Фан Клуб: Вардар

Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Инаку за Оса завршува првенството а најверојатно ова беше и последен настап во дресот на Вардар пошо летоска си заминува најверојатно во Бетис
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Инаку за Оса завршува првенството а најверојатно ова беше и последен настап во дресот на Вардар пошо летоска си заминува најверојатно во Бетис
Од каде ова ?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Ооооф забораив на датумот.... :pos: (y)
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.463
Значи ... со сајбер се сложувам само со бројката .. друго никако :icon_mrgr: !

Вака сега ја фатив утакмицава од почеток зошто си дојдов со 5ка боље 5 минути пешки од автобуска до стадион отколку да ја пропуштам пола утакмица. Ова со доцнењата е резил и крајно несериозно.
Јас скоро цел меч го изгледав од неутралнава трибина (освен последните 10 минути) и баш посматрав ... прво полувреме беше далеееку послабо од второ. Највеќе ми се свиѓаше делот кога водеше дечкото со бела маица мислам дека лојал фанс пишуваше од знамињата недогледував не сум најсигурен. Ептен лоша работа е што неможат да се договорат кој да води и глупо е бе да му е*ам мајката на секои 2 минути се друг се качуваше горе како кога ќе играме фудбал у маало и замените влегуваат се мењаат на 2 гола .... башка што работава е како у кафана па ајде желботека кој и да се качеше на ограда почнуваше песна што него му се свиѓа а нема врска дали вардар биднало 1-1 и овој пее со години го чекавме моментот ... кој момент на израмнување бе ? Не е моја работа за да кажувам ама мартинчо некако како да нема авторитет и слабо ми функционира навивањево под негово водство... Во секој случај мора да си ги решат нивните меѓусебни несогласувања зошто не очекуваат квалификации за лига на шампиони а на дечкиве сме им потребни....

Е сега утакмицава ... сајбер рече дека нема пенал , али од мој агол како се виде дека на тој од брегалница идол му е касиљас... со парада ја упеца топката. Баш напротив никаква помош од судијата ни ја сереше играта со постојано сецкање. Ако треба да се бара кривец за лошото второ полувреме дефинитивно тоа е Илчо. Фураше со тројца напаѓачи Фичо, Костовски, Огбона и изгуби секаква контрола на средина на терен по што го примивме голот... После ова Илчо виде дека неиде и го извади Огбона и го стави Андреј Ацевски мислам ... Колку толку се соземаа играчиве и направија неколку шанси во низа . Е сега тука да си кажам не ме интересира зошто Огбона беше изваден не навлегувам можеби е поради спремност/неспремност на играчот тактики такви работи али Костовски потфрла од стартов на пролетниов дел и денеска според мене он требаше да искочи. Гледам го критикувавте Огбона да има килажа и ниеднаш не го кажав по име цела утакмица го викав ѓуле, мечка, ... (др. креативни надимаци) ама јас мислам дека од него може да се извади доста има простор да напредува но само ако дечкото ослабе 7-8 кг. И тој шпринт што го направи што се смееше цел стадион баш докажа дека има карактер дечкото и има желба да си добие договор кој ќе го заслужи, јас му стискам палци да му се трефне Вардар како средина, незнам за вас...! Значи Вардар пак ја зема играта во раце судијата од еднаш почна да ја сецка само кога и одговара на Брегалница а во дуелите кај што го јадеа играчиве на Вардар беше како рекламана за стикчиња ... никако да покаже фаул... Фичо како по обичај не спаси пак и така ја привршивме утакмицава , иако падна уште еден гол ама не го призна судијата.
Ме плаши реакцијата на Оса што почна да криви и падна ( ова се деси по негов старт ). И не си за ниту еден муабет од една страна не ми се свиѓаше утакмицава и играва на Вардар зошто добар дел од играчите одмараа за во Среда во Тетово а од друга страна па еве непредвидена повреда ...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Не реков дека нема пенал, туку дека беше сомнителна ситуацијата :D
Ми личеше како да беше фаулиран, и ако имаше фаул, ондак играта со рака дојде ради фаулот. Ако глумеше, ондак чист пенал :D
Снимките ќе покажат:D

Што знам за навивањето... Во прво полувреме немаше проблеми, супер се навиваше. Во второ се исчисти до пола трибината, па за инат погласно се пееше, иако требаше време да се фати залет :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
Да се надоврзам на коментарите за комити, не ми се коментираше до денеска, али на комити Ново Лисиче стварно им се топ маичките, но нека си ги шетаат на друго место, срамота е да бидат поголеми семкари од семкарите на јужна. Толку....
 
Ф

Флеш

Гостин
Илчо: Вардар не смее да дозволи да игра како на мечот со Брегалница

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6999

TERENOT GO GLEDAM I REAKCIJA MOJA http://www.youtube.com/watch?v=UUJ4ZCfwKgw&feature=youtube_gdata_player
Pa dobro be od Gorce sum,pa sea li zabelezuvam deka livada prava bila o_0
Pa vo koj kurac sum mislel deka e dobar ?!IM SE IZVINUVAM NA SITE STO VIKAV DEKA E DOBAR,BEV VO FUCKIN' ZABLUDA ....PRIZNAVAM DEKA E FUCKIN' DISGRACE LINIJATA I KRUG CENTAROT KO SO DILDO DA GI CRTALE :(
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
На 1:20 Огбона имаше многу добар продор и добар центаршут, после на 1:40 исто така, според мене од ден во ден игра се подобро, се гледа дека има квалитет а Илчо добро знае што прави... А гледам тука имаше многу забелешки за него, но кога го гледав видео материјатлот имам друго мислење, не знам дали се сложувате со мене.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Ги спомнав двата продори покрај забелешките :D
Има потенцијал, ама има и 10 кила вишок...
За платата која ја добива, се очекува многу повеќе од него.
Но не викам дека нема да биде нешто од него во иднина...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
Ги спомнав двата продори покрај забелешките :D
Има потенцијал, ама има и 10 кила вишок...
За платата која ја добива, се очекува многу повеќе од него.
Но не викам дека нема да биде нешто од него во иднина...
Која плата ја добива?

Оваа сезона не треба да се очекува од него ништо, како што кажа, има 10кг вишок, летово треба да пази многу и да ја спушти килажата до летните подготовки.
Се надевам дека во договорот има и ваква клаузула, зашто бесмислено е да купуваш играч со вишок 20кг без притоа да го обврзеш да ја симне килажата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom