[quote="Ставрогин, post: 4889882, member: 47820"
]Не гледам зошто било која логичка школа мора да се поистовети со схоластиката. И да размислуваш логично, никако не значи да се поставиш во позиција на аутизам, само значи да не тропаш глупости...
--- надополнето: 6 април 2012 во 10:27 ---
Во голема грешка си.
Јас не се обидувам да се борам со смртта, јас се обидувам да бидам мртов, секој ден, по рецептот на Бушидо кодексот, или онај на Хајдегер. Само на тој начин може животот да се одживее без страв. Не дека сум многу успешен, но во секој случај се обидувам...
[/quote]
Полека, значи без лутење
. Ова што од почеток го пишувам, бидејќи сме на Христијанска тема, е наменето повеќе за еклисијалниот круг на луѓе, затоа зборувам од една есхатолошко, евхаристиска... перспектива(тријадологијата на кападокиските отци, синтезата на св. Максим Исповедник....), која претпоставувам дека за нецрковните луѓе е само еден досаден, стереотипен, теолошки бла, бла пиетизам.
Верувај, знам што зборувам, не е така.
Овие дискусии во Црквата се многу актуелни, исклучиво важни за современата состојба на Истата, и јас како и моите браќа во Христа, нормално, се обидуваме да дадеме допринос за многу отворени проблеми кои прават големи штети за верниот народ, пред се од Литургиски карактер...
Фала му на Бога, Црквата е отворена за "сите кои сакаат, да врват по Мене"(Христос), така да и дијалогот е отворен за сите, но заради христијанскиот дискурс, Ве молам да нема лутење, и за конкретни проблеми, дилеми може конкретно да зборуваме,
( пр., прашањето за смртта, за кое велиш дека ја прифаќаш!?, или поентата е да се победи стравот како страв од смртта, да се живее без него, но сепак да се умре!?.
па и Хајдегер е егзистенцијалист, бара одговори преку своите "категоријали"( што е?) и "егзистенцијали"( кој е?), доживувањето на "ништото"(смртта) е искуство, за разлика од Хегел кој вели дека е спеклуација итн.).
Што се однесува до бушидо кодексот, асоцира на еден многу, многу актуелен проблем во Црквата, кој е поставен како
онтологија или етика?