Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дечко, тоа е мелење во празно. Лица, усии, проспони, ипостаси, Германци со камиони, манџи и питулици.

Илјадници и илијадници напишани томови со чисти глупости. Кога ќе почнете вака да мелете напразно, крај нема.

Ниедна христологија не може да објасни на кого Исус му се обраќаше закован на крстот. Сам на себе, онака шизофренично, или на татко му. Човечката логика е таа. А = А и А е различно од Б.

А потоа можеш да мелеш до мила воља.
Исус му се обраќа на Отецот, цитирајќи дел од 22 псалм, што не е јасно тука?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Веќе одговорив дека нема Свето Тројство. Вие мислите со главата или само копи пејст од седмограм?
:pos: ееецар си... се лутиш ко мало дете... добро дадичка веќе нема да те закача...
п.с очигледно го прескокнав постот каде велиш дека не постои свето тројство, но само колку за информација: Не треба христијаните слепо да веруваат во се што е напишано во библијата и во делата на светите отци?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Исус му се обраќа на Отецот, цитирајќи дел од 22 псалм, што не е јасно тука?
Па нели е истиот? Синот и отецот? Значи, или се обраќа сам на себе, што е класичен пример за шизофренија, или на некој друг, што е вовед во многубоштво...

Што е јасно тука?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Сметам дека ако го прочиташ Светото Писмо, можеш да сознаеш на кој начин се случило. Имаш Библија на македонски што ти ја олеснува задачата.

Јас од тебе побарав да докажеш дека тврдењето на членот Ставрогин е како што велиш смешки така што ќе ми дадеш експериментална евиденција за девојка која забременила без сексуален однос, исклучувајќи ја партеногенезата бидејќи плодот од неа е секогаш женски. Не побарав да ме пратиш на друго место како да сум дошол да чекам на шалтер.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
:pos: ееецар си... се лутиш ко мало дете... добро дадичка веќе нема да те закача...
п.с очигледно го прескокнав постот каде велиш дека не постои свето тројство, но само колку за информација: Не треба христијаните слепо да веруваат во се што е напишано во библијата и во делата на светите отци?
Каде виде дека се налутив? Кој рече дека Христијаните слепо веруваат? Ако се верува на зборовите од Светото Писмо треба да се веруваат пола, а другата половина не? Кабалата ви го испила умот. Треба мало соземување... лично мнение (ако го знаеш значењето на зборот).
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Па нели е истиот? Синот и отецот? Значи, или се обраќа сам на себе, што е класичен пример за шизофренија, или на некој друг, што е вовед во многубоштво...

Што е јасно тука?
Не е истиот, како Јас и Ти што сме различни по нашите личности пр. Зоран и Сашо, а сме исти по природа т.е. сме луѓе, и за св. Троица е истото.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Не е истиот, како Јас и Ти што сме различни по нашите личности пр. Зоран и Сашо, а сме исти по природа т.е. сме луѓе, и за св. Троица е истото.
Ова се разбира нема никаква смисла.

Јас и ти сме различни личности, и ако ти се обратам тебе, се обраќам на некој друг, без разлика што сме двајцата луѓе. Аналогијата ти е кома, а и воопшто размислувањето во аналогии е за инфантилни умови...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Каде виде дека се налутив? Кој рече дека Христијаните слепо веруваат? Ако се верува на зборовите од Светото Писмо треба да се веруваат пола, а другата половина не? Кабалата ви го испила умот. Треба мало соземување... лично мнение (ако го знаеш значењето на зборот).
Која Кабала бре цару... Јас сум Друид!
и убаво си кажа ако веруваш во едната половина треба и во другата да веруваш... колку тоа контрадикторно (ако го знаеш значењето на зборот :P) да изгледа... според тоа спрема тоа, слепо верување.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Па нели е истиот? Синот и отецот? Значи, или се обраќа сам на себе, што е класичен пример за шизофренија, или на некој друг, што е вовед во многубоштво...

Што е јасно тука?
Навистина не ми е јасно дали воопшто читаш или си под дејство на супстанца која забранува секаков вид на логично перцепирање на работите. Говоревме дека Бог, Света Троица се Три Личности, Еден Бог. Врати се назад и читај. Либериј убоо ти одговори, шо се прајш на тоошо... море!!!
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
А за тоа дека не е монгубоштво во прашање говори тоа дека Отецот е причината, изворот, за личносната онтологија на св. Троица.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
А за тоа дека не е монгубоштво во прашање говори тоа дека Отецот е причината, изворот, за личносната онтологија на св. Троица.
Личноносна онтологија....

:pos:

Да знаеше Аристотел за какви глупости ќе послужат неговите книги, сите ќе ги запалеше..
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:28 ---
Навистина не ми е јасно дали воопшто читаш или си под дејство на супстанца која забранува секаков вид на логично перцепирање на работите. Говоревме дека Бог, Света Троица се Три Личности, Еден Бог. Врати се назад и читај. Либериј убоо ти одговори, шо се прајш на тоошо... море!!!
Самиот факт дека сеуште дискутирам со тебе е доказ дека сум под дејство на некоја супстанца...
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Која Кабала бре цару... Јас сум Друид!
и убаво си кажа ако веруваш во едната половина треба и во другата да веруваш... колку тоа контрадикторно (ако го знаеш значењето на зборот :P) да изгледа... според тоа спрема тоа, слепо верување.
Што ме интересира мене дали си друид или телетабис или темплар. Не е тоа исто? Овде се знае што е темата, има пилот во авионот? (мислев на администратор заради чистење на сметивото)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ова се разбира нема никаква смисла.

Јас и ти сме различни личности, и ако ти се обратам тебе, се обраќам не некој друг, без разлика што сме двајцата луѓе. Аналогијата ти е кома, а и воопшто размислувањето во аналогии е за инфантилни умови...
Така де, и Отецот како личност пр. Зоран, му се обраќа на Синот како личност пр. Сашо, и обратно.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Личноносна онтологија....

:pos:

Да знаеше Аристотел за какви глупости ќе послужат неговите книги, сите ќе ги запалеше..
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:28 ---


Самиот факт дека сеуште дискутирам со тебе е доказ дека сум под дејство на некоја супстанца...
Аристотел е најупотребуваниот филозоф во православието. Зжш ти кажувам море оти незнајш ништо за православието... прошетај по широксокак мож ќе ти дојт умо...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Личноносна онтологија....

:pos:

Да знаеше Аристотел за какви глупости ќе послужат неговите книги, сите ќе ги запалеше..
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:28 ---


Самиот факт дека сеуште дискутирам со тебе е доказ дека сум под дејство на некоја супстанца...
И Аристотел разликува прва суштина и втора:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom