Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.222
- Поени од реакции
- 34.509
Мене само не ми е јасно зошто е поинтересно да се „плука“ по проектот, наместо да се бараат повеќе вакви паркови?Значи читам тука некој пишал има зелени површини по населбиве, па таму да си го трчам кучето. Епа нека дојде таа личност во Центар или населбите околу Центар и нека ми посочи тревник. Јас каде што живеам се има само трева нема. Додуша имаше една полјана ама јебига морало да се изградат 3-4 згради на тоа место. Сакам да кажам се е исполнето со згради, улици, тротоари од сите страни, а во школските дворови исто не смеам да го шетам, повторно ради истата причина, безбедност на децата.
Така да паркот е единственото место каде ем можев да си го трчам кучето ем да не се плашам да не излета на улица и да го согази некоја кола. Убаво е да се направи парк за миленици но не и ограничување на нивното движење. Тогаш зашто ми доаѓаат мајки, баби, татковци, дедовци, со своите деца да ми го галат кучето кога истите се плашат за нивната безбедност. Само да видам некое мало дете со придружба во паркот за кучиња и него и се по список на клоци ќе отерам. И да... ако јас можам да носам ќеса за измет нека си носат и мајките нокшири за да не ми серат децата врз глава.
Плукањето нема ништо да реши, пофалбата и барањето за нови проекти, од друга страна - можеби ќе реши нешто
Фала богу дека во строг Центар нема да најдеш парк за кучиња, но на 15 минути пешачење од било која точка во градот - сигурно ќе најдеш.
А баш поради тоа што живеам во стан и во Центар се' уште немам куче. Знам дека ќе биде мачење и за мене и за кучето. Здравје, ако некогаш се преселам на малку помирно место и во куќа, тогаш без размислување ќе си земам куќно другарче