Jас го коментирам делот кој се однесува на мојот цитат.
Имено, ти мене ми објаснуваш како тоа кучињата вршеле нужда секаде, а сопствениците не чистеле, а јас истото го зборувам минативе 12 страни.
И чисто информативно, мене моето куче ми значи многу повеќе од било кое човечко суштество.
Немој да се лутиш, ама да треба да бирам меѓу тебе и него, сигурно него ќе го одберам.
--- надополнето: 9 април 2012 во 14:38 ---
Блекаут, немаш куче, затоа изгледа и не можеш да ја сфатиш потребата од многу повеќе паркови од ваков тип. Јас немам таков проблем, затоа што законски смеам да го шетам пуштено во Гази Баба, иако шетаат е деца, и постари луѓе, и секој.
Но, за жал, го поистоветуваш несобирањето на изметот од страна на сопствениците, со шетањето на кучето.
Кучињата немаат, и нема ни да имаат ограничување каде ќе шетаат. Пример, можам кај некого пред зграда да го однесам, нема закон кој ми го забранува тоа - а и нема ни да има. И што, затоа што можам тука да го шетам, треба да не го исчистам сметот?
Јас не морам да го носам кучето во парков. Еве ќе дојдам во парк и ќе се шетам по стазите, и онака никогаш не седам во тревата. Ќе се покака кај таксистите тука. Не е во паркот каде што седат луѓето... мислиш во ред е?
Така што, влегувате во поле кое очигледно не го познавате, од простор потребен за куче, до потреба од паркови, до законска регулатива..... исто така, доколку мајката си го ,,сере,, детето, и следува казна, ама никој не ја казнува
Нема ни мене никој да ме казни, едноставно, не сакам да оставам смет наоколу.
Затоа, кучемразачи, не се радувајте премногу
(ова не се однесува лично на тебе)