Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам слушнато дека фреските служеле како сликовница, како книга за да научат луѓето за словото божје кое пишувало во билбијата. Тие се цртеле од проста причина што тогаш еден бил учен и писмен а широки народни маси биле неписмени и преку цртежите или фреските сакале да им ја раскажат приказната за господ исус христос и што тој проповедал.
Токму така. Јас учам теологија овој семестар (на англиски) и ова е докажано.
 
Токму така. Јас учам теологија овој семестар (на англиски) и ова е докажано.

Ете уште еден доказ дека смао неучени луѓе можеш да ги заведеш со некакво чудо на фреските зашто ако се земе дека сме 21 век и сите се писмени, можеш библијата да ја читаш на интернет на сите јазици фреските нема потреба ни да постојат. Ама тие стари традиции сеуште се вкоренети и наместо да се чита библијата и да се научи вистината, луѓе идат љубат икони, оставаат пари, демек помош од бога има тарифа, а не прочитале дека господ исус христос кога се вратил еднаш од својата проповед се налутил што од црквата кој го нарекол божји дом кој требало да биде и да служи само за молитва а луѓето направиле место каде се тргувале разни стоки, што денес во црквите скоро е исто како да личат на продавници .

Марко: 11:15 И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби.

11:17 И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!”
 
Имам солидни познавања од Библијата, за разлика од останатите христијански верници на поднебјето на Македонија, а посебно припадници на Македонската Православна Црква.
Свесна сум дека Бог забранува секакви идоли, икони и било каков вид на воздигнување на предмети, животни и луѓе што не се Исус.
Фреските и иконите не се ништо друго, освен идолопоклонство.

Не сте среќни што ме имате мене, туку сте несреќни што не знаете да читате Библија.
Кај што не читате, туку одозгора и наивно и слепо им верувате на лажливците.
Одлично штом имаш солидни познавања од Библијата, за разлика од останатите христијански верници на поднебјето на Македонија, а посебно припадници на Македонската Православна Црква.
Баш добро што имаме тука некој со такви познавања, така и реков веднаш.
Според тебе како познавач ова не е чудо, туку лага.

Дали сметаш дека е чудо случајот на течење солзи, од статуата на Девица Марија во Дамаск, 1977?
А во Фатима?
 
Религијата го врти светот , без неа животот би бил хаотичен !
 
Религијата го врти светот , без неа животот би бил хаотичен !
Точно тврдење, апсолутно, без религија би имале војни, сиромаштија, не знаење, гладни, алчни, убијци, мулти милијардери, лажговци, педофили и силувачи. Вистински мир ни донесе религијата, ред стави во хаосот.
+1 interwebz for you, m8.
 
Постојат два типа на луѓе , едните веруваат во наука а другите во религија ...тие две работи никако неможат да идат заедно , јас сум од оние првите и верувам во се што ке видам и може да се докаже ...
 
WQX во наука не се верува, но се верува во докажаните резултати кои произлегле од релевантните научни методи. Кај науката не станува збор за верба, туку за факти кои се соодетствуваат на вистинската природа на нештата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wqx

...тоа ..верува .. да го прецизираме...
.... докажаните резултати кои произлегле од релевантните научни методи... ја потврдуваат точноста на тврдењето...
 
...тоа ..верува .. да го прецизираме...
.... докажаните резултати кои произлегле од релевантните научни методи... ја потврдуваат точноста на тврдењето...

Како и да е ... муабетот е за "чудото" во црквата св. Димитрија ... некои одговорот го бараат од бога , некои се ослонуваат на хемија и физика ... тоа ми беше целта :)
 
Постојат два типа на луѓе , едните веруваат во наука а другите во религија ...тие две работи никако неможат да идат заедно , јас сум од оние првите и верувам во се што ке видам и може да се докаже ...

:facepalm:

Не одат заедно? Хах

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Christian_thinkers_in_science
 
Како и да е ... муабетот е за "чудото" во црквата св. Димитрија ... некои одговорот го бараат од бога , некои се ослонуваат на хемија и физика ... тоа ми беше целта :)

Тие што одговорот го бараат во бог што и да им кажеш пак ќе ти тврдат..чудото е божја интервенција...
... ако чудото е ласерко... ти викаат...бог ти го подари ласерот
... ако е од реакција со прашината од околните градилишта... бог го сврте ветерот и ја дотера прашината во црквата ..
.. ако се испрани од кондезираната влага... бог го остави кровот да пропушта....

...а бе ...како не разбирате... се е божја работа...:cool:
 
хахаха се разбравме !!!
--- надополнето: 12 април 2012 во 01:33 ---
Веруваш во Господ ???
 
оф топик интересен податок
основачот на теоријата за ширење на универзумот (big bang theory) е белгискиот свештеник Georges Lemaitre http://en.wikipedia.org/wiki/Georges_Lemaitre
 
Најнова вест во врска со настанов...
Невидливи честички за човечкото око во Свети Димитрија
Дека навистина нешто необично се случува во храмот Свети Димитрија покажува и ова видео поставено на Јутјуб вчера.
-Чудесна илуминација на иконите во Свети Димитрија во Скопје. Чудни честички пловат пред објективот, невидливи за човечкото око, вака креаторот го опишува ова видео поставено на Јутјуб.
Чудото во „Св. Димитрија“ се појави на празникот Цветници. Фреските во црквата, на кои со години се таложеше чадот од свеќите и кандилата почнаа самите се прочистуваат и да ја добиваат својата природна боја.
Ваков феномен претходно е забележан само во Русија во 30-те години од минатиот век, кога во една црква почнале да се враќаат природните бои на фреските и иконите.
извор
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...-cesticki-za-coveckoto-oko-vo-Sveti-Dimitrija
А што е уште побизарно пред некој ден истите овие честички ги забележав и на мојата камера,во мојот дом додека ја снимав дневната соба кај што ми стојат иконите,omg i'm scared:eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom