Бесплатен аранжман за 500 лица за квалификацискиот турнир во Гетеборг!

  • Креатор на темата Креатор на темата Шеј Лонг
  • Време на започнување Време на започнување
Опа овие стиснале од 60 на 80км на саат чим се пред Гетеборг веќе :icon_mrgr:
 
Обиди за собирање на политички поенчиња.

Инаку вистина не треба веќе нашите да пеат,нека разберат клетите Ш. Простачки е и се спуштаме на нивно ниво.
Кој ги ебе ако сакаат нека навиваат за земјата во која живеат ако не не.

што ти е на тебе?

Му реплицирав дека напиша цифра од 1.500 евра дека се потрошени, а овде на мкд.мк пишува 200.000 евра. Ама тоа е кога се гледа преку политика, и кога народот нема пари како англичаните или некој друг богат европски народ сам да си плаќа карта и превоз и со тоа да си покаже дека ја сака македонија.
 
Дечко, го поставив линкот да види од каде ми е инфото. Дека не сум ја измислил јас таа цифра.
хаха абе јас што ти зборувам ти што ми зборуваш.

Нема врска да не тераме офтопик.
 
На траект се сега...имаат уште за веслање :)Важно ќе стигнат навреме...
 
Уште ми е смешно, татко му на Столе Стоилов на пат на кај Шведска е во охридски автобус и се викаТ КЛИМЕ :pos:Џену, да не е Охриѓанец стариот?
stole-500.jpg
 
Уште ми е смешно, татко му на Столе Стоилов на пат на кај Шведска е во охридски автобус и се викаТ КЛИМЕ :pos:Џену, да не е Охриѓанец стариот?
stole-500.jpg


Хахаха чичко Климе ѕвер го сликале бе не ми се верува:D Кај има здравствени проблеми па и уште патува... Не, од Струмица е :)

Него кој им к** бизнис на траект што се качуваат?
 
Хахаха чичко Климе ѕвер го сликале бе не ми се верува:D Кај има здравствени проблеми па и уште патува... Не, од Струмица е :)

Него кој им к** бизнис на траект што се качуваат?
па од Германија до Данска со брод одат
 
Него кој им к** бизнис на траект што се качуваат?
па од Германија до Данска со брод одат

Неколку редовни линии одат така со траект од Гедсер (Гер) до Копенхаген.Само некој медиум спомна во некоја вест 2 траекти уште позбунувачки....
edit:Kanal 5>
Репортерот на Канал 5 патува автобусот со таткото на Стојанче Стоилов, нашиот пикер, кој вели дека мора да се верува за да се оствари големиот успех. Засега тоа е се од навивачката експедиција која доцна вечерва откако на двапати ќе користи траект треба да стигне во Гетеборг.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=89588
 
ФОТО: Фалангата пристигна во Гетеборг

Атмосферата до точка на вриење. Македонските навивачи пристигнаа во Гетеборг, Шведска.

stigna500.jpg


Скоро 45 часа беа потребни за мисијата на овие поддржувачи на ракометот.

Осум автобуси полни до последно столче, патуваа речиси два дена и два ноќи да пристигнат до местото каде ќе ги бодрат ракометарите да обезбедат квалификации за претстојната Олимпијада.

laze-500.jpg


Владата на Република Македонија, со поддршка на спонзори и пријатели на ракометот обезбеди 500 влезници за сите три натпревари кои ни претстојат. Освен тоа за 100-те членови на навивачките групи и за 400 навивачи избрани на лотарија обезбедија превоз и хотелско сместување.

Во групата која тргна на долг пат со убава цел се приклучи и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.

navivaci-geteborg2-500.jpg


Во средата наутро навивачите тргнаа во победнични поход од скопската автобуска станица. Во секоја од земјите каде поминаа оставија свој белег, својствен за македонското навивање кое како бренд го промовиравме на последните првенства.

navivaci-geteborg3-500.jpg


Со развиени македонски знамиња, слики од своите херои и подготвени за гласно навивање, македонските навивачи без сомнение по пат покажаа добра култура и примерно однесување. Сплотени во една цел- заедно да бидеме гласот на поддршка за машката ракометна репрезентација.

Среде Германија се пееше „Бисер балкански“, во Чешка „Македонија навива за вас“.

navivaci-geteborg-500.jpg


Во пресрет на денешниот натпревар, на навивачите желни за победа, не им треба одмор.

navivaci-geteborg4-500.jpg


Тргнавме и пристигнавме за нив- за 16-те момци кои се составен дел од тимот во кој ни се вперени сите надежи за од близу да го видиме олимпискиот факел.

via Kurir
 
ФОТО: Фалангата пристигна во Гетеборг



Осум автобуси полни до последно столче, патуваа речиси два дена и два ноќи да пристигнат до местото каде ќе ги бодрат ракометарите да обезбедат квалификации за претстојната Олимпијада.



Владата на Република Македонија, со поддршка на спонзори и пријатели на ракометот обезбеди 500 влезници за сите три натпревари кои ни претстојат.



via Kurir


8 автобуси? па тоа се 350 луѓе, нели треба 11 автобуси за 500 луѓе?
 
8 автобуси? па тоа се 350 луѓе, нели треба 11 автобуси за 500 луѓе?
Ја би почекал Сомнително лице да дојде да каже, автобусите се негова специјалност :)
Да не тргнале навивачите со чартер? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom