Совети за купување половен автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.733
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Купувањето користен автомобил може да биде заебан процес. Но, постојат неколку работи кои можат да го направат искуството полесно. Без разлика дали итно ви треба автомобил или сте започнале да си барате на танане, се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да добиете најмногу за парите и да го пронајдете автомобилот според вашиот буџет.

devet-soveti-za-kupuvanje-poloven-avtomobil-81037.jpg

Идентификувајте го вашиот автомобил

Направете си листа на автомобили кои ви го прават кеифот да ги имате, се разбира според вашите финансиски можности. На кои автомобили им се восхитувате на улица? Ви се допаѓа автомобилот на некој од пријателите? Доколку е така, прашајте го што му се допаѓа, а што не кај неговиот автомобил. Не заборавајте и на потребите на вашето семејство, но имајте ја во предвид и потрошувачката на гориво.

Направете си математика што можете да си дозволите

Пред да се впуштите во купување автомобил важно е да седнете и реално да одредите колку финансии можете да оддвоите за автомобилот. Со високоте цени на бензините, мора да го земете во предвид и факторот километри на литар, како и колку ќе возите. Доколку планирате да земете кредитче, пресметајте убаво колкави ќе ви бидат месечните трошоци за рата и за гориво.

Направете мало истражување

Откако ќе го утврдите буџетот и неколкуте модели кои доаѓаат во предвид, истражете ги потенцијалните проблеми кои овие автомобили би можеле да ги имаат, како и нивните цени на пазарот. Посетете интернет форуми и сајтови за продажба на автомобили и информирајте се. Запомнете - постарите модели се поевтини, но ќе имате поголеми трошоци за нивно одржување.

Останете фокусирани

Штом почнете да пребарувате автомобили онлајн, вниманиео ќе ви го одземат многу фраерски количиња. Иако може да начекате некој шизички, спортски и евтин кој се чини како добра зделка, размислете дали е практичен за вашиот животен стил и потребите кои ги имате. Затоа, држете се до планот. Доколку купувате од некој плац за автомобили, држете го фокусиран и продавачот - не му дозволувајте да се обидува да ви нуди нешто сосема спротивно од тоа што сте побарале на финта „Еј, брат, а види го ова, ептен е сочувано, ќе ти го дадам за...“. Има многу автомобили кои се продаваат, не мора да купите од таму.

Проверете го автомобилот внимателно

Освен проверка на каросеријата, моторот и ентериерот на возилото, задолжително направете тест возење со затворени прозори и изгасено радио за да ја слушнете работата на моторот и да проверите дали се појавуваат чудни звуци. Пожелно е да направите и тест возење по нагорница, скопско Водно е идеално за тоа - доколку моторот е склон кон прегревање, во вакви услови на возење ќе покаже дека има зорт. На продавачот поставете му прашања за историјата на возилото, проблеми кои ги имал до сега и слично.

Побарајте ја сервисната книшка

Откако ќе напраите тест возење, задолжително побарајте ја сервисната книшка и проверете ја историјата на возилото. Доколку ја нема, не го купувате автомобилот.

Отидете на проверка кај механичар

Прашајте го продавачот дали се согласува да отидете кај механичар (по ваш избор, некој на кого му верувате) за да ја провери колата и да открие потенцијални проблеми. Доколку продавачот одбие - не го купувајте возилото.

Ценкајте се

Кога ќе сте сигурни дека пред вас е автомобилот кој сакате да го имате и дека сè е во ред со него, време е да разговарате за неговата цена. Никогаш не прифаќајте да ја платите првичната цена која ви ја кажал продавачот, секогаш има простор за договор.

Заминете дома среќни

Откако сте ја договориле цената која ве задоволува двајцата, пред да направите купопродажен договор проверете ги податоците од сообраќајната книшка дали се совпаѓаат со бројот на моторот, шасијата и регистрацијата. Потоа, ќе си заминете дома со убаво количе :)

devet-soveti-za-kupuvanje-poloven-avtomobil-81036.jpg

Кои се вашите искуства со купувањето користен автомобил? Доколку имате некој совет кој сметате дека ќе им биде од корист на читателите, слободно споделете го во коментарите подоле.

виа Кајгана
 
Еден пријател од Куманово ми кажуваше дека ја наседнале неговата сопруга така што и продале возило Сеат кое е на лизинг.
Наводно продавачот бил во блиски односи со нотарот и договорот го направиле малку покомплициран и му ги протуриле покрај основната цена и ратите од колата. Му излегло возило старо 3 години поскапо од ново.
Муабетот ми е проверете го детално купопродажниот договор кај нотарот пред да потпишете и дадете пари.
 
Стара кола не се купува од кај нас. Плус скапо е плус којзнае што упикуваат овде. Бугарија златна и Германија....коли стари и добри колку ти душа сака.
 
Последно и најбитно правило баба да ја возела колата или пак газдата да починал само што ја купил :)
 
Стара кола не се купува од кај нас. Плус скапо е плус којзнае што упикуваат овде. Бугарија златна и Германија....коли стари и добри колку ти душа сака.

Да, ама во Бугарија или Словенија он најди проверен механичар кој нема да те заебе за да ја провериш колата пример. Уствари таму дали и ќе се нафатат тие што продаваат да ја провериш подетално ако се работи за нешто стандард за кај нас -5000 евра.
 
Се наоѓа и таков, или кај пријател ако имаш во Словенија, Италија итн....
 
многу важно е да се знае дека ако километражата на возлиото електронски е променета во овластен сервис ја проверуваат само на компјутер и дури и ако имаат сервисна историја (од централа) каде пишува друга километража НЕМА да ви ја кажат бидејки НЕ СМЕАТ. Ова го кажувам од лично искуство
 
Се наоѓа и таков, или кај пријател ако имаш во Словенија, Италија итн....

Неаме сите пријатели по Италии, Словении и болварии.
Така да ја пре би си купил половна кола од тука, отколку влечена од таму некој аутоплац.
 
Еден пријател од Куманово ми кажуваше дека ја наседнале неговата сопруга така што и продале возило Сеат кое е на лизинг.
Наводно продавачот бил во блиски односи со нотарот и договорот го направиле малку покомплициран и му ги протуриле покрај основната цена и ратите од колата. Му излегло возило старо 3 години поскапо од ново.
Муабетот ми е проверете го детално купопродажниот договор кај нотарот пред да потпишете и дадете пари.

тужба за понуштување на договор одма пуштај, Македонија нее до толку башибозук, можеш парично да го убиеш и продавачот и нотарот.
 
тужба за понуштување на договор одма пуштај, Македонија нее до толку башибозук, можеш парично да го убиеш и продавачот и нотарот.
Ах се немам видено со пријателот можеби две години, случката беше исто пред толку време и повеќе. Знам кога го правевме муабетот имаше покрената некаква парница против нотарот и продавачот, ама не знам каква завршница има и дали воопшто има на случајот.
 
Стара кола не се купува од кај нас. Плус скапо е плус којзнае што упикуваат овде. Бугарија златна и Германија....коли стари и добри колку ти душа сака.
Само од таму, ништо друго иначе од кај нас..а.бе ни таму не се нешто, и тие ги возат па ги препродааваат само му го враќаат километражот, али е 100 пати подобро да се купува од таму него одовде :)
 
Кај нас може да стават некое средство на седиштата и да не фати пролив. :D :D

Не се верува многу на нашиве. :)
 
Дали си ти нормален , на овие цени на горивата ти даваш совети за купување автомобил ? Кисел што кети го автомобилот, да стои пред зграда комшиите да ти завидуваат ? :pos:
 
Дали си ти нормален , на овие цени на горивата ти даваш совети за купување автомобил ? Кисел што кети го автомобилот, да стои пред зграда комшиите да ти завидуваат ? :pos:
Автомобили ќе се возат и да скокнат цените до 200 ден./литар :)
А цените на автомобилите се движат обратно пропорционално од цената на горивото :)
 
Автомобили ќе се возат и да скокнат цените до 200 ден./литар :)
А цените на автомобилите се движат обратно пропорционално од цената на горивото :)

Многу нормално и точно.
Сега ако не земеш поевтин автомобил, не знам кога бил зел :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom