Луѓе... Исланѓаните денес се 450.000 од кои 250.000 живеат во Исланд. Тие постојат неколку века како посебен народ па иако се во помал број никогаш не исчезнале. Ако е за утеха, ние сме над 2 милиона од кои 1,3 милиони во Македонија. Нашиот народ претрпел многу ропства па и денес постои. Чисто за информација, во минатото т.е 19 век, на територијата на етничка Македонија, бројот на македонци бил околу пола милион. Наместо да се занимаваме со економија и здравство ние се секираме дали ќе не има за 50 години..
За 50 па и за 100 год. секако дека ќе не има, ќе постоиме како народ/нација, меѓутоа по се изгледа дека ќе бидеме малцинство т.е. ќе бидеме испод 50% !
Листајќи ги пописите на СРМакедонија почнувајќи од првиот одржан попис после 2 с.в. па се до последниот попис во 2002, увидов дека Македонците за некоја деценија нема да бидат повеќе мнозинство во државата, после втората светска војна Македонците масовно ги напуштаат селата, одат во градовите, започнува масовна индустријализација, модернизација, еманципација на народот и на некој начин уште од тогаш за првпат се забележува тренд на намалување на наталитетот кај Македонците, инаку наталитетот кај Македонците до пред 2 с.в. бил доста голем(просек по 5,6,7, деца), разгледувајќи ги пописите дадени на интернет, после војната во СРМакедонија, Албанците биле околу 9-10%, а Македонците биле скоро 80%, а денеска Македонците се сведени на шеесет и некој процент, додека процентот на Албанците, а особено на Ромите е зголемен двојно, па и повеќе од двојно за половина век !
Инаку многу фактори играат улога во оваа широко-распространета појава ширум светот, карактеристично е тоа што токму во побогатите и развиени земји(во Европа и во Сев.Америка)се јавува оваа појава, што не е случај за посиромашните и понеразвиени земји од Латинска Америка, Африка и Азија(не зборам за сите земји на овие континенти, отприлика повеќето) !
Не е проблемот само во економијата у смисол немам сигурна работа, мала плата, немам решено стамбено прашање и сл. не дека и тоа нема влијание, секако дека има, меѓутоа да појаснам дека наталитетот на пр. во Скандинавските држави, или во Јапонија на пр. тоа се земји кои се со висок стандард, економија, образовен и здравствен систем, демократија, слобода и.т.н. а имаат катастрофален наталитет веќе подолг врем.период !
Најмногу улога играат секуларизацијата на општествата, модерниот начин на живот и модерните сфаќања, еманципацијата, бркањето на кариера, борбата и потрагата по подобар живот, повеќе пари, успех и сл.
На пр. порано кога нашите претци живееле по селата се мажеле и женеле доста млади, уште на 16/17 год. и одма штанцале по 5/6/7 деца, но такво било времето, немало наука, образование, еманципација, технологија, медицина, електроника... а од друга страна била потребна голема физичка сила во семејството, да има кој да работи по нивите, да има кој да ја тера стоката и сл. а денеска живееме на бетон и асфалт, во голем град со близу 1 милион жители, затворени сме во мали 50-60-70 квадратни конзерви(куќи/станови) и едноставно немаме потреба од толкава работна сила(т.е. толку деца), немаме ниви, немаме стока и сл. плус денеска е модерно време, технологија, медицина, наука, електроника... секој/а прво брка образование, кариера, работа/бизнис... а за мажачки и женачки после 30ка, но под услов да го најдам принцот на бел коњ или принцезата на мојот живот !
Намалувањето на наталитетот е еден широко распространет светски тренд и воглавно е настанат поради секуларизацијата, модерниот начин на живот, модерните сфаќања, образованието и еманципацијата(и кај мажи и кај жени) и.т.н.
Јас во мојава средина на живеење, дури и скоро да не познавам машки или женски кои се влезени или влегуваат во брак пред 30ка, а пак тие што влегуваат во брак по едно дете максимум, ЈБГ тоа е тоа модерно време, денеска и жените се рамноправни со мажите т.е. и жените се еманципираат, бркаат кариери, бизниси, работат, одамна умре времето кога мажите одеа на работа, а жените кљанкаа деца и лупеа пиперки по дома .......... б.т.в. денешниве млади девојки повеќе обожаваат да шеткараат, да се модираат, шопингуваат, влечат со дечковци со години, тераат ноќен живот и сл. а да се разбереме деца не се чуваат и одгледуваат по кафичи и диска, туку дома ........ ама крај краева и не ги обвинувам, бидејќи такво е времето, едноставно светски тренд, тој тренд дојде од западот и широко се прошири и во другите делови на светот !