Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со Воскресение на човечката природа, преку Христос.
Тоа сите го знаат, прашањето е зошто? Добра е забелешката на Хептаграм, нели бог е во секој од нас? Тогаш зошто е потребна туѓа смрт, за ние да сме се соединиле со бог?
 
Не може тоа да се постигне со сопствена смрт без посредник?
Кажав дека тоа е Божја интервенција.
Неспособни сме за тоа според христијанската школа? Вие учите исто така дека бог е во секој човек, тоа не го прави поединецот бог во мало, според „ликот“ на креаторот?
Секој човек е лик Божји (Личност), затоа е способен слободно да прифати, одговори на Својот Творец да биде со Него.

Материјата докажавме дека е енергија, и секако е бесконечна во секој можен поглед.
Она што има почеток, т.е. е создадено не е вечно.
 
Она што има почеток, т.е. е создадено не е вечно.
Назад на прашањата кои ги поставив, да не одиме во метафизички води или пак физика, ќе ја промашиме темата.
Па потоа ќе одговориш од каде потекнува енергијата според христијанското учење, создадена од богот или...?

П.С. Од каде тоа „знаење“ дека ако нешто е создадено и има почеток дека не е вечно?
 
Тоа сите го знаат, прашањето е зошто? Добра е забелешката на Хептаграм, нели бог е во секој од нас?
Реков, ние Луѓето сме содадени по Негов Лик, но не сме Богови, туку создадени. За вечно Постоење ни треба Единство со Него.
Тогаш зошто е потребна туѓа смрт, за ние да сме се соединиле со бог?
Таа смрт Бог, внимавајте, Бог, од Љубов ја прифати, жртвувајќи се, т.е. Умре за да не Обесмрти,Воскресне за Вечно Постоење.
 
Таа смрт Бог, внимавајте, Бог, од Љубов ја прифати, жртвувајќи се, т.е. Умре за да не Обесмрти,Воскресне за Вечно Постоење.
Ако јас знам дека после три дена ќе си бидам жив и здрав, на кој начин тоа е жртвување? И зошто воопшто е потребно жртвување? Кога нели пак ништо суштински не е променето? Луѓето пак се истите како и порано, пак има војни, пак има страдање и најважно од се, според библијата ќе има и страшен суд! Тогаш што е поентата?
 
Назад на прашањата кои ги поставив, да не одиме во метафизички води или пак физика, ќе ја промашиме темата.
Па потоа ќе одговориш од каде потекнува енергијата според христијанското учење, создадена од богот или...?
Од ex nihilo (Ништо), точно велиш дека е од Бога создадена.

П.С. Од каде тоа „знаење“ дека ако нешто е создадено и има почеток дека не е вечно?
Со фактот што има почеток, следува дека не е Апсолутно.
--- надополнето: 9 април 2012 во 23:00 ---
Ако јас знам дека после три дена ќе си бидам жив и здрав, на кој начин тоа е жртвување?
Поминувањето низ искуството на самата Смрт.
И зошто воопшто е потребно жртвување? Кога нели пак ништо суштински не е променето?

Реков дека суштински, Бог го соедини Создаденото со Себе, тоа е Клучното.
Луѓето пак се истите како и порано, пак има војни, пак има страдање и најважно од се, според библијата ќе има и страшен суд! Тогаш што е поентата?
Поентата е да се заврши, исполни Историјата т.е. Таа тече слободно понатаму, како што ја креира човекот, но со Новата Можност во Вечноста да биде заедно со Бог, или без Бог.
 
Како се справува црквата со тие што немаат пари за нејзините услуги-крштевка,погреб?Ќе ги одбие ли ако немаат пари да платат?
 
Ти што велиш?
Јас ништо не велам, јас еве дојдов да прашувам христијанин што мисли дали само апсолутното е вечно и зошто е тоа така?
 
Како се справува црквата со тие што немаат пари за нејзините услуги-крштевка,погреб?Ќе ги одбие ли ако немаат пари да платат?
Не! Но не ме чуди да има спротивни примери на поединци.
 
Поентата е да се заврши, исполни Историјата т.е. Таа тече слободно понатаму, како што ја креира човекот, но со Новата Можност во Вечноста да биде заедно со Бог, или без Бог.
Но нели бог е во секој од нас? Не го кажа ли тоа лично Исус? Тогаш за каква нова можност зборуваш?
 
Јас ништо не велам, јас еве дојдов да прашувам христијанин што мисли дали само апсолутното е вечно и зошто е тоа така?
Да, затоа што не е создадено, нема почеток и крај.
 
Да, затоа што не е создадено, нема почеток и крај.
Апсолутното е несоздадено, а се создадено постои во несоздаденото и умира?
 
Но нели бог е во секој од нас? Не го кажа ли тоа лично Исус? Тогаш за каква нова можност зборуваш?
Да, во личносна смисла, бидејќи личноста се пројавува преку друга личност, а од создаденото тоа му е дадено само на Човекот(по тоа сме различни од сета творба).
--- надополнето: 9 април 2012 во 23:16 ---
Апсолутното е несоздадено, а се создадено постои во несоздаденото и умира?
Постоењето во Несоздаденото не значи Единство со Него. Зар Апсолутот, нема решение за тоа да го постави соодветно!?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom