Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Shame(2011)
Жанр- драма​
Режија: Стив Меквин
Сценарио: Аби Морган, Стив Меквин
Улоги: Мајкл Фасбендер, Кери Мулиган, Луси Вотерс, Џејмс Беџ Дејл
Јас сум фрапирана од филмов!...Позитивно се разбира!...Ова е филмиште, ремек-дело право...!​
Ќе почнам од визуелните ефекти и сценографијата кои се перфектни и обрнувано е внимание дури и на најситниот детал...Глумата е феноменална, посебно на главниот лик во филмот кој мислиш дека е створен единствено во овој филм да глуми и за оваа улога е незаменлив...Музиката е исто така полн погодок...! Немам зборови за режисерот на овој филм, секоја му чест поготово за неговиот перфекционизам за да ги доведе во совршен ред и најситните детали... :cuc:
Е сега за приказната малку...:)
Филмов е за 18+ заради експлицитните и вознемирувачки сексуални сцени...Овој филм не е како оние холивудски срања во кои на крајот секој ќе си го најде патот што му одговара или сите среќно ќе си живеат...​
Брендон е 30 и нешто годишен човек кој живее во елитно преградие на Њујорк, во свој стан, потполно сам...Тој работи во успешна компанија и е деловен човек и во пријателски односи со својот шеф...​
Под сакото и краватата на Брендон се крие суштество зависно од секс, суштество кое бара секс во секоја прилика, пригода...Слободно време кога не е на работа тој го поминува со проститутки кои ги плаќа и после добиената услуга ги фрла како искористено хартиено марамче за нос или па виси пред лап топот гледајќи порнографски сајтови или мастурбира во купатило или ги листа своите порно магазини и сл...Тој не е сексуален манијак или психопат, едноставно како што има потреба за вода и воздух, така тој има потреба и за секс...​
Еден ден во неговиот стан доаѓа сестра му ненајавена и со најдобри намери према него...Од тој момент на него му се урива светот, бидејќи не ќе може од неа да ги извршува секојдневните "активности" во станот...​
Брендон е страшно осамен човек, кој живее во свој свет каде што единствена цел му е да ги остварува сексуалните фантазии и да ги задоволува невидените нагони за добар секс и постојано да пробува нешто ново и да експериментира...При крајот на филмот тоа "експериментирање и желба за ново" ги преминува границите...Во однос на сексот Брендон е ослободен од секаква предрасуда...​
Тој не верува во институција брак и смета дека брачните партнери само го губат времето заедно, досадувајќи се...​
Ваквиот начин на живот на Брендон е самоуништувачки кон него како личност, кон неговиот асоцијален и речиси непостоечки емотивен живот и го турка во све подлабока бездна на осаменост...Тој е свесен за сето тоа, но не може против истото...Свесен е и пати и тоа може да му се забележи на лицето.Шефот на работа му наоѓа еден куп порно клипови во компјутерот, сестра му го фаќа во тоалет како мастурбира и сл...​
Режисерот ја соголува неговата интима до коска!
Од мене оцена 10/10 и напоменувам стриктно за 18+...​
Вака убаво раскажан филм, немам потреба да го гледам, нели. :(
 
Вака убаво раскажан филм, немам потреба да го гледам, нели. :(

Нема врска, не е раскажан...Јас го опишувам само главниот лик и ја доловувам суштината на филмот, а за случките низ филмов и за крајот немам спомнувано...Ти гледај го па после ќе кажеш...На zamunda и на rarbg.com го имаш... :)
 
Go gledav Man on a ledge pred malku, gledajte go, dobar film, nema neshto specijalno ama dobar e, i malce predvidliv dali namerno ili jas sum mnogu pameten ne znam, znam deka Bene nema nikogas da go sfati, osven so italijanski prevod :D
 
Дечки ме мрзи да барам тема и да лутам по форум по други теми, па овде ќе прашам.
Зошто неможам да гледам филмови на Кинотека? Што е тоа iLivid, сигурно ли е, и како ќе помогне тоа? o_O
 
Дечки ме мрзи да барам тема и да лутам по форум по други теми, па овде ќе прашам.
Зошто неможам да гледам филмови на Кинотека? Што е тоа iLivid, сигурно ли е, и како ќе помогне тоа? o_O
Кинотека ти е живо срање, ретко убав филм, башка многу кочат а во последно неам ни отворено за да гледам.
 
Јас предлагам да се отворит тема, read only, и да се објаснет сите благодети на денешнава технологија(читај: СПУШТАЊЕ ФИЛМ ПРЕКУ ТОРЕНТ).

Кинотека....
 
Drive Angry е ступидно забавен и адреналино кревачки филм.
 
Не го знам тој ама гледам дека е со Бен Фостер а типот одамна го пратам и добар е. A Tropa de Elite или Elite Squad како и неговото продолжение се доста добри акциони филмови за Бразилската полиција.
 
Sofia Coppola... :) Сакам дискусија за нејзиниот препознатлив и оригинален начин на креирање на сценарија и филмови...И можеби ќе добијам некој коментар дека е префорсирана заради Francis Ford Coppola...-И оправдано, но апсолутно не се согласувам со тоа...
Поентата ми е да направиме компарација на два нејзини филма и со тоа да се долови дел од нејзиниот стил, изворот на нејзината инспирација итн...Тие два филма се:
lost-in-translation%2Bposter%2B2.jpg


Со мојата омилена Скарлет :love:
tumblr_lddtznZhmA1qcd4mqo1_400.jpg


Stephen Dorff :love:

Од почеток до крај, значи све што е можно да се дискутира за еден филм, ми е погодено во овие два...И ќе прашам- што мислите, дали Копола за овие два црпе инспирација од ист извор...? Јас мислам- ДА...Иако навидум филмовите се тотални различни меѓу себе... :)
 
Софија си е талентирана и веќе си има создадено свој стил на снимање. Првиот филм нејзин не ми бил никогаш омилен за гледање ама со следните два си се зациментира кај мене како режисер на кој филмовите му се вредни за гледање. Не сум бил запознаен со вториов филм што го напиша ама ке морам да го гледам. А башка мило ми е и што Дорф го гледам конечно да работи.
 
Софија си е талентирана и веќе си има создадено свој стил на снимање. Првиот филм нејзин не ми бил никогаш омилен за гледање ама со следните два си се зациментира кај мене како режисер на кој филмовите му се вредни за гледање. Не сум бил запознаен со вториов филм што го напиша ама ке морам да го гледам. А башка мило ми е и што Дорф го гледам конечно да работи.

Значи како што реков - навидум сосем различни филмови, но едно нешто ги сплотува...-Копола и за двата има аналогна суштина, а тоа е разбивање на стереотипи... Имено во Lost in translation го разбива следниов стереотип: Млада, убава и осамена Американка во хотел во Токио запознава средновечен шармантен господин Американец исто, на кој бракот му виси на конец и е исто така осамен и изгубен во просторот и времето. Меѓу нив се развива едно топло пријателство и беспрекорно хармоничен однос и тие буквално се надоврзуваат еден на друг во тој милионски и хаотичен град, кадешто се странци...И просечниот и стреотипен гледач ќе каже- ооп еве уште една љубовна приказна...Двајца осамени, хотел, далечен град, нон-стоп заедно, дури и на моменти и хотелската соба ја делат гледајќи ТВ заедно...Но Lost in translation е далеку од ваква веќе видена и излитена тематика... :)
Во Somewhere (2010) ти е истата суштина, само тука на еден оригинален начин Копола ни дава до знаење дека децата на славните, богатите и разведените родители знаат да бидат беспрекорно воспитани деца, фини, добри, примерни па дури и пример за своите родители кои одамна излегле од колосек во животот...
Ти препорачувам да го гледаш Somewhere (2010) , нема да згрешиш...Напротив ќе бидеш позитивно изненаден...

A, Stephen Dorff e... :love::love::love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom