- Член од
- 19 март 2012
- Мислења
- 1.439
- Поени од реакции
- 3.810
Па тоа ми е поентата.
Од љубовта може да се роди омраза(или од доброто->зло).
Но со омраза не може да уништи омразата.
Или во конкретниов случај
омразата повикува омраза и се ствара ѓаволски круг(бесконечен круг) каде на одмаздата секогаш се одговара со омраза и едниствениот начин да се прекине овој ѓаволски круг е љубовта.
Да се вратам на почетокот со тоа што омразата се раѓа како резултат на преголема љубов т.е најчесто вака е
љубов->тага->омраза
поради различни причини.
Може да се каже дека лошото се раѓа како резултат на доброто, а невозможно е обратен случај.
И така твојата теза дека во основата е злото е погрешна
Да се погреши е човечки,да се прости е божествено.
Види, немам намера никому да му го форсирам моето мислење, нарочито па на ваква деликатна тема. Али чисто колку да ја испоштуваме темава - бебето се раѓа само со инстинкти за задоволување на сопствените потреби. Плаче кога е гладно, кога му се спие или кога е болно. Тоа е негов начин на комуникација. Во него сеуште нема љубов, ниту било каков алтруистички нагон. Значи, во основа се рагаме себични и самоволни. Љубовта ја учи од родителите. Ако го оставиш само (под претпоставка дека ќе преживее) нема да се научи да сака, единствено ќе останат инстинктите за задоволување на сопствените потреби и тоа по секоја цена. Ако не му е покажана љубовта, пристојното однесување, разликата која возрасните и веќе научените ја прават помеѓу доброто и лошото - тоа само нема да ја дознае никако. Ќе се води според себе и само себе.
Затоа кажувам дека доброто е научено однесување. Ние, при самото раѓање, колку и да сме биле слатки, без правилна насока би се развиле во зверови.