Неможе да нема пари. Стокова-размена имало само во камено време. Да не тупам многу како настале парите прочитај Монетарна Историја многу интересна е. Со појавата на земјоделие има експанзија на Монети. Нема ниедно општество во кое има земјоделие да нема некој вид пари дури и некои hunter-gathers имале монети (светли камчиња, пердуви итн).
Јас само сакав да кажам што ќе се случи во овој момент ако настане анархија. Ќе се формираат банди најверојатно организирана мафија. А богатите ќе почнат да купуваат војници. Дали ќе му дадаат пари на некој генерал или ќе си формираат своја војска или може некој генерал ќе изврши воен удар како и да е веднаш власта од народот преоѓа во војската и богатите. И ќе прават што сакаат...законот ги штити самопрогласените анархисти да не бидат жртви на моќниците.
Не би тупел за Капитализам и Либерална демократија тоа е посебна тема. Сакав да кажам дека историски тој тип на управување донел најмногу слобода и благосостојба.
Баш сега имаш слобода ако има анархија не би можела да излезе на улица без да те упуца некој и зема имотот. Зеби утопија во која на сите им се испрани мозоците и сите се сакаат и немаат карактерискити како, алчност, себичност, садизам итн.
Ако има анархија веднаш зема пушка или ќе му платам на некој (генерал, мафијаш итн) да ме штити од будали. Светов е полн со такви.
Може да нема пари. Со укинување на паричното стопанисување, при што вредноста на стоките и услугите би се пресметувале на алтернативен начин. Тоа би довело до конечно напуштање на човековата желба за трупање на пари. Солидарноста, еднаквоста, колективизмот не треба да доведат до запоставување на единката, на нејзиниот индивидуален дух кој мечтае за слободата.
Едно е Анархија хаос, а друго е Анархија во вистинска смисла на зборот.
Не се подразбира под анархија смисла на безредие од најсуров вид, како што вие си замислуваат луѓето т.е. кршење излози на дуќани, пљачкање банки, разбојништва, Силовање, или Секој што ќе се добере до оружје ќе го испука оној што е до него, бидејќи ќе нема систем да го казни него, туку безвластие Во суштина, анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред. Анархистите не сметаат дека тој ред може да се воспостави преку власт. Тие сметаат дека може да се создаде преку бездржавен Социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата. Значи анархисти се луѓе кои се залагаат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму, каде што започнува слободата на друг човек.
Анархистите се алтруисти и одат на ЧОВЕЧКИ односи.
На Анархистите јасно им е дека државата е заснована на Присила..но СЕ ТУКА за реакција кога ТРЕБА-неправда не трпат,и истите работат и се корисни за општеството.
Анархијата има добри примери во субкоманданте маркос(мексико)и народот живее ЧОВЕЧКИ...понатаму Махно...системот функционирал,и не значи дека анархијата е антидржавна-напротив анархизмот е за ПРАВЕДНА ДРЖАВА.