Маџирмаалци не ги даваат колибите за облакодери

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин

Жителите на најстарото скопско маало стравуваат да не ги снајде судбината на Дебар Маало, каде што изникнале огромни згради

Традицијата наспроти урбанизацијата
Да живееш во куќа значи да бидеш слободен, додека во стан е како да си во затвор, сметаат маџирмаалци, па затоа и се обидуваат да бидат истрајни пред налетот на потенцијалните инвеститори, кои сѐ почесто тропнуваат на нивните врати. Понуди за откуп на старите и дотраени куќички или замена за нов стан добиваат постојано, но велат дека не се предаваат и ќе се борат против инвеститорите. Најмногу понуди имало кон средината на минатата година, кога се усвојувал и деталниот урбанистички план за таа локација, каде што е предвидено до Комплексот банки да се изгради 30-метарска висококатница. Велат дека неколку месеци по усвојувањето на планот секој втор ден им доаѓале луѓе што сакале да им ги купат земјиштата. На некои, пак, им предлагале да ги убедат соседите и тие да ја продадат куќата, за да им платат повеќе пари. Состојбата не е промената ниту денес.

- Сакаат на местото на нашите куќи да изградат огромни зградишта со кои ќе ни се затвори целиот простор. Ако сакаме да си ја задржиме удобноста што ја имаме сега, би требало сите да се држиме заедно и да не потклекнуваме пред инвеститорите. Да живееш во центарот на метрополата, а сепак да имаш приватност и мир, како да си некаде настрана, тоа може само во нашето Маџир Маало - коментираат жителите на едно од најстарите и сѐ уште автентично градско маало.

Старите и дотраени куќички, тесните улички, пиење кафе со соседите во дворовите, довикување од куќа, разговорот на порти, едноставно речено, маалскиот живот од урбаните средини опстојува единствено кај нас, додаваат тие. Поголемиот дел од инвеститорите што доаѓале да се распрашуваат за куќичките најмногу биле заинтересирани за објектите што се наоѓаат од надворешноста на маалото. Жителите велат дека според деталниот урбанистички план, некаде на средината на маалото ќе поминува булеварот Крушевска Република, кој ќе биде подигнат на столбови.

- Самоубиствено ќе биде и од културолошки и од урбанистички аспект ако се урне Маџир Маало, за да се подигне кварт со висококатници, наместо да се субвенционира неговата ревитализација - смета хроничарот Васко Марковски.

Маџирмаалци најмногу стравуваат да не ги снајде судбината на Дебар Маало, каде што изникнале огромни згради, кафулиња, кафеани и паркиралишта.

- Ние сме научени на друг живот. Точно е дека и кај нас има главна улица од која доаѓа многу врева, но сепак далеку сме од катастрофата што му се случи на Дебар Маало. И таму до пред неколку години имаше слична атмосфера како кај нас, но малку побоемска, мора да се признае. Не сакаме и нам да ни се случи Дебар Маало. Тоа е приказна што секој ја споменува во лош контекст - вели Трајко Ристовски од Маџир Маало.

Во меѓувреме на улицата број 487 во Дебар Маало, долга едвај неколку стотини метри, во исто време се градат седум згради. Некои се градат, а некои, пак, додаваат неколку ката во висина и ги прошируваат терасите. Од секоја страна се дигаат нови објекти, само две куќички, едната кон средина на улицата, а едната во почетокот, се заградени, а нивните сопственици велат дека ако не го продадат земјиштето на некој инвеститор и тие самите ќе почнат да градат.

- Вака не се живее, стануваме со врева од градежната механизација, а со неа и легнуваме. Ако никој не сака да го купи земјиштето од нашата куќа, ние самите ќе изградиме поголем објект. Вака ниту имаме проток на воздух ниту каков било мир, а ни поглед - велат жителите на уличката.

mojata najomilena naselba od skopje (y)
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983

mojata najomilena naselba od skopje (y)
И моја. :D
Големи пари им имаат нудено, и по 2-3 стана од зградите, али не прифаќаат овие никако. Алал да им е на истрајноста. (y)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
И моја. :D
Големи пари им имаат нудено, и по 2-3 стана од зградите, али не прифаќаат овие никако. Алал да им е на истрајноста. (y)
sekogas koga idam skopje obavezno odam tamu :) od studenski denovi se zalubiv vo naselbava, samo zalno sto eden den ce ja nema istata urbanizacijata zema se pogolem zamav kako skopje taka i kaj nas vo Ohrid.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.897
ДОБРО,не ми е јасно што сакаат ове маџирмалци ? 1000 евра квадрат земја ли, куќите трошни по милион евра ли да им ги откупат ? Се повикуваат на некаква традиција и демек архитектурна вредност,а реално нема ни 5 % од куќите кои имаат архитектонска вредност и кои се заштитени од закон.. во центар на Скопје Маџир маало буквално личи како турска касаба,наместо тој предел да се урбанизира со модерни облакодери или други објекти кои му доликуваат на една метропола.. Стварно не ми се јасни луѓево,како уфилмани се,како да мислат дека имаат сина крв.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Не се уфилмани добхро си знаат тие колку вреди квадратот во центар ( за разлика од ВМБЛО кој продаваше по 25 евра за квадрат во строг центар ) затоа не продаваат,и да плава крв се не се симнати од Герман,таму живеат со векови наназад.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Секако, својата лакомост ја маскираат со ,,шо убо ни е ко че ни прокисни во ноември,,.
Нека им понудат повеќе, него што тоа вреди, жими к што нема да продадат.
Демек, ако живееле во згради, паркче немало да имаат, воздух немало да имаат.

Ма што е битно да живееш во квалитетен дом. Кад је љубав ту :love:
 
П

Паспарту

Гостин
ДОБРО,не ми е јасно што сакаат ове маџирмалци ? 1000 евра квадрат земја ли, куќите трошни по милион евра ли да им ги откупат ? Се повикуваат на некаква традиција и демек архитектурна вредност,а реално нема ни 5 % од куќите кои имаат архитектонска вредност и кои се заштитени од закон.. во центар на Скопје Маџир маало буквално личи како турска касаба,наместо тој предел да се урбанизира со модерни облакодери или други објекти кои му доликуваат на една метропола.. Стварно не ми се јасни луѓево,како уфилмани се,како да мислат дека имаат сина крв.
Не се уфилмани, тоа се нивни домови. Него му е убав, дали му се допаѓа на Петко и Станко тоа не го засега. Сигурно и имаат одредено цена за која што би го продале домот, не се прифаќа се и сешто. Според оваа логика ако одиме, што не ги урнат и пола од спомениците и разните глупости кои се изградени во градов?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.897
Не се уфилмани добхро си знаат тие колку вреди квадратот во центар ( за разлика од ВМБЛО кој продаваше по 25 евра за квадрат во строг центар ) затоа не продаваат,и да плава крв се не се симнати од Герман,таму живеат со векови наназад.
Дај не ме цитирај молим те,кога и така никад немаш нешто паметно да кажеш..секој твој цитат ти е ВМБЛО,ВЕМЕБЛО,ЕБЕМЕЛО .. преку ташак и од вемебло и твоите мудрости.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Горди се што живеат во шупи, иако им нудат прилично луксузни станови. FAIL!
 
М

Мартин`

Гостин
Во Велес во центарот веќе никнаа 2-3 нови згради на места кои порано имаше куќи, нормално инвеститорите што ги градат зградите им дадоа по 2 стана дури и деловен простор на некои ако не се лажам. И да ионака куќите не беа како што треба вака барем си имаат одлично среден стан, а и центарот заличе малку од малку наместо несредени фасади сега има добри градби.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Дај не ме цитирај молим те,кога и така никад немаш нешто паметно да кажеш..секој твој цитат ти е ВМБЛО,ВЕМЕБЛО,ЕБЕМЕЛО .. преку ташак и од вемебло и твоите мудрости.
ДА ЦИТРО ДАААААААААААААААААА
Така налути се, кажи а ? 25 евричи од квадрат кај сок банка, па пази молимте и кој го купи тоа место.тогашниот директор на стокови резерви.
Ама ови Скопски деца се ( не покондурчени ) па на “инвеститорот’“ ке му земат колку што навистина им вреди местото,јас да сум на нивно место стан плус по 3000 евра од квадрат ке си барам,кој ги ебе тие што сакаат да градат мене толку ми вреди местото.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Имам отидено во 2 куќи во Маџир Мало, и можам да кажам дека се шупи.... Јас да живеев таму и да ми нудат 3 стана, веднаш ги земав, веднаш... Па и два стана....

Едно е да живееш во убава куќа, во убаво урбанизирана населба, а друго е тоа што живеат во селото во сред центар, па и уште си даваат некакво значење... Барем ќути да си ги средат и реновираат, ич не ми се свиѓа, ама баш ич...
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Значи веќе се градат згради во маалото така да ова им пречи само на одреден дел од луѓето што живеат таму...како и секогаш...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.897
Не се уфилмани, тоа се нивни домови. Него му е убав, дали му се допаѓа на Петко и Станко тоа не го засега. Сигурно и имаат одредено цена за која што би го продале домот, не се прифаќа се и сешто. Според оваа логика ако одиме, што не ги урнат и пола од спомениците и разните глупости кои се изградени во градов?
Има тема на билд форумот за маџир маало и за цените што им се нудени и сл. Мислам дека они бараат многу повише него што реално вредат нивните куќарки и дворови..епа неможе увек преку леб погача.. Ај може и ја незнам лошо имам разбрано за работата,ама реално трпи градот,местово/населбава на ништо не личи..да беше на крај на град да сватев некако,ама у строг центар,не иде... помеѓу градска железничка и Народна банка вакво гето не личи..мое мислење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom