Секакви рецепти

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Замрзнато кафе
Потребно е:
  • 400 мл подготвено еспресо кафе
  • 120 мл кондензирано млеко
  • 120 мл ликер од кафе
  • чепкалки за заби
Подготовка: Во голем сад ставете ги кафето, млекото и ликерот. Мешајте со жица за матење додека да се соединат сите состојки. Смесата распоредете ја во силиконски калапи за мраз и ставете ги калапите во замрзнувач 3 до 4 часа. Потоа, извадете ги на кратко, забодете по една чепкалка за заби на секоја коцка и ставете ги повторно во замрзнувач да стојат 8 часа.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Денеска направив паста со туна и излезе супер. 250 грама паста се вари и се додава Туна Рио Маре со сос од домати во неа. Претходно треба туната да се раситни на помали парчиња во чинија.
Ептен е просто јадењево ама е многу вкусно
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Денеска направив паста со туна и излезе супер. 250 грама паста се вари и се додава Туна Рио Маре со сос од домати во неа. Претходно треба туната да се раситни на помали парчиња во чинија.
Ептен е просто јадењево ама е многу вкусно
Ако сакаш лук, за да го подобриш вкусот може на малку маслиново кратко да потпржиш исецкани чешне-две лук и некој зачин (босилек, жалфија, оригано, што си сакаш), кога ќе се потпржи лукот, во тоа да ја додадеш туната на минута, и да додадеш томатело или било кој доматен сос. Тоа ти е pasta alla putanesca ;)
 
A

AnFem

Гостин
Ако сакаш лук, за да го подобриш вкусот може на малку маслиново кратко да потпржиш исецкани чешне-две лук и некој зачин (босилек, жалфија, оригано, што си сакаш), кога ќе се потпржи лукот, во тоа да ја додадеш туната на минута, и да додадеш томатело или било кој доматен сос. Тоа ти е pasta alla putanesca ;)
Јас имам ставено кромид наместо лук, исто е добро
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Јас имам ставено кромид наместо лук, исто е добро
Со кромид мене ми е малце потешко. Не дека и со лукот е лајт, ама луков некако полесно ми проаѓа низ желудник :) Различен е вкусот, кој на што е навикнат.
 
A

AnFem

Гостин
Ај да ја освежиме темава. Еве мое дело, рецептот од прилика ќе го пишам, го правев пред некој месец и заборавив точно како беше. Од прилика одеше овака:

Динстана главица кромид, се додава спанаќ, се динста кратко, се додава ориз, се динста некое време. Сол по желба. Се ренда сирење, се меша. Во подмачкан плех го ставаме оризот, додаваме вода и печеме на... што знам... 180 степени. Еве како изгледаше:

SAM_0738.JPG

Ај уште...

Варени компири, исечени, ставени во подмачкан плех, печурки, павлака и доматно пире, се меша, се зачинува по желба и се пече. Кога ќе почне да добива боја, се става рендан кашкавал и се пече уште малку.

SAM_0744.JPG



Имам уште нешто, ако не ме мрзи утре, ќе го споделам.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Цигански шницли



кашкавал- 200 гр

салама- 100 гр

јајца-2

брашно за панирање




ПРИГОТВУВАЊЕ:

Кашкавлот исечен на парчиња ,се става едно парче од него па салама па пак кашкавал. Се панира во брашно, па во јајце изматено , пак во брашно и во јајце. Се пржи во врел зејтин
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.363
Може да ми каже некој како се прават лазањи
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Може да ми каже некој како се прават лазањи
1 главица кромид ситно ја сецкаш,додаваш
2 моркова рендани и
600 гр.мелено месо.Сето ова се пропржува ,потоа сипуваш
1 л.томатело(во тетра пак),додаваш
сол
бибер мелен,црн
оригано 2-3 м.лаж.
босилок 2-3 м.лаж
Сето ова да крчка на тивко околу 30 мин,а во меѓувреме го правиш бешамелот.

За бешамел:
100гр.путер
4 супени лаж.брашно
1 л.млеко(Го пропржуваш брашното на путер ,па додаваш 1 л.млеко)

Кога се ова ќе ти биде готово ставаш 2 кутлачи од бешамелот во земјена тава па потоа редиш од корите -неварени,така од кутија само извадени-па 1 црпалка пак бешамел,па од меленото месо 1-2 црпалки.Се ова до крај се реди,кори ,бешамел,месото.
Најгоре ќе си ставиш рендан кашкавал.
Тавата ќе ја ставиш во загреана рерна на 220-230 Ц.да се пече околу 40 мин.
За да провериш дали е готово ,со долг нож,боцни во лазањата,ако ножот слободно влегува,нема од томателото неизвриено,значи дека се готови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
РИБЉА ЧОРБА:
2-3 парчиња ослич се варат со веѓета ,а настрана се варат:3 домати ,1-2 главици кромид ,3 компири ,откако убаво ќе се сварат се блендираат .Понатаму осличот откако ќе се свари се чисти од коските,а водата во кои се вареше се цеди со цедалка и повторно се враќа исчистената риба во истата вода во која предходно се варела,потоа се додаваат изблендираните домати,компири и кромид се меша се заедно се зачинува со црн пипер и сол по вкуси се вари уште 10 мин и се служи..преубава е!
 
К

Кики.

Гостин
Не знам дали е за тука, ама морав да го споделам пијалоков, многу е освежителен и здрав.
1 шолја свежи јагоди
1/4 шолја вода
4 коцки мраз
1 кафена лажичка мед
Во блендер прво се ставаат јагодите и водата, после се става медот и на крај коцките мраз. Се почнува од најмалата брзина, па се до најголемата и кога состојките ќе се соединат, работите уште 30 секунди со најголемата брзина. После тоа можете да уживате во пијалокот. :)
non-dairy-strawberry-smoothie-recipe.jpg
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Крем Бруле



Гурман™ | 18 септември, 2011 | 0 коментари
(2 гласа, просек: 5,00 од 5)

Овој викенд решивме да ве изненадиме со еден десерт на кој му се поклонува целиот свет. Крем Бруле е нешто навистина посебно. Нешто што не може да се спореди со другите десерти. Гурман™, тоа вкусно задоволство го носи во вашите домови.
СОСТОЈКИ (за 5 лица)
• 6 жолчки од јајца​
• 75 гр бел шеќер​
• 3 мл екстракт од ванила​
• 600 мл слатка павлака​
• 25 гр кафен шеќер​
ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.​
Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.​
Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).​
Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.​
Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.​
Nisto posebno druze,..toj desert ti e samo pain in the ass...tolku mnogu rabota okolu nego a na kraj ko vanilin puding slicno.
Rabotam na brod skoro 10 godini i toa vo restoran....ne gledam deka go naracuvaat mnogu mnogu.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Nisto posebno druze,..toj desert ti e samo pain in the ass...tolku mnogu rabota okolu nego a na kraj ko vanilin puding slicno.
Rabotam na brod skoro 10 godini i toa vo restoran....ne gledam deka go naracuvaat mnogu mnogu.
Пиша на темава за да се пофалиш дека работиш на брод или сеуште не знаеш дека за вкусови не се разговара. Тоа шо тебе ти е грдо, на некој му е омилено јадење. Не е темата шо нарачуваат луѓето на брод, туку секакви рецепти. Некој некогаш ќе има потреба од рецепт за крем бруле :pipi:
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Пиша на темава за да се пофалиш дека работиш на брод или сеуште не знаеш дека за вкусови не се разговара. Тоа шо тебе ти е грдо, на некој му е омилено јадење. Не е темата шо нарачуваат луѓето на брод, туку секакви рецепти. Некој некогаш ќе има потреба од рецепт за крем бруле :pipi:
Ako mi e za falenje,imam 100 drugi mnogu podobri raboti za koi bi se pofalil,brodot bi mu dosol na posledno mesto,zatoa sto samo grbot mi znae kako e da se raboti za na brod..
Toa sto jas go napisav e zatoa sto na sekoi 7 dena doagam u kontakt so priblizno 3000 gosti i znam sto mislat za toj recept,,,a koj saka da go pravi neka go pravi jas ne mu se mesam tuku kazuvam sto luge od cel svet sto doagaat da krstarat mislat za toj desert.
 
П

Пепси_

Гостин
Габон торта

Фил:1 и 1/2 путер (тоа е 375 грама путер) со 250 грама шеќер во прав се мате. Се додават 15 жолчки едно по едно . Се додава 300 грама растопено чоколадо.
Тесто:15 белки со 15 лажички шеќер, се додава ванилин шеќер (едно), 200 грама мелени ораи, 3 лажици брашно и 4 лажици од филот.
Тестото се пече на 180степени.
*Првен да се направе филот, после тестото.Тестото се дели на три (се пече во голем плех) и се филува.
p.s. многу е перверзна тортата :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom