Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Нема потреба од дилеми околу битусувањето Адамово и Евино во Рајот: и во Рајот, и вон Рајот, Бог им заповеда да се „...плодат и множат...„. Знаеме како Адам и Ева се множеа вон Рајот: исто како и денешните луѓе, а како требаше да се множат во Рајот, тоа е прилична непознаница. Од мој муабет со теолог, дознавам дека постои претпоставка дека Адамовото и Евиното множење во Рајот, би се случувало не по телесен контакт, на релација „машко/женско„, туку преку желба за создавање ново човеково битие.

Патем кажано, и Адам и Ева не беа родени, туку создаден(и), а нивното множење, се однесува и на множењето на членовите во Црквата.

Тоа е нешто налик денешното ин-витро. Не ти треба телесен контакт, туку само желба:)

Би прашал, околу ова, дали желбата за ново човечко битие создадено без телесен контакт треба да биде обострана , то ест да се сложат и Адам и Ева, или доволно е само Адам или само Ева да посака ново битие?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Ц, не ќе е така, ни оддалеку. „Ин витро„ не исклучува физички контакт, туку го избегнува и го пренесува на ниво од полова келија.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:27 ---
Т

Бог им се обрати и на Адама и на Ева, велејќи им дека треба да се „..плодат и множат....„ а не, велејќи им „...плоди се и множи се...„., а уште помалку „..плоди се и множи се, ама ако сакаш...„.

Значи, заповедта за „..плодење и множење...„ е упатена до двајцата.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:29 ---
Рисјанскиот Бог е семоќен до одреден степен. .
На мојте од Црква, ќе им предложам да ја вметнат оваа непознаница у катихизисот...:D
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Тоа е нешто налик денешното ин-витро. Не ти треба телесен контакт, туку само желба:)

Би прашал, околу ова, дали желбата за ново човечко битие создадено без телесен контакт треба да биде обострана , то ест да се сложат и Адам и Ева, или доволно е само Адам или само Ева да посака ново битие?

Не бе човече тоа ти е како што се размножува Q (Star Trek). Има една епизода со Џенвеј само желба и допир со прстот :) и оп детенце.
Гарант на такво нешто мислеше.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:47 ---
Рисјанскиот Бог е семоќен до одреден степен. :icon_lol: Тоа ти е како малку трудна жена.

Само во рисјанската теологија постои категорија семоќен до одреден степен. Тоа е категорија утврдена со помош на духовната логика, инаку кај народот позната како лудило. За сите кои се користат со нормалната рационална логика семоќен до одреден степен е дрвено железо, contradictio in adjecto.
Абе да е семоќен до одреден степен и тоа можам да го сварам, нашето сваќање стига до таму и толку. Тогаш е до нас ама работава не во тоа туку сите објаснувања можат да се генерализираат со два збора ,, Така сакал,,. Што води до заклучок дека Бог е некаков мазохист а тоа е спротивно од она дека е полн со љубов и бла. бла.

ОФФ топиц.
Иначе постои челик што се вика Дрвен челик:) поради уникатната надворешна структура која изгледа како дрво кое го јаделе термити. Пронајден е во Индија мада до ден денес не се знае како се произведувал и не е успеано да се реплицира.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ц, не ќе е така, ни оддалеку. „Ин витро„ не исклучува физички контакт, туку го избегнува и го пренесува на ниво од полова келија.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:27 ---

Бог им се обрати и на Адама и на Ева, велејќи им дека треба да се „..плодат и множат....„ а не, велејќи им „...плоди се и множи се...„., а уште помалку „..плоди се и множи се, ама ако сакаш...„.

Значи, заповедта за „..плодење и множење...„ е упатена до двајцата.
--- надополнето: 10 април 2012 во 11:29 ---

На мојте од Црква, ќе им предложам да ја вметнат оваа непознаница у катихизисот...:D

Аха демек физичкиот контакт се сведува на полова ќелија, а во рајот би се свело на нешто од типот јас сакам и оп од ништо ќе се створи нешто?

Што значи тоа заповед упатена до двајцата треба да се множите и плодите? Тоа значи ли дека взаемно треба да донесат одлука или може секој поединечно да си посака по едно ново битие?
Значи ако не сакале можеле да не пробаат од јаболкото и ќе го немало се ова на земјата. ќе си биле самички они двајцата и змијата која безуспешно ќе се обидува да ги прелаже:D, како којотот со брзата птица итрица:P
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не е. Или ти користиш духовна логика, која ние обичните смртници не ја разбираме. Ако ние направиме нешто друго од она што Бог го знае, тоа ја укинува неговата семоќ. Како може едно семоќно суштество да биде изненадено од акт на неговата креација?

Нема бегање Ацика, или Бог е семоќен па слободна воља не постои, или не е семоќен, ама така рисјаните ќе ги боли задникот од секс...

И еве ти пред спиење, нешто за да се расположиш.

На подфорумот религија има неколку теми во кои атеистите и религиозните се обидуваат да си ја докажат својата вистина едни на други. Мислам дека ниту една од тие теми не задира во сржта на проблемите. Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата. Тоа се едноставно две различни равни на постоење кои не се допираат. Меѓутоа постои дискурс кој е разбирлив за двете страни, и каде што може да се спори без да се промашуваат аргументите, а тоа е етичкиот дискурс, проблемите поврзани со доброто и злото.

Овде сакам да поставам теза, која впрочем е поставувана многу пати во историјата, дека идеата за семоќен Бог, кој е истовремено Љубов, при постоење на Зло со голема буква, а најголемата лага која било кога му е продадена на човештвото. Значи еве ги тезите:

Теза 1. Бог е семоќен. Иако имам логички и емпириски проблем да поимам што значи еден ентитет да биде семоќен ја прифаќам тезата како таква. Значи прифаќам дека Бог е семоќен. Овде не интересираат два аспекти на неговата семоќност, ќе ги обележиме со подтеза 1.1 и подтеза 1.2.

Подтеза 1.1. Бог во својата семоќ е создател или креатор на СЕ постоечко. Значи СЕ. Да не има покасно некои недоразбирања, тој создал апсолутно СЕ. Целата жива и нежива природа, и сите ентитети кои не се дел од овој видлив материјален свет. Значи дека тој го создал Човекот, животните, неживата природа, Ангелите, Ѓаволот, Змијата од рајската градина, апсолутно се.

Подтеза 1.2. Бог е нетемпорален, односно е над времето. Тој како создател на се, па и на времето, не може да биде ограничен од својата креација. За него минатото, сегашноста и иднината се едно, односно има пристап до секој момент од она што ние го нарекуваме време. Признавам дека мене, како на една бедна креатура обележана со трите временски екстази, минатото, сегашноста и иднината ова ми е непоимливо, но го прифаќам како такво, дека Бог во својата семоќ може да биде истовремено во минатото, сегашноста и иднината, односно дека се за него се е еден момент.

Теза 2. Бог е добар, односно тој е Љубов. Бог ги сака луѓето. Чинот на создавање на човекот во религијата се интерпретира како чин на љубов, Бог го создал човекот затоа што го сакал.

Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква. Овде зборувам за зло кое е тешко поимливо, за неверојатни ужаси кои се имаат случувано низ историјата и кои се уште се случуваат. За полесно да разбереме за какво зло се зборува, ќе ги оставиме настрана духовните страдања, ќе зборуваме само за физичка болка. Набивање на колец, кинески лонец, вадење на ноктите кај Ирокезите, репертоарот на мачења е импресивен. Пред некој ден прочитав за едно 11 годишно девојче кое било силувано од неколкумина возрасни лица, и кое потоа било каменувано од соселаните затоа што било силувано. Можете ли да го замислите нејзиниот ужас и нејзината болка? Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.

Тоа се трите тези, Бог е семоќен, Бог е Љубов, Во светот постои Зло. Тие три тези имаат еден проблем, имено се судруваат една со друга. Зошто постои зло во светот и кој го создал? Како е можно да постои зло во светот кој е создаден од Доброто и Љубовта?.
Извини што не сум одговорил на постов ама не го видов вчера, можеби некаков лаг... nevermind, одиме:
Бог е Семоќен. Сета креација е Негово дело па дури и времето, затоа Он знае се однапред. Бог ги сака луѓето. Фактот дека самиот Бог решил да не интервенира во слободната воља е голема и одговорна работа, секако таа одговорност веќе е префрлена на луѓето. Ангелите се соочија со истата одговорност и реагираа на начин кој верувам на сите ви е познат. Значи, Бог иако знаел дека Луцифер ќе отпадне, не го имал лишено од никакви почести и го имал поставено на највисоката позиција. До Луцифер било да одлучи да остане во совршен однос со Бога, но амиот одлучил поинаку и дозволил со својот избор да му се спротивстави на Бога, заведувајќи при тоа 1/3 од ангелските сили. Значи злото не било создадено! Тоа е изборот што секој го има. Како инаку би бил изборот на слободна воља меѓу добро и добро? Таму нема слободен избор: Да беше така денес луѓето ќе кукаа зошто немаат слободна воља да грешат (да прават зло). Истиот пример се среќава и кај Христос кој знаел дека Јуда ќе го предаде. Тоа доволно говори дека пораде Семоќноста на Бога, не е нарушена слободната воља на човекот. Тоа значи, исто така, дека човекот одговара за последиците и како ќе го искористи тој слободен избор. Ќе го следи Бога и ќе го оствари во полнота смисолот за кој бил создаден (да биде вечно во општење-заедница со Бога)? Или ќе живее живот без Бога и со самотот тоа да ги пресече сите врски со Доброто и Љубовта кое е Бог?! Изборот е секако наш. Бог не сака да гледа зло помеѓу луѓето (сето што ти пиша и уште повеќе од тоа) и сигурно тагува за таквиот избор и користење на слободната воља од човекот, но нема да интервенира. Крај! Ако интервенира тогаш би бил тиранин наместо Бог. Бог не е таков. Бог како секој родител што си го сака детето и не сака тоа да страда, така не гледа сите нас, безразлика дали бил верник, верува во нешто друго или бил неверник. Сите подеднакво, без исклучок! Главниот проблем кај тебе, од она што можам дав воочам, е дека ти си сконцентриран само на земниот живот а не и на небескиот (животот по смртта). Тоа е еден голем минус при донесувањето на една одлука за тоа каков е Бог. Вечниот живот е голема работа и сметам дека човекот треба да е посебно свесен за фактот дека животот не завршува со смртта, туку напротив, смртта го води во вечната состојба каде ќе нема покајание и она што е сторено во овој живот ќе не води или во вечен живот и заедничарење со Бога, или одвоени од него во темната вечност каде нема да биде лесно. Тоа не е заплашување, туку реалност. Оние што одлучиле да живеат со Бога нема да ги чека ништо поразлично ни во вечноста. Истотака оние кои одлучиле да не живеат со Бога, така ќе им биде и во вечноста... се е до нашата одлука. Сметам дека бар малку одговорив на проблематиката која ја изложи. Ако не сум јасен ќе објаснам, но без провокации.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Аха демек физичкиот контакт се сведува на полова ќелија, а во рајот би се свело на нешто од типот јас сакам и оп од ништо ќе се створи нешто?

Што значи тоа заповед упатена до двајцата треба да се множите и плодите? Тоа значи ли дека взаемно треба да донесат одлука или може секој поединечно да си посака по едно ново битие?
Значи ако не сакале можеле да не пробаат од јаболкото и ќе го немало се ова на земјата. ќе си биле самички они двајцата и змијата која безуспешно ќе се обидува да ги прелаже:D, како којотот со брзата птица итрица:P
Да бе, ама доколку Твоиве шпекулации ги издигнеш на ниво‘ од непобитна вистина...:P
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Извини што не сум одговорил на постов ама не го видов вчера, можеби некаков лаг... nevermind, одиме:
Бог е Семоќен. Сета креација е Негово дело па дури и времето, затоа Он знае се однапред. Бог ги сака луѓето. Фактот дека самиот Бог решил да не интервенира во слободната воља е голема и одговорна работа, секако таа одговорност веќе е префрлена на луѓето. Ангелите се соочија со истата одговорност и реагираа на начин кој верувам на сите ви е познат. Значи, Бог иако знаел дека Луцифер ќе отпадне, не го имал лишено од никакви почести и го имал поставено на највисоката позиција. До Луцифер било да одлучи да остане во совршен однос со Бога, но амиот одлучил поинаку и дозволил со својот избор да му се спротивстави на Бога, заведувајќи при тоа 1/3 од ангелските сили. Значи злото не било создадено! Тоа е изборот што секој го има. Како инаку би бил изборот на слободна воља меѓу добро и добро? Таму нема слободен избор: Да беше така денес луѓето ќе кукаа зошто немаат слободна воља да грешат (да прават зло). Истиот пример се среќава и кај Христос кој знаел дека Јуда ќе го предаде. Тоа доволно говори дека пораде Семоќноста на Бога, не е нарушена слободната воља на човекот. Тоа значи, исто така, дека човекот одговара за последиците и како ќе го искористи тој слободен избор. Ќе го следи Бога и ќе го оствари во полнота смисолот за кој бил создаден (да биде вечно во општење-заедница со Бога)? Или ќе живее живот без Бога и со самотот тоа да ги пресече сите врски со Доброто и Љубовта кое е Бог?! Изборот е секако наш. Бог не сака да гледа зло помеѓу луѓето (сето што ти пиша и уште повеќе од тоа) и сигурно тагува за таквиот избор и користење на слободната воља од човекот, но нема да интервенира. Крај! Ако интервенира тогаш би бил тиранин наместо Бог. Бог не е таков. Бог како секој родител што си го сака детето и не сака тоа да страда, така не гледа сите нас, безразлика дали бил верник, верува во нешто друго или бил неверник. Сите подеднакво, без исклучок! Главниот проблем кај тебе, од она што можам дав воочам, е дека ти си сконцентриран само на земниот живот а не и на небескиот (животот по смртта). Тоа е еден голем минус при донесувањето на една одлука за тоа каков е Бог. Вечниот живот е голема работа и сметам дека човекот треба да е посебно свесен за фактот дека животот не завршува со смртта, туку напротив, смртта го води во вечната состојба каде ќе нема покајание и она што е сторено во овој живот ќе не води или во вечен живот и заедничарење со Бога, или одвоени од него во темната вечност каде нема да биде лесно. Тоа не е заплашување, туку реалност. Оние што одлучиле да живеат со Бога нема да ги чека ништо поразлично ни во вечноста. Истотака оние кои одлучиле да не живеат со Бога, така ќе им биде и во вечноста... се е до нашата одлука. Сметам дека бар малку одговорив на проблематиката која ја изложи. Ако не сум јасен ќе објаснам, но без провокации.
Кој добил живот по смртта?

Единствено Исус воскреснал и се појавил како таков, но тој нели не е обичен смртник, тој е Синот Божји.

Дали некој друг обичен смртник, верник, човек го сторил истото во овие 2012 години, за да се потврди оваа теза?
--- надополнето: 10 април 2012 во 12:55 ---
Да бе, ама доколку Твоиве шпекулации ги издигнеш на ниво‘ од непобитна вистина...:P
Не ми одговори околу одлуката за создавање ново битие само со желба.

Дали одлуката треба д аја донесат и двајцата компромисно, или пак може секој засебно да си посака ново битие?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Извини што не сум одговорил на постов ама не го видов вчера, можеби некаков лаг... nevermind, одиме:
Бог е Семоќен. Сета креација е Негово дело па дури и времето, затоа Он знае се однапред. Бог ги сака луѓето. Фактот дека самиот Бог решил да не интервенира во слободната воља е голема и одговорна работа, секако таа одговорност веќе е префрлена на луѓето. Ангелите се соочија со истата одговорност и реагираа на начин кој верувам на сите ви е познат. Значи, Бог иако знаел дека Луцифер ќе отпадне, не го имал лишено од никакви почести и го имал поставено на највисоката позиција. До Луцифер било да одлучи да остане во совршен однос со Бога, но амиот одлучил поинаку и дозволил со својот избор да му се спротивстави на Бога, заведувајќи при тоа 1/3 од ангелските сили. Значи злото не било создадено! Тоа е изборот што секој го има. Како инаку би бил изборот на слободна воља меѓу добро и добро? Таму нема слободен избор: Да беше така денес луѓето ќе кукаа зошто немаат слободна воља да грешат (да прават зло). Истиот пример се среќава и кај Христос кој знаел дека Јуда ќе го предаде. Тоа доволно говори дека пораде Семоќноста на Бога, не е нарушена слободната воља на човекот. Тоа значи, исто така, дека човекот одговара за последиците и како ќе го искористи тој слободен избор. Ќе го следи Бога и ќе го оствари во полнота смисолот за кој бил создаден (да биде вечно во општење-заедница со Бога)? Или ќе живее живот без Бога и со самотот тоа да ги пресече сите врски со Доброто и Љубовта кое е Бог?! Изборот е секако наш. Бог не сака да гледа зло помеѓу луѓето (сето што ти пиша и уште повеќе од тоа) и сигурно тагува за таквиот избор и користење на слободната воља од човекот, но нема да интервенира. Крај! Ако интервенира тогаш би бил тиранин наместо Бог. Бог не е таков. Бог како секој родител што си го сака детето и не сака тоа да страда, така не гледа сите нас, безразлика дали бил верник, верува во нешто друго или бил неверник. Сите подеднакво, без исклучок! Главниот проблем кај тебе, од она што можам дав воочам, е дека ти си сконцентриран само на земниот живот а не и на небескиот (животот по смртта). Тоа е еден голем минус при донесувањето на една одлука за тоа каков е Бог. Вечниот живот е голема работа и сметам дека човекот треба да е посебно свесен за фактот дека животот не завршува со смртта, туку напротив, смртта го води во вечната состојба каде ќе нема покајание и она што е сторено во овој живот ќе не води или во вечен живот и заедничарење со Бога, или одвоени од него во темната вечност каде нема да биде лесно. Тоа не е заплашување, туку реалност. Оние што одлучиле да живеат со Бога нема да ги чека ништо поразлично ни во вечноста. Истотака оние кои одлучиле да не живеат со Бога, така ќе им биде и во вечноста... се е до нашата одлука. Сметам дека бар малку одговорив на проблематиката која ја изложи. Ако не сум јасен ќе објаснам, но без провокации.
Прво за делот со предаството на Јуда.
Многу контрдикторно. Бидејки од една страна тоа предаство е причината за факањето на Исус и неговото распнување. Додека од друга страна викате дека Бог го жртвувал Исус за да ги искупи гревовите на луѓето. Значи ако Јуда не го предал Исус овој не ке можел да воскресне. Па според тоа Јуда е позитивна личноста а не негативна.

Второ за делот со живот после смртта.
Не ми е јасен делот со покајанието. Значи ако некој живеел според принципите на Бог (10 божји заповеди) но притоа не само што не се покајал туку и не верувал во бог ке оди во пеколот или слично. Но доколку некој ги прекршил сите можни божји заповеди носе покајал ке оди во рајот.
Не мислиш ли дека ова е крајно лицемерно и дека нема врска со Бог туку е измишљотина на верските организации за да ги плашат и контролираат луѓето и да имаат што повеќе следбеници.

Трето дел рај и пекол.
Што се случува ако некој верува во Бог но не верува во концептот на рај и пекол.
Ке биде постојано на граница:). Во рајот не може бидејки не се покајал у пеколот не може бидејки не направил смртен грев.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нема потреба од дилеми околу битусувањето Адамово и Евино во Рајот: и во Рајот, и вон Рајот, Бог им заповеда да се „...плодат и множат...„. Знаеме како Адам и Ева се множеа вон Рајот: исто како и денешните луѓе, а како требаше да се множат во Рајот, тоа е прилична непознаница. Од мој муабет со теолог, дознавам дека постои претпоставка дека Адамовото и Евиното множење во Рајот, би се случувало не по телесен контакт, на релација „машко/женско„, туку преку желба за создавање ново човеково битие.

Патем кажано, и Адам и Ева не беа родени, туку создаден(и), а нивното множење, се однесува и на множењето на членовите во Црквата.
Микииииии...а бе бисер до бисер редиш.....:pos:

А да го прашаш теологот ..... за кој таков на Адам му направил мандало меѓу нозете, а на Ева..она другоно?:D
Ептен ме интересира одговорот!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Микииииии...а бе бисер до бисер редиш.....:pos:

А да го прашаш теологот ..... за кој таков на Адам му направил мандало меѓу нозете, а на Ева..она другоно?:D
Ептен ме интересира одговорот!
Ко че порасниш, самото че ти се кажит...:D
--- надополнето: 10 април 2012 во 13:45 ---
Не ми одговори околу одлуката за создавање ново битие само со желба.
Создавањето ново човеково битие од желба, е претпоставка, не е догма.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Создавањето ново човеково битие од желба, е претпоставка, не е догма.
Дали тоа значи дека ти паѓа у вода муабетот за начинот на размножување во рајските услови?

Да не излезе дека и рајот е претпоставка?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали одлуката треба д аја донесат и двајцата компромисно, или пак може секој засебно да си посака ново битие?
Не се работи за некаков овосветовен или рационално-прагматски компромис. Адам и Ева не размислувале овосветовно, како последица од отпадната човекова природа. Нивните умови не биле извалкани од високоумие, нивните тела не биле извалкани од страсти и похоти.

Одлуката би била заедничка, секако. Зачнувањето нов човек во брачна заедница, случајно ли е или намерно? Еднострани ли е или заедничко/двострано?
--- надополнето: 10 април 2012 во 13:51 ---
Дали тоа значи дека ти паѓа у вода муабетот за начинот на размножување во рајските услови?
Не паѓа ништо у вода....Зборуваме за претпоставка, а претпоставената ситуација, условува и претпоставени последици.
--- надополнето: 10 април 2012 во 13:52 ---
Да не излезе дека и рајот е претпоставка?
Рајот не е претпоставка. Рајот е и место за телото и состојба на душата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не се работи за некаков овосветовен или рационално-прагматски компромис......................
Ова фраза веќе некако ти стана стандард кога нема што паметно да кажеш....:D
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ова фраза веќе некако ти стана стандард кога нема што паметно да кажеш....:D
Ц...Си бегал од форумов, кога одговарав на ваквија прашања...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Изборот е секако наш. Бог не сака да гледа зло помеѓу луѓето (сето што ти пиша и уште повеќе од тоа) и сигурно тагува за таквиот избор и користење на слободната воља од човекот, но нема да интервенира. Крај! Ако интервенира тогаш би бил тиранин наместо Бог. Бог не е таков..
Како нема да интервенира? Нели ќе има судење и страшен суд? Тоа што е?
Ако бог сакал да постои избор и слободна волја, тогаш немало да казнува, наградува, да поставува ултиматуми и да се заканува со вечност помината во мачење и страдање.
Ако некому даваш избор и слободна волја, му даваш можност да научи нешто од последиците на неговите постапки. Тие последици ќе бидат "наградата" или "казната", и ќе си имаат функција и смисла - Стекнување искуство. Во спротивно, зошто да дозволиш некој да постапи на одреден начин, да го знаеш тоа, и потоа да го мачиш и казнуваш цела вечност?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom