Анархија

A

AnFem

Гостин
Може да нема пари. Со укинување на паричното стопанисување, при што вредноста на стоките и услугите би се пресметувале на алтернативен начин. Тоа би довело до конечно напуштање на човековата желба за трупање на пари. Солидарноста, еднаквоста, колективизмот не треба да доведат до запоставување на единката, на нејзиниот индивидуален дух кој мечтае за слободата.
Едно е Анархија хаос, а друго е Анархија во вистинска смисла на зборот.
Не се подразбира под анархија смисла на безредие од најсуров вид, како што вие си замислуваат луѓето т.е. кршење излози на дуќани, пљачкање банки, разбојништва, Силовање, или Секој што ќе се добере до оружје ќе го испука оној што е до него, бидејќи ќе нема систем да го казни него, туку безвластие Во суштина, анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред. Анархистите не сметаат дека тој ред може да се воспостави преку власт. Тие сметаат дека може да се создаде преку бездржавен Социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата. Значи анархисти се луѓе кои се залагаат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму, каде што започнува слободата на друг човек.
Анархистите се алтруисти и одат на ЧОВЕЧКИ односи.
На Анархистите јасно им е дека државата е заснована на Присила..но СЕ ТУКА за реакција кога ТРЕБА-неправда не трпат,и истите работат и се корисни за општеството.
Анархијата има добри примери во субкоманданте маркос(мексико)и народот живее ЧОВЕЧКИ...понатаму Махно...системот функционирал,и не значи дека анархијата е антидржавна-напротив анархизмот е за ПРАВЕДНА ДРЖАВА.
Супер ти е постов, само за последниов дел, во врска со државата, тотално не си во право.

http://www.spunk.org/texts/intro/faq/sp001547/secB2.html
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Во суштина, анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред. Анархистите не сметаат дека тој ред може да се воспостави преку власт. Тие сметаат дека може да се создаде преку бездржавен Социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата. Значи анархисти се луѓе кои се залагаат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму, каде што започнува слободата на друг човек.
Без организација, без лидерство, без некаква хиерархија, нема напредок на човештовото, а тоа значи назад во камено време.
Анархијата, слично како и комунизмот се невозможни системи. Она што треба да прави човекот е некакво приближување до тие системи.
 
А од каде идејата дека нема да има организација?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
А од каде идејата дека нема да има организација?
За да има организација најчесто треба да има лидерство, што значи некаква си хиерархија.
Скоро сите проекти во општествата се направени со организација каде постои хиерархија.

Не може да земеш да градиш облакодер и сите да кажуваат што, како треба... мора да постои лидерство, некој кој ќе координира како се одвиваат работите.
 
Немој да ме сфатиш погрешно, ама еве зошто постојано зборувам дека мораш да имаш добро познавање од некоја област, за да бидеш компетентен да разговараш, да имаш одреден став и да завземеш страна. Ова не е нешто едноставно, за да може да се објасни во две реченици. Јас викам дека е возможна организација без никакви лидери и дека такво нешто е веќе спроведено во пракса. Проблем направиле оние на кои не им одговарала нечија слобода, паразитите кои не сакаат да си го запотат газот и да си го заработат лебот и повеќе им одговара да поседуваат робови. Јас сум против опресијата и тврдам дека е крајно нечовечна, а вие ме убедувате дека тоа е сосема во ред и покрај тоа што мојот организам веќе силно почна да се противи на таквите појави. Секоја клетка во мене вреска од незадоволство и ми докажува колку тоа не е во ред. Капитализмот бил убав, за кого? За оние „горе“? Каде ја гледате убавината на оваквот неправеден систем? Во позлатените решетки можеби? Кажете им на гладните колку е убав...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

Премногу навредуваш во твоите постови млада дамо, како прво не сите АнтиАнархисти се паразити кои не се способни да си го заработат парчето леб и не сите АнтиАнархисти држат робови и вршат опресија !
Впрочем робовладетелското општество заврши многу одамна, каде во која земја денеска постои робовладетелско општество и кој ти врши опресија врз тебе си имаш слобода само што незнаеш како да ја искористиш, оди нешто учи, работи, заработувај па нема да бидеш гладна и нема да се чуствуваш како во кафез, со кукање и плачење нема ништо да добиеш, цел живот ќе ти помине во сонување и цимолкање !
Ако сум јас АнтиАнархист не значи дека сум од врвот т.е. од шлагот/кремот и не значи дека сум паразит, си ја работам својата работа на никого не му газдувам, ниту пак мене некој ми газдува, си работам самиот за себе и не сум паразит, туку напротив вие Анархистите сте паразити и боледувате од хронични болести како Мрзитис Неработис
Глупидис и.т.н. сите околу вас ви се криви пошто ете они успеале во животот некој помалку, некој повеќе, кој како, а вие сте останале бедни со празни џебови и со бедна душа, па сега ќе предавате НеоКомунизам и Анархија, како тоа не чинело ова, не чинело она, другите биле паразити, а вие сте биле робови, ја мајката, кој ти брани на тебе млада дамо да напредуваш во животот, оди учи, работи и снајди се како повеќето други што прават, не продавај филозофии и утопии за НеоКомунизам, Анархија и сл. срања.
Во светот има секакви луѓе, некои поддржуваат Капитализам, некои поддржуваат Исламизам(шеријат), некои сакаат Монархија, некои пак сеуште живеат во племенски заедници, но и таму постои хиерархија т.е. има водач на племето, значи секаде мора да постои хиерархија т.е. да има некој над сите и не сите луѓе на планетава ги поддржуваат вашите ставови за бездржавни општества.
И јас многу не ја сакам државата т.е. сметам дека треба да се намалат ингеренциите на државата, но не и целосно да изчезне државниот систем, сепак треба да постои некаква држава, но во по минимализирана/скратена варијанта од сегашнава, но тотално бездржавно општество хаха тоа е неостварлива Утопија !
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Немој да ме сфатиш погрешно, ама еве зошто постојано зборувам дека мораш да имаш добро познавање од некоја област, за да бидеш компетентен да разговараш, да имаш одреден став и да завземеш страна. Ова не е нешто едноставно, за да може да се објасни во две реченици. Јас викам дека е возможна организација без никакви лидери и дека такво нешто е веќе спроведено во пракса. Проблем направиле оние на кои не им одговарала нечија слобода, паразитите кои не сакаат да си го запотат газот и да си го заработат лебот и повеќе им одговара да поседуваат робови. Јас сум против опресијата и тврдам дека е крајно нечовечна, а вие ме убедувате дека тоа е сосема во ред и покрај тоа што мојот организам веќе силно почна да се противи на таквите појави. Секоја клетка во мене вреска од незадоволство и ми докажува колку тоа не е во ред. Капитализмот бил убав, за кого? За оние „горе“? Каде ја гледате убавината на оваквот неправеден систем? Во позлатените решетки можеби? Кажете им на гладните колку е убав...
Секако дека постојат организации без лидери, јас тоа не го негирам.
Но како примерот што го дадов погоре со облакодерот.... не можеш да формираш организација каде ќе нема лидери (одговорни) и да започнеш да градиш зграда. Ќе настане хаос. Треба да се обезбедат рути на ресурсите со кои ќе се гради облакодерот, патишта, сета потребна логистика, планови, симулации итн. Сигурно работниците нема да ја проектираат зградата? Или тие да наредуваат кога кој дел да се гради? Ова важи и за многу други работи кои се далеку побитни за човекот...
Затоа реков, без лидерство, кое несомнено создава некаква вертикална хиерархија - нема напредок, а логичен заклучок ако нема напредок е.... камено време.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854

Moже да постојат организации без лидери. Како и без лидер во државата.

До бескласен систем мојт да дојдит ако дојдит на власт партијата која ги застапуват интересите од класата на која и одговарат бескласното оопштество - работничката. Таја партија застапуват и најголем дел од населението во државите. Со идење на таја партија на власт, се укинвет другите партии, со што се спречвит поранешната владејачка класа пак да завладејт. Со идењето на бескласноста, партијата, како бранител на интересите од една класа, престанува да постојт. Причина е то што не би имало класи. И заедно со партијата, престанвет да постоет и сите други инструменти за поткрепа на владеачката класа, како држава, црква, или џамија, или што и да е.

. Значи, Анархија е ако можам да бирам кој да ме јават? НЕ! Јас велам ( а и социологијата), Анархија е ако никој не ме јават. Анархијата е тој конечен стадиум на бескласност, за кој прајме муабет. За еден вработен во фени Анархија е ако можит да бират кој да му е газда, или ако воопшто немат газда? Анархија е ако народот владејт сам со себе. како би владеел горенаведениот работник, ако имат ГАЗДА кој владејт со него? Значи, не владејт ни сам со себе.
 
И јас сум против државата(во ваков облик), сметам дека треба да се намалат/минимализираат нејзините ингеренции, сега за сега државите се сеуште многу моќни и имаат огромни ингеренции кои длабоко задираат во основните права на граѓаните, но сепак иако во поскратена варијанта сепак треба да постои некаков минимален државен систем/апарат, колку да може да се покриваат најосновните граѓански потреби како на пр. безбедноста на граѓаните(полиција и армија), правен систем(судство), здравство, школство и.т.н.
Значи разликата помеѓу нас АнтиАнархистите и вас Анархистите е тоа што вие сметате дека треба да има тотално бездржавно општество, без никакви класи, хиерархии, лидери и сл. а ние сметаме дека исто така треба да се намалат ингеренциите на државата, но сепак мора да постои некаков минимализиран државен апарат, колку да се одржат нормалните потреби на граѓаните: безбедност(полиција и армија), правен систем(судство), здравство, школство и сл. значи ипак мора да постои некаква хиерархија и авторитет во државата, но во далеку поминимализирана форма од сегашнава !
Дефиниција за АнтиАнархист:
A person who does not believe in government control, but also sees anarchy as leading nowhere; A person who supports an extremely minimal government, just enough to prevent anarchy.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Премногу навредуваш во твоите постови млада дамо, како прво не сите АнтиАнархисти се паразити кои не се способни да си го заработат парчето леб и не сите АнтиАнархисти држат робови и вршат опресија !
Антианархистите се едни луѓе којшто немаат појма што значи терминот Анархија.
Значи, овој тип на Десничарски идиоти се неспособни да ја сфатат темелната разлика меѓу поимите „ Анархија и Хаос“.

Премногу навредуваш во твоите постови млада дамо, како прво не сите АнтиАнархисти се паразити кои не се способни да си го заработат парчето леб и не сите АнтиАнархисти држат робови и вршат опресија !
Впрочем робовладетелското општество заврши многу одамна, каде во која земја денеска постои робовладетелско општество и кој ти врши опресија врз тебе си имаш слобода само што незнаеш како да ја искористиш, оди нешто учи, работи, заработувај па нема да бидеш гладна и нема да се чуствуваш како во кафез, со кукање и плачење нема ништо да добиеш, цел живот ќе ти помине во сонување и цимолкање !
Робовладетелското општество трае и ден денес. Како што во Робовладетелството робовите биле експлоатирани од робовладателите, во Феудализмот закрепостените селани од феудалците, а во Капитализмот наемните работници се експлоатирани од капиталистите

туку напротив вие Анархистите сте паразити и боледувате од хронични болести како Мрзитис Неработис
Глупидис и.т.н. сите околу вас ви се криви пошто ете они успеале во животот некој помалку, некој повеќе, кој како, а вие сте останале бедни со празни џебови и со бедна душа, па сега ќе предавате НеоКомунизам и Анархија, како тоа не чинело ова, не чинело она, другите биле паразити, а вие сте биле робови, ја мајката, кој ти брани на тебе млада дамо да напредуваш во животот, оди учи, работи и снајди се како повеќето други што прават, не продавај филозофии и утопии за НеоКомунизам, Анархија и сл. срања.
Ние Анархистите сме луѓе што припаѓаме на Работничката класа.
Не може Работничката класа да бидат мрзеливи.
А тие што се снашле со богатство се снашле од нечесни работи. Не се снајдени од копање со Лопата, Казма или Дикел или работање земјоделие...
Некој обичен човек да земе нова кола од ниската класа којшто мизерувал едно децение од луѓето ќе се појавуваат муабети од типот „мамето негово од каде му се парите“.
Или пак ќе отвори некој обичен човек некое мало дуќанче исто така ќе почнат да викаат од каде му се парите. А никој нема да рече Господ да му поможит Алал да му е, да му се збираат парите и да му цвета бизнисот“.

А имаш поинаков случај некој наркодилер, мафијаш, криминалец... којшто има завршено основно одделение неговотоИМАЊЕ Е СТЕКНАТО СО КРАДЕЊЕ ОД ТИЕ ШТО НЕМААТ (причината на неговото имање е тоа што крадел од нивното, дрога, изнуда на рекет, ) има возен парк БМВ М5, Бентли, Ферари и таквиот човек никој воопшто не го осудува од типот мамето негово од каде му се парите, туку за таков имаш муабети од типот
СЕ СНАЈДЕ ЧОВЕКОТ, СИ РАБОТИТ ЧОВЕКОТ ИТН...

Дали е потрудољубив тој што се ранит на туѓи плешти? Не би рекол. Дали то што се родил како син од овега или онега го прајт поинтелегентен или понеинтелегентен? Не

Дали е синот на милијардерот Карлос Слим или на Ворен Бафет попаметен од мене Или да не одиме далеку дали е комшијата (чиј татко е газда на Фабрики попаметен од мене Воопшто не е. Туку баш е глуп. И живее на туѓ грб од сите вработени кај татко му.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Moже да постојат организации без лидери. Како и без лидер во државата.

До бескласен систем мојт да дојдит ако дојдит на власт партијата која ги застапуват интересите од класата на која и одговарат бескласното оопштество - работничката. Таја партија застапуват и најголем дел од населението во државите. Со идење на таја партија на власт, се укинвет другите партии, со што се спречвит поранешната владејачка класа пак да завладејт. Со идењето на бескласноста, партијата, како бранител на интересите од една класа, престанува да постојт. Причина е то што не би имало класи. И заедно со партијата, престанвет да постоет и сите други инструменти за поткрепа на владеачката класа, како држава, црква, или џамија, или што и да е.

. Значи, Анархија е ако можам да бирам кој да ме јават? НЕ! Јас велам ( а и социологијата), Анархија е ако никој не ме јават. Анархијата е тој конечен стадиум на бескласност, за кој прајме муабет. За еден вработен во фени Анархија е ако можит да бират кој да му е газда, или ако воопшто немат газда? Анархија е ако народот владејт сам со себе. како би владеел горенаведениот работник, ако имат ГАЗДА кој владејт со него? Значи, не владејт ни сам со себе.
Тоа не е анархија, тоа е поблиску до комунизам.
Ок, еве да речиме да се постави систем без хиерархија, без лидерство. Како човештвото ќе напредува?
Како ќе прават авиони за брз транспорт од една до друга земја? Како ќе градат превозни средства кои би ги поседувал секој човек? Обезбедување ресурси? Како воопшто човештвото ќе оди напред?
--- надополнето: 8 април 2012 во 14:56 ---
Робовладетелското општество трае и ден денес. Како што во Робовладетелството робовите биле експлоатирани од робовладателите, во Феудализмот закрепостените селани од феудалците, а во Капитализмот наемните работници се експлоатирани од капиталистите
Не е точно. Човекот денес има избор, а робовите во минатото немале. И ти многу лесно може да почнеш бизнис каде други ќе работат за тебе.

Ние Анархистите сме...
комунисти барем според досега пишаното. :)
--- надополнето: 8 април 2012 во 14:58 ---
Не може Работничката класа да бидат мрзеливи.
Еве ти, како паметен и вреден анархиста, како ќе си направиш сам автомобил за да патуваш на други места и со тоа да си го олесниш животот?
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Тоа не е анархија, тоа е поблиску до комунизам.
Ок, еве да речиме да се постави систем без хиерархија, без лидерство. Како човештвото ќе напредува?
Како ќе прават авиони за брз транспорт од една до друга земја? Како ќе градат превозни средства кои би ги поседувал секој човек? Обезбедување ресурси? Како воопшто човештвото ќе оди напред?
Во вистинската Анархија доколку се реализира држави, граници, нации, и слични такви срања воопшто не треба да постојат.

Држава. Граници. Сето тоа е измислица. Ништо од тоа не постои освен на географски атлас. И таму тие се создадени за подобро снаоѓање. Зависи, каква е картата (тематската карта). ВО друг случај, граници постојат заради човековата глупост. За стоирање и регулирање стока наречена човек и билдање пари.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Во вистинската Анархија доколку се реализира држави, граници, нации, и слични такви срања воопшто не треба да постојат.

Држава. Граници. Сето тоа е измислица. Ништо од тоа не постои освен на географски атлас. И таму тие се создадени за подобро снаоѓање. Зависи, каква е картата (тематската карта). ВО друг случај, граници постојат заради човековата глупост. За стоирање и регулирање стока наречена човек и билдање пари.
Во друга земја, еве нека биди во географска смисла, а не геополитичка.
Граници постојат со добра причина. Тоа е да не речам еволутивна последица.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Во друга земја, еве нека биди во географска смисла, а не геополитичка.
Граници постојат со добра причина. Тоа е да не речам еволутивна последица.
Границите не постојат со добра причина. Туку границите постојат само со лоша причина.
Кога би исчезнале границите воопшто тогаш нема да има војни, нема да има тепачки на национална основа, верска и расистичка и ќе исчезне националната и расната гордост...
И ќе можеш да си патуваш каде сакаш бидејќи тогаш нема да има гранични премини, пасоши итн...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Границите не постојат со добра причина. Туку границите постојат само со лоша причина.
Кога би исчезнале границите воопшто тогаш нема да има војни, нема да има тепачки на национална основа, верска и расистичка и ќе исчезне националната и расната гордост...
И ќе можеш да си патуваш каде сакаш бидејќи тогаш нема да има гранични премини, пасоши итн...
Внатре во Шри Ланка нема граници, па сепак имаше 2 децениска војна. Во Авганистан нема граници, па пак имаше војна пред да дојдат Американците. Судан истото, Конго, Сирија, Турција, Ирак...
На луѓето не им требаат граници за да се убиваат.

Еве имаш граници во Европа, па може слободно да патуваш, без пасоши и гранични премини...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom