Дали користите Viber?

  • Креатор на темата Креатор на темата kerestin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 септември 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
870
Сигурно повеќето знаете за што служи оваа апликациа наменета за ајфон и андроид.Ако си пуштен на wifi можеш да зборуваш со некој што ја има оваа апликациа и пуштен е на wifi.Ме интересира дали ти троши нешто од сметката или интернетот и колку троши од интернетот
 
Дали го користите, и дали сте задоволни од квалитетот на разговорот...
Според мене, со добар 3g или wifi нет... царска работа е!
Па јас GSM не сум уклучил од нова година навака. (во шведска сум) и сите пријатели и фамилијава преку Viber комуницираме...
Го има за iOS и android... На android не го имам пробано, а на iOS работи одлично.
 
Се наоѓа некад само ме нервира шо не ти покажува на пример ако не си приклучен на интернет а некој ти ѕвони, коа ќе се поврзеш во колку саат ти ѕвонел...
 
Дали го користите, и дали сте задоволни од квалитетот на разговорот...
Според мене, со добар 3g или wifi нет... царска работа е!
Па јас GSM не сум уклучил од нова година навака. (во шведска сум) и сите пријатели и фамилијава преку Viber комуницираме...
Го има за iOS и android... На android не го имам пробано, а на iOS работи одлично.
Подобри се од Vip Operator, тоа е факт :)
 
Никогаш не сум го користел, што е финтава нешто како скајп е?
 
Никогаш не сум го користел, што е финтава нешто како скајп е?
Бесплатни разговори и (мислам) пораки со други корисници на Viber.
За да работи, секако, неопходна е интернет конекција.
 
Ме интересира дали има некој на форумов што користи Viber, тоа е апликација што се инсталира на телефонот и преку wireless интернет може да се разговара и испраќа пораки на друг уред со таа апликација бесплатно. Исто дали има некој со Nokia телефон што го користи? Јас имам Nokia Е52 и ако има некој најдено Viber за некој Nokia телефон (240x320) нека стави линк. Еве инфо:

http://en.wikipedia.org/wiki/Viber

Гледам на Wikipedia се набројани Windows Phone, BlackBerry, Android OS, iOS ама лично имам видено и други телефони што поддржуваат. Јака работа секаде кај што има wireless можеш да се јавиш да збориш бесплатно, и за странство ако бараш е добро.
 
^Можеш да збориш ако и другиот има Вибер и моментално е уклучен на нет. Пораките ги праќаш исто во Вибер апликацијата. Нешто налик Скајп е.

За нокиа мислам дека не може ама за посигурно нека ти каже некој друг што испробал.
 
Ехее, уште од прв ден кога го зедов телефонот. Супер апликација.
 
Одлична апликација, го користам многу (дал Господ роднини и пријатели во странство) слободно можеш да се изназборуваш и сето тоа гратис.
Се што ти треба е wireless и секако соговорникот да има Viber :P
 
Користам, супер аликација. Посебно коа си надвор од државата.. уфф колку служи, ќе си најдеш wi-fi и зборувај за 0 денари (со тие што ја имаат апликацијата, се разбира). :D

За Video Calls користам Танго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom