L
.Lost Angel.
Гостин
Google ги претстави очилата на иднината
Google ги претстави најавуваните очила со проширена реалност, кои со својот изглед повеќе потсетуваат на визирот на Џорди Ла Форџ од Стар Трек, отколку на вистински очила. Очилата со проширена реалност се дел од Google X, таинствената лабороторија на Google која има задача да ја донесе иднината поблиску до нас.
Овие очила се уште не се подготвени за да бидат пуштени во продажба, но затоа пак, ќе бидат допрва тестирани во јавност. Тимот одговорен за очилата со проширена реалност објави видео во кое се претставени можностите на овие очила.
Од видеото може да се види дека очилата ќе им овозможат на корисниците да примаат пораки и да испраќаат пораки преку гласовни команди. Исто така имаат и вградена камера која овозможува видео разговори како и фотографирање.
Очилата се исто така поврзани со Google+, за целосно да ви го одвлекуваат вниманието. Доколку искуството е навистина такво како што е претставено во видеото, овие очила ќе ви овозможат во реално време да го споделите моментот кога ќе ве удри кола.