Колумната на Венко Андоновски

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Венко- Венко, сакам да си ги читам своите коментари под твоите колумни исто како што сакам да ги читам и коментарите на другите и начинот на нивното размислување. Дозволувам владата да ме тетовира и дозволувам и ти да ме тетовираш (затоа и те читам), но сакам да ги видам и тетоважите на другите, а особено сум заинтересирана за изборот на боите.
Поработи на тоа те молам, исто како што читам критичко мислење за владата и опозицијата сакам да читам критичко мислење и за тебе, за мене и ти си под знак прашалник, сеуште незнам кој те плаќа ... мислењето на народот ме интересира и засега, нивните истетовирани лица се многу поважни од студиото во кое се тетовирани :).

И да, понекогаш е човечки да се извиниш, ништо подценувачки...:)
 
Му пукнал филм на човекот.
Некој истетовиран лигуш со средно му се жалел зошто немал 40.000 плата, а тој се убил од учење и НЕМА 40.000 плата :)
Затоа и всушност го нарекува така. Затоа и го изнервирал. Затоа и ја пишува колумнава.
Не знам што се тревожите...
 
„Синот на другарка ми игра кантер на компјутерот и вика: Мамо, донеси ми една чаша вода!
А другрка ми му вика: Стани земи си!
Детето налутено продолжува: Е, де ма мамо! На што ти личам јас? Да не сум слуга, да станувам да си земам вода?!“

Секоја сличност со ставовите во колумната е случајна.
 
Споредбата ти е скини врзи.... Саламарот е платен и должен да си ја работи работата, ако не му чини мидерот во раце и нека ја фаќа вратата. Муштеријата плаќа и си ја бара услугата и не е должен ниту да ги слуша ниту да ги решава социјалните проблеми на тој што е должен да ја изврши услугата.
http://www.youtube.com/watch?v=D7xB88lWWCs&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=2CgqVqk13OM ова од 7.32
 
Никаде во светот не постои професија саламар. Тоа што се обидуваш да го деградираш човеков на ваков начин е малтене смешно. Што сорта народ ќе бевме, одма на омаловажување да се вртело. Затоа никогаш нема да не биде ко луѓе.
 
Не не бидува оти сме мрзи и сакаме лежи лебу да те јадам. Самиот тој се деградира со мрзата... мрзата е најлоша...
 
Која мрза бе лазаре? Сакаш да ја затупиме за социо економски услови и прилики во земјава? Или и ти си од оние што викаат дека стандардот ни е топ, условите исто така, ама народов нејќе да работи.
 
Со неработење и туфкање за „стандардо“ сигурно ќе биде подобро...:P
 
Државата е за никаде, стандардот уште по за никаде, општеството е тоа што е, и ние треба да се пронајдеме и снајдеме во сета таа каша оти ако чекаме да се оправи работава со државава и стандардот отидовме по река.... Тоа не значи дека не треба да се обидуваме и да правиме работите да станат подобри во државата но на тоа неможеме многу да влијаеме а уште помалку со чекање некој нешто да ни даде и со кукање како малку не плаќаат... можеме да влијаеме и да се трудиме да биде подобро барем таму кај што работиме. Ајде да ја прочитаме приказната обратно: Работникот кој што работел на сечење на сувомесните производи бил уреден, агилен, насмеан и коректен со муштериите. Госпоѓата на која и исечил салама била задоволна и го пофалила, таа и сите одоколу кои гледале и кои биле услужени од истиот, па сите прокоментирале дека работникот е супер и дека секогаш од таму ке пазарат и дека сметаат дека сечачите во другите маркети треба да се огледаат на него и дека еден таков работник треба да биде награден и да зема повеке плата. Тоа секако го приметил и шефот или газдата... Нели е вака поубава приказната друже?
 
Споредбата ти е скини врзи.... Саламарот е платен и должен да си ја работи работата, ако не му чини мидерот во раце и нека ја фаќа вратата. Муштеријата плаќа и си ја бара услугата и не е должен ниту да ги слуша ниту да ги решава социјалните проблеми на тој што е должен да ја изврши услугата.
http://www.youtube.com/watch?v=D7xB88lWWCs&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=2CgqVqk13OM ова од 7.32

Не, туку не ме разбра. Мислев на Венко и на неговата денешна колумна, а не на месарот.
Јас исто така кога го читам Венко, очекувам да прочитам нешто убаво, а не навреди и омаловажувања.
Со денешнава колумна пак, како што забележаа форумџиите погоре, излеговме сите глупаци и сеирџии, ситничари кои се фаќаат за небитното. Тоа од него не го очекував.
 
Ние Венко го читаме и го коментираме а тој со колумните се тренирал како писател и си го јачал талентот, а ние навистина се фативме за небитното.
Голема благодарност до месарот сто го откри талентот на д-р Венко.:cuc:
 
Со неработење и туфкање за „стандардо“ сигурно ќе биде подобро...:P

Секира во мед претпоставувам.

Државата е за никаде, стандардот уште по за никаде, општеството е тоа што е, и ние треба да се пронајдеме и снајдеме во сета таа каша оти ако чекаме да се оправи работава со државава и стандардот отидовме по река.... Тоа не значи дека не треба да се обидуваме и да правиме работите да станат подобри во државата но на тоа неможеме многу да влијаеме а уште помалку со чекање некој нешто да ни даде и со кукање како малку не плаќаат... можеме да влијаеме и да се трудиме да биде подобро барем таму кај што работиме. Ајде да ја прочитаме приказната обратно: Работникот кој што работел на сечење на сувомесните производи бил уреден, агилен, насмеан и коректен со муштериите. Госпоѓата на која и исечил салама била задоволна и го пофалила, таа и сите одоколу кои гледале и кои биле услужени од истиот, па сите прокоментирале дека работникот е супер и дека секогаш од таму ке пазарат и дека сметаат дека сечачите во другите маркети треба да се огледаат на него и дека еден таков работник треба да биде награден и да зема повеке плата. Тоа секако го приметил и шефот или газдата... Нели е вака поубава приказната друже?

Ахам, се е би било во ред со твојата приказна, кога младичот навистина би добил покачување на плата. Освен ако јас и ти не живееме во различен универзум, колку што знам јас овде платата ти е една те иста, па макар на глава се превртел.
Женско сум инаку.:)
 
Во право е Венко и за двата текста , а особено пак за вториот , само што некако премногу дозволил фрустрациите да му удрат во глава и го нафрлил тоа во вид на текст како искомплексирано 15 годишно дете. Системот не дупи сите , секој од нас си има свои проблеми , а дијагнозата на туѓите и оние провинцијални само не огорчува уште повеќе.
Некогаш е доволна само една иронична и пластична насмевка на лицето само за да не се задржуваме подолг период таму кај не сакаме. И дали ќе ја свати или не оној кому му е упатена, негова работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom