Тоа е се почест проблем во последно време, се нарекува уште и синдром на раздразнетите црева, кој се изразува со подуеност, пролив па после тоа следуваат периоди на запек, па повторно пролив и така до бескрај. Причините се комплексни во зависност од начинот на живот и исхрана на пациентот.
Фактори кои влијаат се примање на антибиотици во скоро време и нарушена бактеријана флора во цревата, хормонален дисбаланс, почесто консумирање на газирани пијалоци, подолга употреба на медикаменти против запек, воспаление на дебелото црево, слаба физичка активност, стрес.
Совет: Не консумирај газирани пијалоци, храна која ствара гасови или храна која ги надразнува цревата како семки од тиква, сончоглед итн, избегавај бел леб и замени го со црн по можност интегрален (намали го кога имаш дијарија), повеќе овошје и зеленчук, зголемена физичка активност (едно од најважното што треба да се направи) кисело млеко со лактобацили внатре (ќе гледаш ако се потквасува млекото од киселото млеко значи океј е, сега има кисели млека со уништени бактери за да трае млекото повеќе)
Доколку се придржуваш кон сето ова ќе почувствуваш значително подобрување.