Свака му част на Ацо Кејд дава 8 поени по ред овој го вади...А па Мијалович шо проба да напраи на крај уше не ми е јасно.
Добра му беше идејава, сакаше да го удри Перо у грб и да си положи, само не знам како успеа да го промаши стариот.
Во среда очекувам да ги прегазат, доста е играње курташак.
--- надополнето: 8 април 2012 во 01:00 ---
Торус дома го добиваме 100% само криво ми е што Фени ќе има 1 недела поише одмор од нас, нив сеа им се погодија и во БИБЛ и кај нас во лига завршници, па ако тепавме со 3-0 уште повеќе ќе им го оптоваревме распоредот, што значи дека малце полесно се справиме со нив.Во никој случај нема да биде лесно, ама мислам дека таа предност од 1-0 ќе биде клучна
На ацо ич не му чуе, Шундо му е идол...
Нема врска тоа што ќе тепаа, бидејќи и да тепаа пак ќе се играше финалето на 18ти Април ( среда ), така да нема да им се фати нешто многу одмор на Фени ( 2 - 3 дена плус во однос на МЗТ ).
Ако не се лажам БИБЛ завршницата е на 21/22 Април, па ова сигурно е во корист на МЗТ бидејќи ептен згуснат им е распоредот, ем ќе бидат и уморни од патот, едноставно џокер у покер.
Него како што ми кажаа, Фени сакале финалето да се одигра по завршувањето на БИБЛ лигава, али така ептен долг период ќе им се фати на МЗТ без официјален натпревар, сигурно нема да играат пријателски овој период само колку да им удоволат на Фени.
Затоа за очекување е КФМ да не им го прифати предлогот.