Mакедонските автомобили со нови евро таблички

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Што се однесува до табличките... Во Битола едвај стигнаја до DR негде и сеа од ново пак AB... Па реално ни B нема да ја пополниме дури пак не им текни да ги менат таблиците. Така да поинтересно би било на пример како во Британија да можиш да си избираш слободна регистрација (не приватна), то би било еден мој предлог :)

Околу грчка граница и мк делот од таблицата. Не е во ред тоа што го прават, и мене ќе ме боли шо утре ќе ми дојди некој си суртук и ќе ми ја помини со спреј таблицата (n)
Ама доколку можи со изолир да се помини некако, не ми е некој проблем.
Поентата ми е, освен цариниците (и нашите и нивните) досега не сум доживеал некоја непријатност, а одам често.
Муабетот иако не е за во "Автомобилизам" темата, немам ни намера да се контрам со некој кој е ултра националист, мaда моја препорака е "не се гибајте, и нема никој да помисли да ве гибни" ;)
Дечко.. значи секој свесен и совесен граѓанин што си ја сака земјата и го почитува кодот МК и истовремено не сака да трпи неправди од грчка страна според тебе е ултра националист? Малку погрешна ти е терминологијата, за другото се согласувам
 
Дечко.. значи секој свесен и совесен граѓанин што си ја сака земјата и го почитува кодот МК и истовремено не сака да трпи неправди од грчка страна според тебе е ултра националист?

Ако прочита погоре и спрема мене е неправда да некој ми го поништи МК и исто би ме болело како и тебе, под "ултра националист" мислам на оние кои се чукаат по гради како никогаш нема да стапнат во грција и слично ;)
 
Охридска нова
823.jpg
 
Мислењето за новите таблици го пренесувам со мало задоцнување на овој форум.
staritablicij.png
Cтарите регистерски таблички од СФРЈ​
capturewiz002.png
Регсистерските таблици кои се во уптреба од 1993 година вио Македонија​
capturewiz004h.png
Најнновитѕе регистерски таблици​
Во маркетингот кога се зборува за некој нов производ се подразбира барем минимум 50% од производот да е со видни нови промени и новитети како би го добил тој епитет на нов производ.

Кога се однесува за новите регистерски таблици и како што рече Министерката за ВР, г-ѓата Гордана Јанкуловска барем со математичките пермутации овие нови регистерски таблици ќе бидат во оптек следните дваесетина години. Со други збоови ќе имаме барем едно четириесет и пет години непроменети регистерски таблици од кога е Македонија независна држава.... >>> Повеќе
 
се влегува во грција со новите таблички?​
p.s. порано си влагав со налепница МК без проблем во Грција.
Ке ти опнат бела налепница над тоа мк и фураш
 
Ке ти опнат бела налепница над тоа мк и фураш
озбилно? значи ќе морам ко порано после 2 км да застанам и да ја извадам :-)
 
озбилно? значи ќе морам ко порано после 2 км да застанам и да ја извадам :)
Поарно да си ја остајш зш ќе си ја најш со пипс искртана пола кола :)
 
Не ми се допаѓаат, од причина што е исфрлено ''Macedonia'' вертикално нагоре веднаш до плавото знаменце, нема унифициран симбол на државата и нема грб на општината.
63953C312D2885438993BF38BB154964.jpg
2157a480.png

Безлични сме, со глупави букви на црвено поле и плаво знаме кое демек чека да му се кладат 12 неофашиски ѕвездички.

slovenia_car_plates_by_argjentgigollaj-d4qgyh4.png

montenegroKO.jpg


greeceIEN.jpg
 
Според некоја логика грбот не е ставен на табличката пошо најверојатно во план е да се смени за брзо време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom