UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
552801_358921290813680_117502064955605_1007851_1382795739_n.jpg
Баш сакам да се појави маж што ќе ме убедува пак дека поинтересно било кога "маливе" тимови играат на највисоко ниво во подоцнежните фази од ЛШ и како тоа на некој му беше интересна оваа утакмица.
Барем мене од неутрален аспект ми беше мувла. Повеќе се возбудив денес кога влегов во пуна 5ка и претркав една баба за да фатам празно место.
И на Бернабе нема да биде многу различно, може таму ќе паднат некои 4-5 комада ама пак нема да има никаква неизвесност се знае што ќе следи.
И пак ќе кажам не им одземам ништо на овие тимови, секоја чест што дотуркале до тука.
 
Поентата на постот му беше дека екипа што игра у 1/4 финале на домашен терен има 30% посед на топка и нема НИТУ ЕДЕН ШУТ НА ГОЛ! Што ви е проблемот, што се праете со сила интересни (а уствари не сте ни малку). Само да се серело...
it was a joke son come on
хуморот ќе испари од форумот (n)
 
Само едно : KTBFFH - и ако на некого му е криво што Челзи си тепа жал ми е :D
 
ваау сте имале посед вие, мора да сте јаки :)

Глорихантер не е финта за поседот туку што екипа во 1/4 финале нема шут на гол на домашен терен.
 
Глорихантер не е финта за поседот туку што екипа во 1/4 финале нема шут на гол на домашен терен.
читај дека се зезав ебате, и ова глорихантер за мене беше наменето ?
 
Ќе те цитирам само тебе, не може на секаков копук да му се објасни и истиот да сфати дека фудбал не е само трчање и гмечење на топкта од нога до нога.
.

господине паметен..кога се дрзнуваш да навредуваш без никаква основа тогаш продолжи до крај бидејќи ти не си единствениот што се разбира тука од фудбал и знае за се околу него..првичната цел на Челзи во овој натпревар според составот кој го извади знаеме која беше и според поставеноста се познаваше дека одат на нерешено и да не загубат и евентуално ако се укажи шанса да постигнат гол(што и беше случај)..Бенфика јас ја фалев како екипа бидејќи скоро цела сезона ги пратам како играат и можи да се напише само пофални зборови за нив но тоа што формата му опадна баш во овај месец и пол тоа е вина на Хесус нивниот менаџер ..некни против Олахоненсе неможеа да победат..муабетот ми беше дека Челзи денес се извлече со лошите судиски одлуки на Таљавенто и неискуството на одредени поединци во составот на Бенфика а тоа дека се подобра екипа можиш само на прва година средно што се да му објаснуваш..друг пат кога ќе реплицираш внимавај како ќе се обратиш бидејќи те имам заприметено кога некој ти реплицира ти веднаш вреѓаш на најразличен начин..
 
Да се надополнам на то претходно шо пишав, тренерот на Бенфика очигледно беше крајно очаен од некои нивни причини шо проба да билда мотивација на тоа дека Дрогба наводно ги потценувал со ироничното тресење при жрепката кое ако добро се види видеото, се гледа дека истото се однесува за тоа дека Барселона е евентуален противник во евентуално полуфинале (што и го потврди Давид Луиз во изјава); Ди Матео излезе голем, шо би се рекло по странски, тролфејс и не го ни приближи Дрогба до влегување на терен.
Ова собрано со фактот дека Челзи го истера своето вечерва, јасно кажува дека Челзи апсолутно заслужено однесе победа од Лисабон.
Како Бенфика можи да заслужила нешто вечерва ако имале некои замисли кои не биле способни да ги реализираат?:facepalm:
 
читај дека се зезав ебате, и ова глорихантер за мене беше наменето ?
Поради поседот мислев дека си фан на барса па така нагалено ги викам фановите глорихантери :icon_lol:
 
господине паметен..кога се дрзнуваш да навредуваш без никаква основа тогаш продолжи до крај бидејќи ти не си единствениот што се разбира тука од фудбал и знае за се околу него..првичната цел на Челзи во овој натпревар според составот кој го извади знаеме која беше и според поставеноста се познаваше дека одат на нерешено и да не загубат и евентуално ако се укажи шанса да постигнат гол(што и беше случај)..Бенфика јас ја фалев како екипа бидејќи скоро цела сезона ги пратам како играат и можи да се напише само пофални зборови за нив но тоа што формата му опадна баш во овај месец и пол тоа е вина на Хесус нивниот менаџер ..некни против Олахоненсе неможеа да победат..муабетот ми беше дека Челзи денес се извлече со лошите судиски одлуки на Таљавенто и неискуството на одредени поединци во составот на Бенфика а тоа дека се подобра екипа можиш само на прва година средно што се да му објаснуваш..друг пат кога ќе реплицираш внимавај како ќе се обратиш бидејќи те имам заприметено кога некој ти реплицира ти веднаш вреѓаш на најразличен начин..
Кого навредив? Ако некој не можи да сфати дека фудбалот има многу страни и не е само трчање и пимплање на топката, тоа е негов проблем и тој за мене е копук.

Челзи извади ваков состав од причини кои што ги опишав во претходниот пост, кој ти си го скратил, дочитај го, па после можиш да коментираш за ова. Мене, со должно извинување за изразов, ме заболе кој бил виновен шо таа некаква форма на Бенфика паднала баш овај месец, на овој натпревар Бенфика или не знаеше шо сака или пак знаеше, ама не беа способни да го спроведат истото - или сума сумарум, не постигнаа никаква цел.

Таљавенто имаше еден тон сомнителни фаули досудено за двете страни, тоа шо отскукнува на штета на Бенфика е недосуден пенал по раката на Тери. Јебига, Челзи преживеа и фантомски гол од Ливерпул, и судиски масакар на домашен терен против Барселона. И?
Ништо од тоа не го менува фактот дека на споменатите дуели Челзи не постигна тоа шо сакаше и не заслужи ништо од тие дуели со Ливерпул и Барселона, исто како шо и вечерва Бенфика не заслужи ништо од дулеов против Челзи.

Мене никој не ми реплицираше, ни пак јас реплицирав на некого со навреда. За крај, прочитај го пак првиот мој параграф од овој пост.
 
...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...


:facepalm:
 
Оти толку искомплексирани луѓе има бе?
Дај олабавете малку :)
 
...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...

...апсолутно заслужено...


:facepalm:

Лајк дека си се помачил ! :))))))))))
 
Бенфика не заслужи да изгуби.Имаа супер шанси како онаа кога Луиз ја извади од гол линија и таа Чех што ја фати по ударот со глава но и не им беше досуден чист пенал.Многу изгледни шанси немаа но заради пожртвуваноста и далеку подобрата партија од Челзи во најмала рака заслужија нерешено.Англичаниве имаа шанса преку Мата и голот на Калу но во ваквите натпревари не секогаш победува подобриот.Вечерва среќата беше на нивна страна и веќе со едната нога се во 1/2финале.
Реал очекувано без проблеми си го обезбеди 1/2фианлето уште на првата утакмица.Колку и да се трудат фудбалерите на Апоел џабе им е зошто Реал е преголем залак за нив.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom