Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Значи приказните дека се вози исто ако поскапува горивото и дека интензитетот на сообрајќајот како индивидуално така и во економијата не е намален пред самите бројки паѓа во вода.


Датум: 03.04.2012, 18:06
ЛАНИ РАФИНЕРИЈАТА ДРАСТИЧНО ОТСТАПИ ОД ПЛАНИРАНОТО ПРОИЗВОДСТВО
„Окта“ преработи 420.000 тони нафта помалку од планираното

Минатата година рафинеријата „Окта“ има преработено 420.000 тони сурова нафта помалку отколку што планирала и врз база на што е изготвен Енергетскиот биланс на земјата, што е намалување за дури 38 отсто од планираното. Во Билансот за лани беше планирано да се преработат 1,1 милион тони сурова нафта и оваа проекција е правена според плановите на рафинеријата. Меѓутоа, според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, кои се внесени во извештајот за работа на Kомисијата доставен до Собранието на РМ, „Окта“ има преработено само 685.754 тони нафта, што е за 18,58 отсто помалку од 2010 година.

Но затоа рафинеријата лани увезла околу 250.000 тони готови деривати. Според регулаторите, во 2010 година биле увезени 450.000 тони готови деривати, при што дури 56 отсто од количините ги има увезено „Окта“. Останатите поголеми увозници биле „Лукоил“ (со 22 отсто), „Алми петрол“ од Kуманово (со 8 отсто) и „Макпетрол“ со нешто над 3 отсто. Останатите над 10 отсто биле увезени од други помали увозници. Истовремено, биле извезени 354.000 тони готови деривати, што е за 11 отсто повеќе од претходната година, од кои дури околу 98 отсто извезла рафинеријата.

Овие податоци само потврдуваат дека во последниве две години рафинеријата спроведува политика на намалување на обемот на работењето, односно на преработка на сурова нафта, а за сметка на тоа го зголемува увозот на деривати од својата матична компанија „Хеленик петролеум“. Намалувањето на работата почна да се чувствува во 2010 година кога биле преработени 842.000 тони сурова нафта иако претходните години се преработувале по над еден милион тони. Уште подрастичен пад има лани, а истото ќе се случува и годинава. Во Енергетскиот биланс за оваа година „Окта“ влегува со проекција за преработени 692.000 тони нафта и увезени 200.000 тони готови деривати. Но, ако се земе предвид ланското отстапување на реализираното од планираното, нема да изненади обемот на работа да биде уште помал од предвиденото.

Инаку „Окта“ веќе извесен период не работи. Официјално, тоа е поради ремонт на постројките и ќе трае еден-два месеца. Но неофицијално се зборува дека прекинот на работата ќе биде подолг, односно шест месеци и дека ова се прави за да ~ се помогне на матичната компанија, односно на економијата на Грција. За Македонија, пак, тоа ќе има негативни ефекти бидејќи „Окта“ е еден од поголемите креатори на домашниот бруто-производ.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F811B2C9FE2B5948A78479F2A84B0C3C
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
Мисли се ти дека е така.
Да си богат и успешен е тешка и некогаш мачна обврска. На пример отвараш фрижидерот како трокрилен ормар и сега шо да јадиш? печеница?, Пршута?, авокадо? морски плодови? отвори гардероберот пола сат треба да избирам који панталони, маица, чевли, патики да ставам, појди до кафематот и мисли се дал експресо дал нескафе дак капучино.... застани пред шанкот и пули се пули се виски... бурбон... текила... водка... коњак....
Секој ден заситен од убави јадења така да веќе и не му се радувам на бого поставени трпези, не ме возбудуваат ни пари ни коли ни нови технологии, се изгуби радоста и возбудливоста во очекување на нешто ново. Се отуѓив и од природата, со кола ваму таму, на лето климатизирано на зима стоплено секогаш иста температура дома.....
Сиромаштијата е благодет, знае чоек да му се радува на едноставни работи... пилешка посебна 200 грама !!, килоипол “Мајсторско“ поделено со двајца колеги на градилиште.... нова гума за точак!! најдени 50 денари на земја... закрпен чорап!! ... нема ден да не доживее некоја длабока емоција.
Зато слушајте совет од искусен чоек.. не трчајте по пари и богатства!
Тебе ти смачило од пари и богатства и сите убавини пружени со тоа, па затоа сакаш да се вратиш на понорамлен живот..ама некој кој нема автомобил, кој нема печеница пршута морски плодови авокадо у фриждер смачено му е од тоа едвај да крпи крај со крај секој месец, па сигурно дека посакува да биде на твое место..така да ретко може да се најде човек кој ќе биде задоволен било да го има едното било другото..сигурно и ти порано не си ги имал сите овие работи, па си работел за да стигенш до нив...сите живеат за да постигнат нешто во животот и да живеат еден нормален убав живот..
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
еее, како не:), одамна не сме виделе поскапување:)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Мисли се ти дека е така.
Да си богат и успешен е тешка и некогаш мачна обврска. На пример отвараш фрижидерот како трокрилен ормар и сега шо да јадиш? печеница?, Пршута?, авокадо? морски плодови? отвори гардероберот пола сат треба да избирам који панталони, маица, чевли, патики да ставам, појди до кафематот и мисли се дал експресо дал нескафе дак капучино.... застани пред шанкот и пули се пули се виски... бурбон... текила... водка... коњак....
Секој ден заситен од убави јадења така да веќе и не му се радувам на бого поставени трпези, не ме возбудуваат ни пари ни коли ни нови технологии, се изгуби радоста и возбудливоста во очекување на нешто ново. Се отуѓив и од природата, со кола ваму таму, на лето климатизирано на зима стоплено секогаш иста температура дома.....
Сиромаштијата е благодет, знае чоек да му се радува на едноставни работи... пилешка посебна 200 грама !!, килоипол “Мајсторско“ поделено со двајца колеги на градилиште.... нова гума за точак!! најдени 50 денари на земја... закрпен чорап!! ... нема ден да не доживее некоја длабока емоција.
Зато слушајте совет од искусен чоек.. не трчајте по пари и богатства!

Види богат пријателе, ти и покрај толку земни богатства :pos: пак можеш да ги правиш работите што ги прават обичните смртници

Пак можеш да одиш да си купиш салама посебна од 200 грама, можеш да си купиш мајсторско од килоипол и да го поделиш (иако моја препорака е да не го делиш :) ), пак можеш да си ги крпиш чорапите, да си купиш точок, па потоа и гума за него итн...

Али сиромашниот човек никогаш нема да може да ја почувствува мачната обврска да избере што да јаде, печеница, пршута или авокадо, никогаш нема да може пола саат да избира што да носи бидејки има 2 пара фармерки и еден пар чевли, нема да може да избира дали сака макијато, експресо или нес, и нема да може да застане пред шанкот за да избере дали ке пие виски, бурбон, текила, водка или коњак, прво бидејќи нема шанк, а второ бидејки нема виски, бурбон, текила, водка и коњак.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Темава е за бензинот, утре 93 денари ќе биде.. Споменици треба да се прават не е заенбација,
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Цената на горивата скока до плафон- од утре ново поскапување!

Ново поскапување на бензините. Од полноќ бензините поскапуваат за два денари, дизелот за половина денар.
Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари. ЕУРОСУПЕР БС- 98 ќе се продава за 87,5 денари за литар. Нова повисока цена за половина денар има и дизелот. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 75 денари.


И малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и литар ќе се продава за 63,5 денари. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,45 денари за килограм.

Како причина за новите плафонски цени на нафтените деривати се високите цени на нафтата на светските берзи како и односот на денарот со доларот, велат од регулаторната комисија за енергетика.
И пак како по обичај ВМРО ќе биде криво заради поскапувањето на горивата,кое зависи од берзите и срањата што американците ги прават
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:20 ---
Ќе се осмелиш, што ќе правиш :pos:
Да бе владава е крива.Така ли ве лаже сдсм.
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:21 ---
Темава е за бензинот, утре 93 денари ќе биде.. Споменици треба да се прават не е заенбација,
Па како берзите работат за спомениците шо мислиш ти
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
И пак како по обичај ВМРО ќе биде криво заради поскапувањето на горивата,кое зависи од берзите и срањата што американците ги прават.
Не бе брат, зошто Вмро да биде криво? Јас пукам по влада и парламент, кај нив се трошат средства без претходна анализа за тоа колку би требало, наместо тоа користат утврдени пресметки од пред 10 години. Лапаат секоја година по еден нов автомобил и ич мува не ги лази. Мислиш ти дека на еден пратеник/министер му е гајле колку е еден литар бензин кога зема 2000 евра плата?

Што не ја намалат акцизата? Со секое поскапување акцизата останува иста а расте процентот на ДДВ што оди директно во буџет. Нека го намалат или едното или другото. Вака е преку кур веќе, дојде луксуз да запалиш кола!
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:25 ---
И ич не ми е гајле колку е цената на бензинот на берза или во регионот или целиот свет. Јас живеам во Македонија и за тука ме интересира!
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
И пак како по обичај ВМРО ќе биде криво заради поскапувањето на горивата,кое зависи од берзите и срањата што американците ги прават
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:20 ---

Да бе владава е крива.Така ли ве лаже сдсм.
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:21 ---

Па како берзите работат за спомениците шо мислиш ти
Е Не јас сум крив за поскапувањето, на светските берзи нафтата паѓа а тука горивото се крева.

Ти пријателе да не си од тие што се вработени во државна администрација што седат дома и земаат плата. А?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Ти пријателе да не си од тие што се вработени во државна администрација што седат дома и земаат плата. А?
Он не седи дома, туку си тера приватен бизнис во исто време дури зема плата од државна администрација. Што мислиш од каде му се 3-4 коли по дома.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кој море 90, а бе 100 денари за ова стока овде :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Он не седи дома, туку си тера приватен бизнис во исто време дури зема плата од државна администрација. Што мислиш од каде му се 3-4 коли по дома.
Уште подобро значи, не го интересира него дали ќе биде 2 еура или 3 еура за литар гориво. Мора да лае.
--- надополнето: 8 април 2012 во 20:40 ---
Кој море 90, а бе 100 денари за ова стока овде :pos::pos::pos::pos::pos:.
НЕ 100 туку 200
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Е Не јас сум крив за поскапувањето, на светските берзи нафтата паѓа а тука горивото се крева.

Ти пријателе да не си од тие што се вработени во државна администрација што седат дома и земаат плата. А?
Така некако ќе да е!
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
.... . Мислиш ти дека на еден пратеник/министер му е гајле колку е еден литар бензин кога зема 2000 евра плата?

....
И плус на нив бензинот им го плака државата, не трошат од тие 2000 евра плата, туку им даваат уште по 30 000 евра годишно за бензин. И се тоа нормално, од народни пари.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Он не седи дома, туку си тера приватен бизнис во исто време дури зема плата од државна администрација. Што мислиш од каде му се 3-4 коли по дома.
Немаме 3-4 автомобили.Лично јас и сопругата имаме по 1автомобил,а фамилиарно(татко ми,сестра ми и зет ми јас и двајца браќа) што имаме вкупно 9 автомобили,не сум јас крив.
--- надополнето: 8 април 2012 во 21:05 ---
И плус на нив бензинот им го плака државата, не трошат од тие 2000 евра плата, туку им даваат уште по 30 000 евра годишно за бензин. И се тоа нормално, од народни пари.
Абе зима народни пари,ама си го враќа своето што го инвестиртал на избори за да стане нешто:пратеник,министер,премиер................
 

Kajgana Shop

На врв Bottom