребно такво палење на страсти кога апсолутно ништо не се знае засега. Се се сведе на ниво на шпекулации. Па читате ли колку заговори се изнапишаа. Де биле полицајци, па терористи, па дрога, мафија, локални албанци, сестра на едниот одела со албанец, крај нема што се не се изначитав. И и покрај апсолутниот прашалник околу настанот, темава се разжешти до немајкаде.
Сакате да решавате правда? На кој основ без сторители? Друга работа. Нели ви се смачи да ве третираат ко напалени глувци, посебно медиумиве во регионов, кои едвај чекаат да напишат заговорнички текстови. Нели гледате во рок од неколку часа одма ви пласираат тези дека еве распад на Македонија, па уште поставиле граници кај ќе се делела. Не бидете до толку наивни. Го разбирам и бесот и тагата, ама истовремено знам што можат вакви немири да донесат. Си припишувате победа без започната битка. Во случај на било каков немир од поголем размер, ќе останеме како глувци овде без никаква перспектива и со многу жртви за сеќавање. Јас знам што донесе 2001, мојот сосед беше масакриран во Вејце. Сликата не можам да ви ја опишам. Не, не знаете што е војна, а и не сакате да знаете. Балканот памти тешки конфликти и верувам дека никој при здрав памет не би сакал да го види тоа во својот живот. Сакам да ви кажам дека ништо не можете да направите ако ни скроиле сценарио. Мене искрено ми се смачи од земја замајувана од сите страни по триста основи. Економски тонеме, се повеќе сме изолирани, националистички тези од сите страни. Тешко се живее во оваа земја и токму затоа е лесно да произведе криза.
Моето сочувство оди до семејството на децата и човекот кој беше убиен. Ништо нема да ги врати, најмалку талионска правда.