Не знаев дека не може почит да се покаже пред еден голем празник. Баш пред Велигден моравте со темиве и со коментарите. На најголемиот празник. Во ред, не верувате, ваше право, ама можевте барем оваа недела да ги почитувате тие што веруваат и да се воздржите од коментари, колку и да тоа е ирационално за вас.
Како и да е, ваше си е. Нека ви стои. Продолжете си, исто како да не сум го напишала постов.
Еве јас на пример не ви наметнувам да не верувате. Јас само свесно размислувам. Иначе и јас бев верник, и тоа поголем верник од многу членови овде. Ама тоа е долга приказна и едно убаво големо искуство, кое ми ги отвори очите.
Секој има различни искуства некој мисли дека господ е вмешан во некоја ситуација од нашиот живот. Јас мислам дека човекот во себе ја носи таа боженственост т.е човекот има моќ да прави незамисливи работи, ние тие работи ги викаме натприродни и ги поврзуваме со бог пошто нели немаме друго објаснување за нив.
Ете тоа е мое мислење, не му наметнувам на никој ништо, но не е праилно да се прави тензија, ако некој има спротивни мислења.
Оваа тема не е само за верниците, оваа е отворена тема и секој може да каже што мисли, секако во рамки на темата. Целта не е да има едноумие, целта е да се направи културна дебата од две, три, четири спротивставени страни. Нели само ако има спротивставеност може да има развој еволуција, ако има едноумие, ке тапкаме у место.