Таква партија на Ноу Камп може еднаш во три години да пружите
А и разликата меѓу прв дуел во група каде што останатите два противника се рахитис сакатериус и реванш дуел од четврт финале е голема.
Можеби мојата прогноза ви звучи навредливо, али сепак тоа си е мој тип кој не мора да значи дека ќе се оствари. Ме разочара Милан, очекував да изигра похрабро. Сметам дека во моментов се можеби и трета екипа во Европа, по Реал и Барса, а они се поставија како најобична екипа од вториот дел на табелата во Шпанија.
Баш дека ви отсуствуваа одбранбени играчи, требаше да се преориентирате на нападот.
Против Јуве увек се вадевте, не играл Ибра, не играл Боатенг, епа што дека играа со Барса?
Не сум фан на Барса, ама мерак ми е да ги гледам како играат. Сум седнал на да гледал утакмица, и одма гледаш демотивирачки фудбал од едната страна, божем разликата во квалиетот е незнам колку голема.
Ќе отпадне Милан, дека одбра лоша тактика. Самите се потценувате себеси. Зар треба да се постативте исто ( и тоа на домашен терен) како што вас ви игра на пример Новара во Милано?
Целта ги оправдува средствата, влогот е голем, ама мислам дека Алегри одбрал погрешна тактика.
Може сака да го ископира Мурињо во довмечот Барса-Интер, ама Мурињо патуваше со +2 на реваншот во Барселона, а не со 0-0...
Според мене чиста среќа што не изгуби Милан... Барса на Ноу Камп ќе биде уште поразлична екипа, а искрено и не се сеќавам кога последен пат изгубиле тука...
Кога Милан игра со 11 во одбрана на свој терен, ондак стварно незнам што да очекувам од Алегри на Ноу Камп.
И гледам фалби, Меси бил пикнат во џеб, Барса немала акции. Незнам дали сме гледале исти меч искрено
Мене ми изгледаше дека може да дадат гол во секој момент во првиот дел. После малку падна темпото, ама повторно само они беа ориентирани да играат фудбал.