Борусија Дортмунд - Баерн Минхен [11.04.2012-20:00 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Баерн.М

    Гласови: 39 30,7%
  • Борусија.Д

    Гласови: 76 59,8%
  • реми

    Гласови: 12 9,4%

  • Вкупно гласачи
    127
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mario Gómez

Гостин
fc-bayern-muenchen-dortmund_140x160.gif
Ајде тема за германското елкласико. :D Најважен натпревар за двете екипи сезонава, Дортмунд водат 3 бода, и со победа ја осигуруваат титулата, со нерешено ќе се решава во последните 4 кола, ако тепа Баерн ќе имаат исто бодови но поради подобра гол разлика Баерн ќе излезе прв на табелата. Дортмунд убедливо поуспешни од Баерн во последните заеднички 3 натпревари. Двете екипи ќе играат и во финалето на купот на 12 мај, 7 дена пред Баерн да игра во финалето на ЛШ:
 
Ривалството со Баерн произлезе од 1995 и 96 година кога Борусија Дортмунд со Хицфелд наголемо се врати на врвот во Германија. До 2002/03 држеше големото ривалство пошто Дортмунд вака така беше на врвот но од тука Дортмунд падна и финансиски и спортски па до пред 2 години го немаше. Но тоа се промени сега. Дортмунд се покажа како слабата точка на Баерн годинава и лани, ќе видиме сега што ќе испадне. Двата тима во одлична форма, Дортмунд 23 утакмици без пораз а Баерн мислам со 9 победи по ред ако земеме сите натпревари. Можно е Геце да се врати ама и да не игра Дортмунд е благ фаворит поред мене 55-45 пошто игра дома, 23 утакмици по ред нема изгубено, три пати по ред го тепа Баерн и годинава во Бундеслигата има само 3 порази и секако дека на Баерн на гости потешко му оди. Ако не изгуби Дортмунд тоа за мене би било добар резултат.

А за загревајне од пред неколку години едно клипче:

 
Сигурно дека овој меч е мечот на сезоната во Германија.Ќе биде многу неизвесен.
Според мене повторно како и првиот меч од сезоната ќе биде тврд меч,со најмногу два голови.
И мислам дека мечот ке го реши или грешка на некоја од одбраните или некој индивидуален потег.
Типувам на 1:0 за Дортмунд! :)
 
Хикс мислам дека ќе заврши оваа, влогот е преголем и ќе се влезе со голема претпазливост во овој дуел и од двете страни али еве навивачки би идел на Дортмунд иако нерешено гласав на анкетата.
Клоп ми е една од омилениве тренерски фигури во фудбалскиот свет, многу ми се свиѓа неговиот начин на работа и фудбалската филозофија која ја преферира и се имам веќе изјаснето дека он е еден од оние инди големи тренерски имиња во овој спорт и со она што до сега го покажал, не верувам дека неговиот тим пред домашните навивачи ќе разочара и ќе ги препушти 3те бода на Баерн.

Меч на сезоната е ова не само во Германија и воопшто во фудбалска Европа, ретки се овие дуели каде буквално се одлучува за титулата пред сам крај на сезона, једино Барса - Реал ќе е пред овој меч, Сити - Јунајтед веќе отпадна од комбинација со оглед на големата разлика која ја направија Јунајтед. .
 
fc-bayern-muenchen-dortmund_140x160.gif
Ајде тема за германското елкласико. :D Најважен натпревар за двете екипи сезонава, Дортмунд водат 3 бода, и со победа ја осигуруваат титулата, со нерешено ќе се решава во последните 4 кола, ако тепа Баерн ќе имаат исто бодови но поради подобра гол разлика Баерн ќе излезе прв на табелата. Дортмунд убедливо поуспешни од Баерн во последните заеднички 3 натпревари. Двете екипи ќе играат и во финалето на купот на 12 мај, 7 дена пред Баерн да игра во финалето на ЛШ:
o_O

Инаку за утакмицава очекувам победа на Дортмунд,можеби нерешено бидејки Баерн е искусна и голема екипа па ќе знае да ги искористи своите шанси. Очекувам не многу голови...максимум 2 според мене.
 
Очекувам и се надевам на победа на Дортмунд за инает на Боби..2-1 конечен резултат Гомез за Баерн, Хумелс за Дортмуnt:D
 
Знам ја дека за инает мој сите ќе навивате на Борусија... Ама нема да победите... BAYERN UBER ALLES!:vozbud:
 
Не се занесувајте,ќе го лапа Борусија,усрани се,ќе ги мачкаме!!!

малце да се крене тензијата :)
 
Во Германија што одлучува ако имаат ист број на бодови на крај, гол разлика или меѓусебен дуел, ако е меѓусебниот ондак им одговара на Борусија и нерешено, ќе имаат 1 џокер за трошење до крај.
 
Anketata trebalo da glasi: koj tim sakate da pobedi, po sto site osven fanovite na FC Bayern sakaat posakuvaat Dortmund da pobedi.
 
Во Германија што одлучува ако имаат ист број на бодови на крај, гол разлика или меѓусебен дуел, ако е меѓусебниот ондак им одговара на Борусија и нерешено, ќе имаат 1 џокер за трошење до крај.

Прво гол разлика,после меѓусебни дуели....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom