Велигденски јајца

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
40
Повеќето стари народи (старите Египќани, Грци, Келти, Индијанци...) создавањето на светот го порзувале со јајцето како извор на животот, а велигденските јајца и денес се симбол на пролетното будење и новиот живот.
За Христијаните, јајцето е симбол на Христовото Воскресение. Вапцањето на велигденските јајца се прави на Величетврток. Се верува дека јајцата сварени и вапцани пред изгрејсонце не се расипуваат цела година, до следниот Велигден. Вапцувањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет, се смета дека ја симболизира Христовата крв. Црвената боја е боја на радоста, оптимизмот и на животот воопшто.
Со првото вапцано јајце домаќинката им поминува на децата по образите додека спијат изговарајќи “да си бел, црвен како јајце, да си здрав како железо”. Првото вапцано јајце се користи и како заштита од град и се чува до Ѓурѓовден, а некаде и до Спасовден кога се закопува во нива или лозје за да го штити родот од град.
За успешно вапцање на јајцата добро е да ги знаете следниве работи: Јајцата пред вапцањето треба да отстојат три часа на собна температура. Во поголемо тенџере на оган, кое може да ги собере сите јајца, ставете еден литар вода, додадете по една лажица сол за да не испукаат јајцата.
За да ја добиете посакуваната боја на јајца постојат природни и вештачки бои.

Какви се вашите искуства со вапцање јајца? Какви бои користите и како ги украсувате? По колку јајца вапцате? Знаете ли некој посебен обичај поврзан со Велигден? Купувате/правите ли Велигденски декорации/украси за вашиот дом или не обрнувате многу внимание на тоа?

Слободно споделете некоја идеја или слика од вашите (минатогодишни/овогодишни) велигденски јајца :)
 
Какви се вашите искуства со вапцање јајца? Какви бои користите и како ги украсувате? :)
со старите кравати .вратоврски

најубави шари , најлесно и најбрзо
за 15 минути јајцата ќе се офарбаат исто онака каква што била вратоврската;)

pasha_11.jpg
 
208447_1955142488397_1537754129_2109017_2780403_n.jpg


Еве ги моите од лани, а оваа година сакам да ги шарам со ливчиња.

И некоја идеја за поставување на јајцата на свечената Велигденска трпеза
Zanimljivi-aranzmani-za-Uskrs.jpg
Uskrsnja-Jaja-Aranzmani.jpg


Се што ви треба е тенок картон, хартија во боја, лепак и желба за изработка ;)
Инаку веќе си купив и некои украси за дома. Едвај чекам да дојде Велигден :vozbud:
 
makedonka1985

наместо да ги шараш ко што велиш со ливчиња - уништи дома неколку вратоврски
Пошо си ги праел, да ја опишеше постапката? Се шо глеам е дека се врзани јајцата. Како ќе премине бојата на нив? Со телепатија?
А за вака "модерни" шари на вратоврски ќе треба да му се јавам на Латас, он е по вакви машњи :pos:
 
Пошо си ги праел, да ја опишеше постапката? Се шо глеам е дека се врзани јајцата. Како ќе премине бојата на нив? Со телепатија?
hahahah- pa normalno se varat taka fino vrzani 15 minuti i toa e se’
pishav i pogore-:icon_lol:
 
bae91b86829142e2412d106f82e8c0e1_view_l.jpgc634e12ab7ef2642dd7ccf13c8e21e7f_view_l.jpg ae143b5c3fef1c8d62c94aa7bae34c18_view_l.jpg
Јајцата се варат и се оставаат да се изладат.
Изберете салфети со шарени мотиви и по краевите исечете ги.
Изматете една белка, исечениот мотив ставете го врз изладеното јајце и со мала четка поминете преку целата површина со белката, оставете да се исуши.
Мотивот ќе се залепи на јајцето,, на крај може да се премачка со масло, (но немора)
Идејата ја ‘‘украдов‘‘ минатата година, јајцата изгледаат навистина прекрасно.

bae91b86829142e2412d106f82e8c0e1_view_l.jpg
 
Како тргна за Велигден може ќе достигне и 10 денари јајце, башка и не дај Боже расипани јајца може да се набават. :( Мизерно, ама ќе треба од сега да се снабдиме со јајца за вапцање, две недели порано.

cveto.jpg
 
Прегледај го приврзокот 41761Прегледај го приврзокот 41762 Прегледај го приврзокот 41763
Јајцата се варат и се оставаат да се изладат.
Изберете салфети со шарени мотиви и по краевите исечете ги.
Изматете една белка, исечениот мотив ставете го врз изладеното јајце и со мала четка поминете преку целата површина со белката, оставете да се исуши.
Мотивот ќе се залепи на јајцето,, на крај може да се премачка со масло, (но немора)
Идејата ја ‘‘украдов‘‘ минатата година, јајцата изгледаат навистина прекрасно.

Прегледај го приврзокот 41761
Прекрасно....:cuc:
 
Ja разбудивте креативноста во мене :)
За прв пат во мојот живот ќе присуствувам на чинот ,,фарабање,, јајца и ќе придонесам за истиот!! :)
И ако ми успее, ќе поставам слики ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom