Како прво доминацијата и контролата не мора секогаш да представуваат едно исто.
Во една посериозна врска или брак неможе целосна доминација или контрола да му се препушти само на едниот од партнерите, нормално е во некои сегменти од врската или заедничкиот живот мажот да ја има контолата, а во некои други жената.
Ако еден маж е доминантен и сака да покаже машкост, не значи дека својата партнерка ке ја држи под контрола и обратно.
Доминацијата најчесто се стекнува со истакнување на способност. Ако во еден брак жената има поголема способност да раководи со финансиите на пример, тогаш таа би била доминантна во тоа поле, а тоа никако не значи дека мажот не покажува машкост, напротив.
Ако мажот не сака допушти неговата партнерка да биде доминантна на оние полиња каде што се покажала како по способна, тоа е знак дека истиот тој маж размислува премногу пристрасно и поважно му е да го задоволи своето его отколку квалитетот на врската, што во моите очи конкретно би изгледал како слабак кој не е дораснат доволно за сериозна врска.
Јас лично ги сакам и ги почитувам оние мажи кои знаат и умеат да се справат со своите недостатоци, кои можат да си ги признаат (пред се на себе) своите слабости и нема да дозволат само поради повредено его да се разниша врската.Според мене овие мажи покажуваат машкост, а не оние кои упорно се трудат да воспостават контрола над нештата кои што не мораат или или не се способни да ги контролираат.
Тоа што го пишуваш би било точно под услов мажот да има крупни недостатоци но што ако нема? Зашто мора да идеме со премиса дека нешто му фали? Што ако го бива за финансии и нема ниту една крупна работа каде жената би била поспособна од него? Ако на таков некоја проба да му игра доминација ќе наиде на ѕид или врската ќе им се распадне.
Жена и финансии по мое досегашно искуство никако не одат заедно ама ете оставам простор некој пат да бидам демантиран иако не ми се верува
