Тема ко за мене
Да почекаме прво да заврши мечов на Шведска со Бразил, ама ајде да претпоставиме дека Шведска ќе победи, па би имале.
Унгарија 2
Шведска 2
Македонија 0
Бразил 0
Едно е сигурно мора да ја тепаме Шведска.
И тоа највеќе би ни одговарало да ја тепаме со над 2 голови разлика, за евентуално во кругот од три селекции би имале позитивна гол разлика.
Ако тепаме 2 разлика, ќе имаме еднаква гол разлика 0.
Ако претпоставиме дека сите ќе го тепаме Бразил, ќе решава дуелот Шведска-Унгарија.
Швеѓаните ќе бидат во најлоша состојба, пошто ќе мора да тепаат најмалку со +2.
Тоа би било најлошо за нас. Ако тепаат со еден разлика, тогаш одиме и ние и Унгарија.
Ако тепаат два разлика, ондак сите би имале иста гол разлика, па ќе решава гол разликата на целото првенство
Нормално највеќе ни одговара ние да ја тепаме Шведска, а Унгарија да го направи истото и нормално сите да го добиеме Бразил.
Тоа што ќе треба да го направиме ние утре е да тепаме со најмалку 3 разлика.
Ако тепаме 3 разлика, тогаш нема математика која би не симнала од првите две позиции во случај сите три селекции да имаме по две победи.
Значи победа од најмалку 3 гола и веќе сме во Лондон.
Нормално се ова зборам ако сите го добиеме Бразил.
Ако утре тепаме 1 разлика, ќе имаме гол разлика -1.
Тогаш ќе мора да се молиме Шведска да изгуби од Унгарија (со што би оделе ние и Унгарија), или пак да победи со 4 разлика. Ако мечот заврши 3 разлика, кој ќе биде втор ќе решава бројот на дадени голови во овој круг. Што значи и разлика од 3 може ќе ни одговара, ама сепак поубаво би било да тепа Шведска со над 4
Значи да резимирам, во случај сите да го победат Бразил:
1. (најлошо) Македонија-Шведска 1 разлика за нас, ќе се молиме Унгарија да ја тепа во последното коло Шведска, или ако Шведска победи, тоа да биде со 4 или повеќе голови (ако тепа Шведска со три, ќе се молиме да имаме дадено повеќе голови од Унгарија во овие три дуели)
2.Македонија-Шведска 2 разлика за нас, ќе се молиме Унгарија да ја тепа Шведска, или ако тепа Шведска тоа да не биде со 2 гола разлика, секоја друга победа ни одговара. Дури и победа од 2 разлика на Шведска може да ни одговара ако немаме најлоша вкупна гол разлика на турнирот (освен Бразил)
3.Македонија-Шведска 3 или повеќе разлика за нас и се пакуваме за Лондон
4. (ова не го спомнав погоре
)
Македонија-Шведска нерешено, ќе се молиме Шведска да изгуби од Унгарија со 3 гола разлика. Ако биде 2 разлика, ондак ќе тереба да имаме подобра гол разлика (вкупна)
Е сега ќе се прават и други математики ако Бразил изненади некој
Битно е утре да не изгубиме, ако изгубиме ќе треба да се прави круг со Бразил и да очекуваме дека Бразил утре ќе ја тепа Унгарија па после истиве приказни...