Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.442
13.04.2012
Формиран Оперативен штаб за расчистување на убиството во атарот на село Смиљковци
Министерството за внатрешни работи формираше Оперативен штаб составен од највисоките старешини од повеќе организациони единици чија задача е да ги координира мерките и активностите коишто се превземаат за целосно расчистување на грозоморното убиство во атарот на село Смиљковци.
Во моментов се уште трае увидот на поширокото подрачје околу местото каде што се случи убиството, а исто така оперативно се прибираат информации и сознанија во околните места. МВР апелира доколку кој било граѓанин има каква било информација во врска со настанот истата да ја пријави во полиција.
По наредба на надлежен Истражен судија утринава телата на петтемина убиени беа префрлени во Институтот за судска медицина и се уште се очекува наводот од обдуцентите, како и финална потврда на идентитетот на починатите.
Според првичните сознанија, вечера (12.04), околу 22,30 часот, од страна на рибари во близина на езерото кај село Смиљковци - скопско, пронајдени беа пет мртви лица. На лице местото забележани се чаури од огнено оружје, траги од крв, а на телата имале видливи прострелни рани. За настанот беа известени Истражен судија и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени за обдукција. Четирите лица се на возраст од околу 20 години, а едно на возраст од над 40 години.
МВР изразува длабоко сочуство до семејствата на убиените и апелира да смират страстите, медиумите да се воздржат од шпекулации и да не се подгреваат меѓуетнички тензии.
МВР интензивно трага по сторителите и по утврдување на мотивите за убиството.