Дали откога сите зли луѓе на светов ќе умрат, светот ќе биде мирен?

"After all the evil people in this world are dead,will this world be peaceful?"

  • Вкупно гласачи
    87
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Па тоа ми е поентата.
Од љубовта може да се роди омраза(или од доброто->зло).
Но со омраза не може да уништи омразата.
Или во конкретниов случај
омразата повикува омраза и се ствара ѓаволски круг(бесконечен круг) каде на одмаздата секогаш се одговара со омраза и едниствениот начин да се прекине овој ѓаволски круг е љубовта.
Да се вратам на почетокот со тоа што омразата се раѓа како резултат на преголема љубов т.е најчесто вака е
љубов->тага->омраза
поради различни причини.
Може да се каже дека лошото се раѓа како резултат на доброто, а невозможно е обратен случај.
И така твојата теза дека во основата е злото е погрешна :)
Да се погреши е човечки,да се прости е божествено.:D

Види, немам намера никому да му го форсирам моето мислење, нарочито па на ваква деликатна тема. Али чисто колку да ја испоштуваме темава - бебето се раѓа само со инстинкти за задоволување на сопствените потреби. Плаче кога е гладно, кога му се спие или кога е болно. Тоа е негов начин на комуникација. Во него сеуште нема љубов, ниту било каков алтруистички нагон. Значи, во основа се рагаме себични и самоволни. Љубовта ја учи од родителите. Ако го оставиш само (под претпоставка дека ќе преживее) нема да се научи да сака, единствено ќе останат инстинктите за задоволување на сопствените потреби и тоа по секоја цена. Ако не му е покажана љубовта, пристојното однесување, разликата која возрасните и веќе научените ја прават помеѓу доброто и лошото - тоа само нема да ја дознае никако. Ќе се води според себе и само себе.
Затоа кажувам дека доброто е научено однесување. Ние, при самото раѓање, колку и да сме биле слатки, без правилна насока би се развиле во зверови.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.502

Можам само да кажам дека се согласуваме дека не се согласуваме.;)
Премногу е опширна темава за да пробам да те премислам.
Единствено што можам да тврдам со сигурност е дека ние(луѓето)не се раѓаме ниту добри ниту злобни.
Постои голема разлика помеѓу тоа да се родиш себичен од она да се родиш злобен себичноста како појава кај бебињата е потреба или поинаку кажано инстинкт за преживување.
Ама ај да не ја тупам многу со првата реченица кажав се можеби во друга прилика ќе најдеме заеднички јазик:)
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
кои се тие зли луѓе?
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Одговорив на ова веќе побарај 2-3 страница.
Дали бебињата се злобни?

...У главном, бебињата се глина (табула раса некој гандалф рекол).
-Ако бебињата се неутрални како елементарните атоми, тогаш нешто е присутно во етерот на нашето дејствување што ги прави злобни.Тогаш тоа нешто е присутно во целото човештво, и тоа нешто може фино да си слегне во одредена индивидуа. Одредена болка се акумулирала во текот на нашето постоење и како таква ја има и во индивидуален и во колективен облик, изгледа наспроти таа неутралност родени сме со некој дефект којшто треба да го исправиме како би можеле да се стремиме кон понатамошно усовршување.
-Значи, болката постои од нашиот ни дефект, не е само индивидуална,туку е на сите нас,(ако некое копиле сака да се изолира, негов избор,од лично искуство, не успева тоа, не се менува, сепак остануваш со индивидуалната болка,правење зло кон себеси).
-Такада злобата е само облик на постоење, а болката е учителка, кој тука се опекол од рингла?-Дали истиот не пие кафе? Проблемот е шо стално мислиме дека сме сами и се издвојуваме, мислиме дека злобата постои само кај поединци, а тоа ни на биолошко а со тоа ни на духовно ниво неможе да опстане.И сам понекогаш мислам дека ако ги отепаме сите идиоти се ќе биде фино...doesnt go that way...
 
Убаво велиш.
Иако не знаеш дури не пробаш.:sneaky:
Единствен проблем е ако ги отепаш сите идиоти се симнуваш на нивно ниво и на крај ништо не си постигнал пак се враќаш на почеток.:(
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Најважно е да си признаеш дека и сам имаш злоба и болка во себе, ете, немам нешто масивно неетички и неморално направено во животот (мада етиката и моралот често знаат самите да бидат различни од ќош во ќош) ама приметуем понекад искра на болка и незнаење, и желба да се биде некој мини-господ. И то е то, нема некој 100% начин да го спречиш тоа, ама сигурен сум дека првиот чекор е да станеш свесен за тоа.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.502
Најважно е да си признаеш дека и сам имаш злоба и болка во себе, ете, немам нешто масивно неетички и неморално направено во животот (мада етиката и моралот често знаат самите да бидат различни од ќош во ќош) ама приметуем понекад искра на болка и незнаење, и желба да се биде некој мини-господ. И то е то, нема некој 100% начин да го спречиш тоа, ама сигурен сум дека првиот чекор е да станеш свесен за тоа.
Друже сите имаат злоба не дека постои некој без неа.
Разликата е само што на еден ќе му дадеш мотика и он ќе почне со работа ,а друг ќе почне да крши и убива.
Поентата ми е секој има избор да биде злобен или не секако тој избор многу често е под влијание не само на самите нас туку и на околината ,но на крајот одлуката е кај поединецот ,а делата што ги правиме во животот кажуваат кои сме и што сме..
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Дали бебињата се злобни?

...У главном, бебињата се глина (табула раса некој гандалф рекол).
-Ако бебињата се неутрални како елементарните атоми, тогаш нешто е присутно во етерот на нашето дејствување што ги прави злобни.Тогаш тоа нешто е присутно во целото човештво, и тоа нешто може фино да си слегне во одредена индивидуа. Одредена болка се акумулирала во текот на нашето постоење и како таква ја има и во индивидуален и во колективен облик, изгледа наспроти таа неутралност родени сме со некој дефект којшто треба да го исправиме како би можеле да се стремиме кон понатамошно усовршување.
-Значи, болката постои од нашиот ни дефект, не е само индивидуална,туку е на сите нас,(ако некое копиле сака да се изолира, негов избор,од лично искуство, не успева тоа, не се менува, сепак остануваш со индивидуалната болка,правење зло кон себеси).
-Такада злобата е само облик на постоење, а болката е учителка, кој тука се опекол од рингла?-Дали истиот не пие кафе? Проблемот е шо стално мислиме дека сме сами и се издвојуваме, мислиме дека злобата постои само кај поединци, а тоа ни на биолошко а со тоа ни на духовно ниво неможе да опстане.И сам понекогаш мислам дека ако ги отепаме сите идиоти се ќе биде фино...doesnt go that way...
Не, човекот не се раѓа табула раса, тоа е заблуда. Темпераментот, на пример е една од вродените карактеристики на човекот. Исто така, вродени се, како еволутивен продукт алтруизмот и моралот како нус продукти на поривот да се сочува видот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не, човекот не се раѓа табула раса, тоа е заблуда. Темпераментот, на пример е една од вродените карактеристики на човекот. Исто така, вродени се, како еволутивен продукт алтруизмот и моралот како нус продукти на поривот да се сочува видот.
Алтруизмот емоција е, или производ на разумното расудување на луѓето?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Алтруизмот емоција е, или производ на разумното расудување на луѓето?
Едно истражување има покажано дека алтруистичките дејствија делуваат позитивно на центрите за награди, и всушност е прилично basic човечка карактеристика.
http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2007/05/27/AR2007052701056.html
Од друга страна, откриено е дека поривот се зголемувал право пропорционално со свесните тврдења на испитаниците во врска со нивниот алтруизам.
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Не, човекот не се раѓа табула раса, тоа е заблуда. Темпераментот, на пример е една од вродените карактеристики на човекот. Исто така, вродени се, како еволутивен продукт алтруизмот и моралот како нус продукти на поривот да се сочува видот.
Лично мислам дека темпераментот е физичка особина т.е. производ на составот на мозочната биохемија.
Мислам дека табула раса се однесуваше на психо-духовниот аспект на мозокот, т.е. умот,личноста итн, додека пак алтруизмот состојба на умот наспроти некоја самозадоволна емоција.a little bit of topic.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Лично мислам дека темпераментот е физичка особина т.е. производ на составот на мозочната биохемија.
Мислам дека табула раса се однесуваше на психо-духовниот аспект на мозокот, т.е. умот,личноста итн, додека пак алтруизмот состојба на умот наспроти некоја самозадоволна емоција.a little bit of topic.
Многу експерти се согласуваат со тоа дека темпераментот има генетска основа, иако познато е дека низ текот на животот тој модулира.
 
R

Roten 96

Гостин
Како прво не ми баш јасна темава...зли луѓе...ги има многу..но и стално се раѓаат..така да..зли луѓе на овој свет ке си има секој ден..
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Светот не се распаѓа од тие шо праат зло. Туку од тие шо го гледаат тоа, и не превземаат ништо да го спречат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom