ИНТЕРВЈУ СО ГОЛЕМИОТ МАЈСТОР НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА
Живко Груевски: Масоните не се безгрешни
Живко Груевски е единствениот македонски масон што одлучи да го сподели со јавноста она што сите мислат дека е тајно и мистериозно - членството во масонска организација. Масон е скоро 17 години, од кои голем дел и Голем мајстор на Големата ложа на Македонија. Повод за интервјуто со Груевски беше неговата книга "Масонски мозаик", во која тој се обидува да го разоткрие и објасни масонството и да ги разбие стереотипите дека тоа е една тајна и мистериозна организација која владее со светот.
Вели дека секој масон, по своја волја, може јавно да се произнесе дека е член на ваква организација, но не смее да зборува за неговите браќа од масонскиот ред. Масонското движење не сака да го нарекува тајно туку движење кое има свои тајни.
Тој е основач на поранешната авиокомпанија МАТ, како и на компанијата ЈУКАН, а сега предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.
- Кој ви беше основниот мотив да ја напишете книгата "Масонски мозаик"? И зошто "Лични погледи"?
Целта на вака конципираната книга е да понуди лично видување фокусирано на големата слика или во една сублимирана форма да претстави што е можно пореална, генерална претстава за комплексниот мозаик на масонството - овој мистичен, безвременски феномен на хуманата цивилизација. Во таа смисла, искрено се надевам дека таа ќе придонесе за (барем делумно) разбивање на вкоравените предрасуди и первертираното толкување на суштината на овој древен масонски ред.
Масонеријата е организирана форма на слободномислечки индивидуи, и токму затоа поднасловот потенцира дека изнесувам лични погледи, а не некакви официјални ставови на организацијата. Со тоа безрезервно го нагласувам високиот респект кон неприкосновената индивидуална слобода и можна различност во ставовите на другите браќа масони.
Целото интервју е објавено во печатеното и во електронското издание на Вест.
Текст: Дарко Дуридански
Фото: Борис Грданоски
Сподели