‘‘
Во овие 3-4 години со полутврди леќи имам слично искуство како тебе. Носев само неколку месеци ама крајно со сила.. Сите други леќи ми се тука така. Леќи од Pure Vision ми беа првите што ги пробав. хммз.. Ако добро се сеќавам, и немаше некоја разлика со сите други.
Што се однесува до прашањата, факторите се само ти и твоите очи.
Конкретно, дали ти можеш/сакаш да се навикниш на нив. Полутврдите и тврдите леки се доста тешки за повеќето луѓе. Меките леќи и не се така страшни.
Диоптерот нема врска со видот на леќи (порано колку што знам за висок диоптер и не беше лесно да најдеш мека леќа. Но, денес имаш апсолустно секаков вид за секаква потреба).
Од меки леќи по познати се:
- Ciba Vision. Одат по 3 пара и еден пар трае минимум 3 месеци, можат да се носат со денови и вкупна цена е околу 3800. Сеуште немам пробано лично вакви, па доколку некој има веќе искуство не би било лошо да го сподели (можеби е спомнато назад низ страните за темава. За жал и постов го пишувам на брзање па не успеав да ги разлистам. Доколку некој веќе напишал, нека посочи и само линк).
Доколку има добри искуства со истите, утре/задутре планирам да ги порачам.
- Друг тип на леќи што ми ги препорачаа се: Bausch&Lomb Optima FW. Погоре има член со такво искуство, но незнам..
И покрај тоа што немам до сега носено леќи со можност за менување на неколку дена, во случајов ситуацијава и работава ми е таква, што едноставно морам да купам такви - леќи погодни за патување, бидејќи за не цел месец правам доста долгичок лет од Скопје - Виена - Вашинтон - Бостон.
Доколку некој има добро искуство со леќи од овој тип, нека посоветува.