Ретко сонувам сонови што не можам да си ги објаснам, обично знам што од каде доаѓа, али овој вчера шо го сањав неам појма од кај испоискочија сите работи.
Значи вака. Сонов се дешава у реално време, како тоа што сум денес значи, во овие околности. Само, сум била трудна. Многу трудна. Стомачиштееее. Не сум имала појма дека сум трудна у сонот, коа нешо сум отишла на доктор и ми рекле дека сум, и уствари сум имала проблем со бебето. А јас: шок. И ми рекле, мора операција, не знам шо било работата. И јас океј, направете што морате да направите. И сум легнала во операциона сала, ми се собрале сите хирурзи околу мене ко лешинари, баш го имав она гадното чувство, ко да чепкаат низ мене. Сум била свесна додека ме оперирале, ама не осеќав болка. А гледав се што ми прават. И се сеќавам како таа докторката земала скалперот и ме расекла низ цел стомак, од десната страна некако, и продужи по ногата до доле. Значи у една линија цел стомак и десната нога ми беа расечени. Али јас не паничев, сметав дека знаат шо прават. И нели, бебето требале да го оперираат, нешо проблем имало, и праеле шо праеле и ми викаат као, абе слушај, бебево е премногу малецко за да се оперира, и ако го оперираме оно како ќе расте раната ќе му се шири и ќе умре и вака и така. Најбоље ќе ти е да си абортираш. И јас, океј, правете што морате. И направиле шо требало, и после коа ми ја шиеле раната се сеќавам на секој детал, еден по еден конец како ми ја забива иглата. И не сум се осеќала никако во врска со бременоста или со бебето или нешо за тоа, туку само криво ми било шо сепак сум абортирала а ме расекле цела. И после, раната уште не ми била зарасната, не знам ваљда после неколку дена, али сум можела да се движам, сум отишла на некој семинар, се сеќавам точно дека бил 900 денари 4 дена. Неам појма за шо бил. И сум отишла таму и требало да почнат со предавање, и ние нешо сме се местеле немало место со другарките. Знам дека биле мои другарки со мене али не знам кои.
Толку се сеќавам. Али многу ми беше језиво, од каде бременоста, и од каде тоа расекувањето. Ова семинарот може да има врска со тоа што ми беше актуелна една обука на факултет што ја имавме, па може да сум ја поврзала некако, неам појма. Али сонот у глобала не можам да си го објаснам пошо баш ми е се супер периодов, не се замарам, расположена сум поголемиот дел од времето... А и неќам бременоста да ја толкувам како што викаат повеќето, значела тежина. Не знам, чудно ми е ептен пошо обично не ни сонувам вакви сонови, обично може да се необични ама најчесто позитивни, барем на тоа што се сеќавам. А ова не знам шо беше...