RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Енди Мареј е шкотски тенисер или т.н вечна надеж на Британците дека ќе доживеат во скоро време некој нивен да го освои Вимблдон. Како тргнало тешко дека ќе му успее тоа, со оглед на фактот дека психички никако не успеа да се надмине сам себе. Во суштина главната критика никогаш не се темелела на неговата игра, туку на неговата психа. Стигнувал и до финале на Гренд Слем, меѓутоа никогаш не го освоил. Засега е 4 ти на листа, а тренет му е Иван Лендл, човек кој колку толку му помогна да стане постабилен, меѓутоа ќе видиме какви ќе бидат резултатите на крајот од оваа година.
Надал во една прилика изјави дека Мареј има сè што е потребно за да се биде број 1, но Енди никако да стигне дотаму. Мареј за неколку месеци полни 25 години и засега ништо не наговестува дека може да им биде посериозна закана на тројката; Роже, Рафа и Ноле. Всушност можеби поверојатно е дека ќе го симнат од 4 то место, отколку што тој ќе влезе во првите три.
П.С: Ветено, сторено. Ете му тема на Мареј. Може и ќе ни се приклучи некој негов фан овде.