Грешка си... со максимално внимание ги следам твоите одговори....Ц...Си бегал од форумов, кога одговарав на ваквија прашања...
Грешка си... со максимално внимание ги следам твоите одговори....Ц...Си бегал од форумов, кога одговарав на ваквија прашања...
Ова не е одговор на прашањето кое ти го поставува Иписмус,а искрено и не верувам дека ќе му го одговориш зашто се работи за еден логички пропуст во Библијата што уште повеќе ме наведува да мислам дека се работи за човечко дело а не за света книга.Викаш станале смртни,грешни од што произлегува според тебе дека биле создадени бесмртни.Зошто тогаш пишува вака:И одговорот (што дури и Златко 86та го очекувал) е дека Адам и Ева не само што не станале богови откако вкусиле од плодот, туку ја изгубиле благодатта и станале смртни, грешни. Наравоучение? Не ја слушајте змијата, ѓаволот постои и не му мисли добро на човекот. Добра ви ноќ!
Прекрасно, и мене ме радува.Ново има: има се‘ повеќе православни форумџии, што посебно ме радува....
Зошто тогаш интервенирал со потопот,Содома и Гомора,а може има и други примери,не сум запознаен?Извини што не сум одговорил на постов ама не го видов вчера, можеби некаков лаг... nevermind, одиме:
Бог е Семоќен. Сета креација е Негово дело па дури и времето, затоа Он знае се однапред. Бог ги сака луѓето. Фактот дека самиот Бог решил да не интервенира во слободната воља е голема и одговорна работа, секако таа одговорност веќе е префрлена на луѓето. Ангелите се соочија со истата одговорност и реагираа на начин кој верувам на сите ви е познат. Значи, Бог иако знаел дека Луцифер ќе отпадне, не го имал лишено од никакви почести и го имал поставено на највисоката позиција. До Луцифер било да одлучи да остане во совршен однос со Бога, но амиот одлучил поинаку и дозволил со својот избор да му се спротивстави на Бога, заведувајќи при тоа 1/3 од ангелските сили. Значи злото не било создадено! Тоа е изборот што секој го има. Како инаку би бил изборот на слободна воља меѓу добро и добро? Таму нема слободен избор: Да беше така денес луѓето ќе кукаа зошто немаат слободна воља да грешат (да прават зло). Истиот пример се среќава и кај Христос кој знаел дека Јуда ќе го предаде. Тоа доволно говори дека пораде Семоќноста на Бога, не е нарушена слободната воља на човекот. Тоа значи, исто така, дека човекот одговара за последиците и како ќе го искористи тој слободен избор. Ќе го следи Бога и ќе го оствари во полнота смисолот за кој бил создаден (да биде вечно во општење-заедница со Бога)? Или ќе живее живот без Бога и со самотот тоа да ги пресече сите врски со Доброто и Љубовта кое е Бог?! Изборот е секако наш. Бог не сака да гледа зло помеѓу луѓето (сето што ти пиша и уште повеќе од тоа) и сигурно тагува за таквиот избор и користење на слободната воља од човекот, но нема да интервенира. Крај! Ако интервенира тогаш би бил тиранин наместо Бог. Бог не е таков. Бог како секој родител што си го сака детето и не сака тоа да страда, така не гледа сите нас, безразлика дали бил верник, верува во нешто друго или бил неверник. Сите подеднакво, без исклучок! Главниот проблем кај тебе, од она што можам дав воочам, е дека ти си сконцентриран само на земниот живот а не и на небескиот (животот по смртта). Тоа е еден голем минус при донесувањето на една одлука за тоа каков е Бог. Вечниот живот е голема работа и сметам дека човекот треба да е посебно свесен за фактот дека животот не завршува со смртта, туку напротив, смртта го води во вечната состојба каде ќе нема покајание и она што е сторено во овој живот ќе не води или во вечен живот и заедничарење со Бога, или одвоени од него во темната вечност каде нема да биде лесно. Тоа не е заплашување, туку реалност. Оние што одлучиле да живеат со Бога нема да ги чека ништо поразлично ни во вечноста. Истотака оние кои одлучиле да не живеат со Бога, така ќе им биде и во вечноста... се е до нашата одлука. Сметам дека бар малку одговорив на проблематиката која ја изложи. Ако не сум јасен ќе објаснам, но без провокации.
Чудно како досега не интервенирал кај нас... па ние веќе едно 20 години сме бетер и од Содом и Гомор...Бог интервенирал во Содом и Гомор, ради беззаконието кое го покажале жителите на тие градови. Божјите атрибути се неограничени, но не и Божјото трпение кој злото.
Бог нема да интервенира, исто како за потопот кога Ное сведочел 100 години градејќи ја Aрката дека ќе дојде потоп и ќе го уништи светот поради неговите гревови а народот само му се смееше. Изборот бил нивни да бидат уништени наместо да се покајат. Никој не поставува ултиматиму, тоа е реалноста. Ако веруваш во Бога и живееш секојдневно со Бога, за тебе Рајот е веќе стварност. Ако уште од сега одбиваш да живееш со Бога, значи сам си го одбираш патот да живееш одвоено од Бога и во вечноста. Се е до нас. Изборот е на секој од нас личносно. Ако на некого му даваш слободна воља, значи му даваш да избере помеѓу слободата од гревот во заедница со Бога, или живот под робство на гревот во заедница со лукавиот или со самиот себе, самодоволност (егоизам). Награда не е за човека да биде во Рајот. Награда за човека е да ја има можноста да живее во заедница со својот Бог и Создател. Верувам дека ниеден православен Христијански верник “верува само за да не оди во пекол”. Toa би значело непознавање на Бога, тотално промашување на целта.
Човекот од самиот почеток беше создаден по лик и подобие Божје, како што наведов безброј пати. Тоа значи дека човекот ја имал способноста сам да размислува и да ужива во правото на слободната воља која му беше дадена. Црквените Отци многу јасно ни укажуваат дека Адам и Ева можеле да разликуваат добро од лошо. Обмана е да се верува дека со тоа што по непослушноста кон Бога паднале во грев се здобиле со некакв поголемо знаење (во врска со разликувањето добро од зло) од тоа што го имале претходно. Адам и Ева биле создадени бесмртни по Благодат, како што и ние ќе бидеме бесмртни по Благодат по Второто Христово Доаѓање. Како доказ дека бесмртноста е по Благодат а не по природа е фактот што треба да јадеме од дрвото на животот (Адам и Ева тогаш, а ние секако по Второто Доаѓање). Адам и Ева јадеа од дрвото на живото кое според Библијата не било забрането да се јаде и убаво се вели дека можеле да јадат од било кое дрво во Рајот, само од дрвото на распознавање на доброто и злото не им било дозволено кое било чисто од педагошки принцип а не од суштински во смисол дека ако вкусат нешто ќе се промени во однос на знаењето. Кога Адам падна во грев и не се покаја за истиот, тогаш од човекољубие му беше забрането да јаде од дрвото на животот за да не стане на тј начин вечно и злото (гревот).
Ех, не се токму 20, ама ај, троа појќе се од 20. А тоа што не интервенирал, е само Твој привид: многу нешта, кои се случуваат токму во нашево време, се знаци Божји за гневот кој Он го праќа до родот човечки. На пример, во раните ‘80-ти, кога се објави СИДА-та, први реагираа монасите од Калифорнија, посочувајќи ја таа се‘уште тешка и заразна болест, како казна Божја за сите забегани, кои се впуштиле во неприроден блуд...слично како и мештаните од Содом и Гомор!Чудно како досега не интервенирал кај нас... па ние веќе едно 20 години сме бетер и од Содом и Гомор...
За делот со Јуда.Тоа што велиш дека било контрадикторно за делот со Јуда, веднаш ќе ти кажам што рекол самиот Христос на вечерата пред да биде предаден од Јуда (Матеј 26:24) Синот Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе се предаде; добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил. Значи Јуда го имал изборот да му верува и да не го предаде, но и покрај овие зборови кои и самиот ги слушнал, станал од трпезата и го предал.
За тоа дека некој може да живее по принципите на 10те Божји заповеди без да верува во Бога е nonsence бидејки првата заповед гласи: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на робството. Немој да имаш други богови освен Мене! И, како може човек да живе по 10те заповеди без да верува во Бога?
Оној кој верува во Бога, јасен му е концептот за Рај и Пекол бидејќи секојдневно го живее својот живот во Рајот уште додека е на земјата.
Христос ќе беше жртва во секој случај, небитно што токму Јуда Го предаде. Имено, Синот Божји ја има прифатено задачата од Отецот уште во вечноста, кога, после советувањето, Отецот Му одредува на Синот овосветовна задача: да се „симне„ на Земјава, да пострада и со тоа, да го спаси човекот од гревот и од смртта.За делот со Јуда.
Ова нешто глумиш лудило или што. Па нели цело време пишувате дека Исус е жртвуван за да ги искупи гревовите на лугето. А како би бил жртвуван Исус ако не го погубеле и претходно не бил предаден. Значи Јуда според тоа постоел само за таа цел и ако не бил тој Исус неби бил погубен а со тоа би веројатно би живеел долг живот и не би постоела жртвата. Ете ја контрадикторноста значи Јуда е херојот.