Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.203
- Поени од реакции
- 12.200
Муабети од форуми ова... си изнапишал премногу а не си кажал ништо. Во зборовите ти заминала вистината.
Ама ете, ај да почнеме со значењето. Во почетокот Бог (во множина) ја објавува Света Троица, Бог во три лица – Отец, Син и Свети Дух. Еден Бог во три ипостаси. Тоа е вистината, толку едноставна. Нема што повеќе да исправувате “криви дрини”… точка… крај!
Полека со точките... Да беше така сите ќе бевме христијани
Значи,пак прашувам: ШТО ЗНАЧИ
אֱלֹהִ֑, што значи
אֱלֹהִ֑ים и ете зошто во сите преводи стои Бог (еднина). Немој со тие финти 3 во едно. И одозгора пак и се машки принципи, Отец Син... дух... а велиш немало машки женски принципи. Грешиш тука. Па каде е женскиот принцип кога веќе имаме татковци синови...? Од каде произлезе сето тоа? Од рабините кои ти ги презираш бидјеќи рекоа: Овој не е спасител и покажаа дека ете 2000+ години ништо не е спасено, „ќе биде спасено“ идно време од лажам.
Зборуваш за испран ум кај другите, а тебе умот ти е полн со Исус-идеали-доаѓам-ќе-ве-спасам, за кој не се сомневам би убил по тоа како разговараш со некој што не е рисјанин. Ти би заборавил дека си човек и би убил за... за верување. Не за нешто што го знаеш, туку за нешто во што веруваш и се надеваш.
Ми велиш секој ќе биде суден според делата... ТИ НЕ си тој кој што ќе суди. Секој со својата вера вели твојот спасител. Јас верувам дека јас сум легитимниот судија на моите дела и никој друг.
Каде реков дека треба да биде некој од рисјаните под дејство на алкохол? Јас реков дека користите алкохол во своите ритуали бидејќи се плашите од крв. Богот од стариот завет бара крв. Не бидете такви дајте му на бога неговото... крвта!
Зошто богот бара крв Невски? Зошто сега богот бара алкохол? Зошто Јод Хе Шин Вав Хе вели дека крвна жртва не е потребна? Ајде размисли далеку од списите на твоите свети отци.
Не сме овде да напаѓаме нечие верување... туку да пишуваме за кабалата. А тоа што ти се чувствуваш загрозен и ете доаѓаш да ми велиш како твојот Исус е богочовек а јас велам дека е формула и ништо поеќе и дека секој човек е сам за себе Христос, бог и дел од бог. И додека тоа не го разбереш ти си опасен за секој што не е христијанин. Реков јас според рисјаните цел исток со нивните учења за јога и философија треба да гори во пеколот според твоите верувања.
Кабалата е многу постара од христијанството(иако тоа не е битен фактор за нејзината валидност и пракса)... немаше потреба да биде позната за секој во минатото. Тоа што денес секој има пристап до некои делови и пракси е сосема нешто ново. Кабалата во минатото е предавана од уста на уво и немало запишани документи.
Тоа било пракса при проучувањето. И денес не е се познато за кабалистичките методи ниту пак се говори премногу јавно за тоа.
Твоето „мерење пе**иси“ што е постаро и повалидно паѓа во вода и нема врска. Реков јас разбирам дека боли кога ете се појавува нешто преку кое дознаваш дека твоите верувања може да бидат разнишани од нешто(кабалата), што тоа верување те натерало да го замразиш. И потоа зборуваме за перење ум.
Треба да се радуваш што ќе го зголемиш знаењето а со тоа и верата во вистинскиот бог на евреите кој што го следиш и чекаш да те спаси (по втор пат).
П.С. Зошто разговарап нападно и навредливо со некој што нема ист став за твоите верувања? Што со тоа што си нападен, омаловажуваш... што ќе постигнеш со тоа? Ќе ме навредиш? Ќе покажеш како кабалата или моите размисли било каде се потикнати од христијанскиот ѓавол кој што велам дека е измислица за да се плашат мали деца и „големи верници“? Мојата „вера“ нема ѓаволи ниту бесови во свињи.