Енди Мареј

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
andy-murray-pic-dm-352824651.jpg

Енди Мареј е шкотски тенисер или т.н вечна надеж на Британците дека ќе доживеат во скоро време некој нивен да го освои Вимблдон. Како тргнало тешко дека ќе му успее тоа, со оглед на фактот дека психички никако не успеа да се надмине сам себе. Во суштина главната критика никогаш не се темелела на неговата игра, туку на неговата психа. Стигнувал и до финале на Гренд Слем, меѓутоа никогаш не го освоил. Засега е 4 ти на листа, а тренет му е Иван Лендл, човек кој колку толку му помогна да стане постабилен, меѓутоа ќе видиме какви ќе бидат резултатите на крајот од оваа година.

Надал во една прилика изјави дека Мареј има сè што е потребно за да се биде број 1, но Енди никако да стигне дотаму. Мареј за неколку месеци полни 25 години и засега ништо не наговестува дека може да им биде посериозна закана на тројката; Роже, Рафа и Ноле. Всушност можеби поверојатно е дека ќе го симнат од 4 то место, отколку што тој ќе влезе во првите три.

П.С: Ветено, сторено. Ете му тема на Мареј. Може и ќе ни се приклучи некој негов фан овде. :)
 
Штета овој,никако да им го обели образот на Британците.....а има потенцијал не дека не.
 
Си можел да напишиш барем мастерсите кои ги освоил, финалињата кои ги играл за да привлечеш некој негов фан, вака тешко :D
2. И те како е критиката и за играта. Мареј нема никаква игра т.е неговата игра се сведува само на пимплање и префрлање на топчето од јутра до сутра, без напад без ништо, умртвување на играта и чекање грешка на противникот. Едноставно тенис кој може да те заспија пред телевизор. Единствено сервата му е добра, друго ништо.
 
Јас го хејтам. Ме нервира... немам причина, едноставно ме нервира. Некако ми нема стил за разлика од другиве...
 
Псхички,психички е многу слаб Мареј.Потсека на Ноле пред 2 години,има потенциал не е џабе 4ти на АТП но во важни моменти се губи неможе да ги контролира нервите...
Се надевам еден ден ке го освој Вимболдон да ги израдува Британциве :icon_mrgr: но не годинава Ноле!!:icon_mrgr:
 
Далеку е од Новак пред 2 години. Новак иако беше ментално слаб, сепак имаше агресивна игра, напаѓаше, не префрлаше од јутра до сутра како Мареј.
 
Далеку е од Новак пред 2 години. Новак иако беше ментално слаб, сепак имаше агресивна игра, напаѓаше, не префрлаше од јутра до сутра како Мареј.
Па дефанзивен тенисер е, како да ја промени играта. Секој си е препознатлив по нешто.
 
Јас го хејтам. Ме нервира... немам причина, едноставно ме нервира. Некако ми нема стил за разлика од другиве...

Човекот има многу добар стил, ако добро го позванаш тенисот ќе сфатиш што ти кажувам. На пример мене многу ми се допаѓа неговата игра, но секако кога ќе има ден, ги прави салата и Федерер и Надал :D, па го праваше и тоа против Ѓоковиќ порано. Скоро секогаш против Надал тој игра многу добро, многу поагресивен него обично, а за дефанзивата да не зборувам, можеби е подобар и од Надал во некои моменти. Играта на земја му беше слаба страна, работеше на тоа и минатата година покажа дека се' се може кога се сака, го намачи Рафа на Монте Карло и на Ролан Гарос стигна до полуфинале каде загуби 3-0 од Рафа кој играше маестрално, резултатот беше 6-4 7-5 6-4 иако и не изгледаше баш така на терен....

EDIT :

Заборавив да кажам, Мареј беше и No.2 во 2009.
 
Па дефанзивен тенисер е, како да ја промени играта. Секој си е препознатлив по нешто.
Е со дефанзива тешко до Гренд Слем. Така и Возниацки. Дефанзивен тенис игра затоа и падна од но.1, а затоа и далеку далеку е од гренд слем.
 
Е со дефанзива тешко до Гренд Слем. Така и Возниацки. Дефанзивен тенис игра затоа и падна од но.1, а затоа и далеку далеку е од гренд слем.

Всушност дефанзивата и не е најголемиот проблем на Мареј, психичката стабилност е најголемата. Зошто??? Процените сами во следните видеа подолу ...

US Open 2008 полуфинале :

US Open 2008 финале :

Не е дека нема врска против кого игра, играше против Федерер во финалето кој беше многу добар, играше одлучно. Но далеку е Мареј од полуфиналето против Надал, некако е како неодлучен против Федерер и во доста моменти попасивен, сето тоа е плод тремата која ја има ако можам така да кажам и психичката неспремност. Јас лично мислам дека сепак Мареј еден ден ќе си ја оствари желбата и ќе освои еден грен слем, највероватно на US Open.
 
Да не е Ноле би бил за него сигурно!
 
Си игра бункер човеков бе и го боли таквото што вие мислите:icon_lol:
 
Многу е здрвен и го фаќа трема мислам ако освои еден грен слем тогаш нема да биде ист.

Како и да Мареј има пари да ја купи Цела Македонија ако тоа му е некоја утеха.

Мора да поработи на форхендот многу е слаб нема брзина а бекендот да го користи помалку
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom